fbpx
Таг: ковид -19

таг: ковид -19

Проф. д-р Драган Даниловски: Ниедна инхалација не спасува од корона вирусот

Деновиве јавноста имаше можност да слушне излагања на врвни доктори кои не се епидемиолози или инфектолози, а кои им препорачуваа на граѓаните меѓудругото, како превентива од вирусот ковид-19, да се инхалираат со било што, па и со алкохолни пијалоци зашто така се намалувала можноста за развој на вирусот во белите дробови. По ваквите советувања наменети за граѓаните, „Мета.мк“ побара одговори...

Со Jутјуб и д-р Фаучи против корона вирусот (видео)

Доктор Ентони Фаучи е човекот кој во последните неколку недели може да се забележи до претседателот на САД на секоја пред конференција. Тој е директор на Националниот Институт за Алергии и Заразни Болести на САД и ја извршува оваа позиција од 1984тата година, од времето на Роналд Реган. Во време на пандемија, тој важи за еден од докторите во светот...

Филипче: Добро е што бројот на заразени расте линеарно, спремни сме да прифатиме и повеќе

Добро е што засега имаме линеарно зголемување на случаите, иако сме подготвени да прифатиме и да третираме пациенти дури и да има поголем пораст. Целосно се мобилизирани здравствените работници и подготвени се капацитетите. Имаме и излекувани пациенти, така што сме во ситуација да се амортизира приемот, истакна на прес-конференција министерот за здравство Венко Филипче. Во врска со наводите за заболениот...

Феноменот „инфодемија“, уште еден ризик покрај пандемијата на корона вирус

Дезинформациите пред сè предизвикаа паника кај граѓаните и, како резултат на склоноста на граѓаните да ги шират сите информации што ги читаат, непроверени и често пати лажни, тие стигнаа до голем дел од јавноста. Феноменот на „инфодемија“ брзо се распространува во последните неколку недели. Бројни и разни дезинформации се дистрибуираат уште од моментот кога почна известувањето за корона вирусот или...

Грета Тунберг се сомнева дека заболела од Ковид-19

Активистката за климатски промени Грета Тунберг вели дека е екстремно веројатно да го имала корона вирусот, но скоро и да не забележала значајни симптоми, што според неа, е многу опасно бидејќи младите без да знаат можат да го пренесат вирусот. -Екстремно е веројатно дека го имав корона вирусот, но не почувствував силни симптоми, напиша Грета на социјалните мрежи Фејсбук и...

Бројката на заболени се зголеми на 136, во Скопје 81 лице со корона вирус

Министерството за здравство информира дека во изминатите 24 часа се регистрирани 22 нови случаи на коронавирус во земјата. Со ова, вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со КОВИД-19 денеска до 12.00 часот, изнесува 136, од кои една пациентка е излекувана, а двајца се починати. Новите 22 заболени лица се од Скопје (15), Дебар (4), Куманово (2) и Охрид (1). „Според местото на...

СЗО до младите: Не сте непобедливи, Ковид-19 може да ве смести во болница, дури и да ве убие (видео)

И младите, исто така, можат да заболат па дури и да умрат од корона вирусот и затоа мора да избегнуваат мешање во групи и проширување на заразата на повозрасни и поранливи лица, објави Светската здравствена организација (СЗО). - Денеска имам порака за младите луѓе: не сте непобедливи. Овој вирус може да ве смести во болница со недели, дури и да...

Скопје е новото жариште на Ковид -19 во Македонија

До 21 часот денеска се регистрирани уште 6 лица позитивни на корона вирусот, информираше вечерва министерот за здравство Венко Филипче преку социјалните мрежи. Бројката на регистрирани заболени во Македонија сега е 76, со тоа што денеска беа регистрирани рекорден број на случаи од почетокот на заразата во земјава, вкупно 28. Со тоа бројот на регистрирани заболени во Скопје (40) го...

Пациентката од Дебар е во критична состојба, досега регистрирани вкупно 70 заболени

Светската здравствена организација посочи на брзото ширење на Ковид-19 во светот. Бројот на заболени за 12 денови е зголемен за 100.000 луѓе, а вкупната бројка е 250.000. Три месеци требаше да се достигне бројот од 100.000, а само 12 за дополнителни 100.000. Овие работи ги дискутиравме на состанок на Комисија за заразни болести и затоа ќе се обединат лабораториите...

Ги злоупотребуваат ли државите итните мерки за Ковид-19 потиснувајќи ги човековите права?

Повеќе од 200 илјади луѓе во цел свет се заразени од корона вирусот Ковид-19. Владите на повеќе од 120 држави во светот воведуваат драстични мерки за спречување на ширењето на вирусот. Рестриктивните мерки почнаа од затворање на надворешните граници се до ограничено движење на граѓаните. Организацијата на Обединетите Нации, побара од државите да не ги потиснуваат човековите права оправдувајќи се...

Димитров на видео-конференцијата со Рот побара ЕУ-помош

Првично планирана како реална посета на германскиот Државен министер за Европа, Михаел Рот на земјава на 17 март, денеска се одржа видео-конференција на Рот со македонскиот министер за надворешни работи Никола Димитров, на која покрај евроинтеграциите, се дискутираше и за состојбата со ширењето на КОВИД-19. Шефот на македонската дипломатија упати повик до ЕУ да даде поддршка за ублажување на...

Османи: ЕУ постигна консензус, сигурно добиваме датум за преговори

Сакам да ве информирам за исклучиво, позитивна вест, која вчера доцна вечерта дојде од Брисел, по полноќ, Советот на постојаните претставници (Coreper), во кој членуваат амбасадорите на сите земји-членки на ЕУ, според информациите што ги добивме од таму, постигнаа консензус за одлука за преговори со Република Северна Македонија, безусловна и со безусловно барање за првата меѓувладина конференција по потврдување...

Во Бугарија трета жртва, во Банско двајца Македонци се заразиле со Ковид-19

Бугарија ја регистрираше третата жртва на новиот корона вирус, Ковид-19, вкупниот број случаи се искачи на 94, од кои двајца македонски државјани, кои се заразиле во Банско, а биле дијагностицирани во Македонија, соопшти утрово генерал Венцислав Мутафчиски, началникот на бугарскиот Национален кризен штаб за борба со корона вирусот. Банско во моментов е во целосна блокада, и не се дозволува ниту...

Димитров повика граѓаните затекнати во странство да се пријавуваат по е-маил

Министерот за надворешни работи, Никола Димитров, ги повика македонските граѓани затекнати во странство поради ситуацијата со корона вирусот, задолжително да се пријавуваат во дипломатско-конзуларните претставништва (ДКП) за да може да се следи ситуацијата и да се преземаат мерки да им се помогне. „Почитувани македонски граѓани кои во моментов сте во странство, посебно вие кои немате регулиран престој и поради вонредно...

Хелсиншки комитет: Да се имаат предвид човековите права кога се применуваат  мерки за групна изолација

Хелсиншкиот комитет за човекови права изразува загриженост во однос на сместувачките услови за групната изолација за лицата сместени во Центарот за обука во Пепелиште – Криволак. Имено, во медиумите беше објавено сведоштво на лицата сместени во Центарот за обука во Пепелиште-Криволак, каде што евидентни се лошите хигиенски услови и недостатокот на соодветни легла. Во текот на денешниот ден, Министерството...

Д-р Арбен Аголи: Позитивни сме, а немавме никакви симптоми освен благата малаксаност на мојот колега

Кога забележав дека мојот колега доктор, со кого работиме заедно во педијатриската ординација, чувствува малаксаност, побарав и инсистирав да направиме сите вработени тест за корона вирус. Тестовите се позитивни - вели за „Мета.мк“ д-р Арбен Аголи од Дебар, кој на својот фејсбук профил информира дека тој и неговите соработници се позитивни на корона вирусот. Го прашавме како се чувствува...

Авион од Брисел со македонски државјани слетал во Скопје, сите со симптоми одат веднаш на тестирање

Патниците во авионот кој слетал во Скопје од Брисел, а кои имаат симптоми на грип ќе бидат однесени на Клиниката за инфективни болести да бидат тестирани ковид-19, додека другите ќе чекаат на аеродромот додека не стасаат резултатите, информира вечерва на прес-конференција министерот за здравство, Венко Филипче. - На аеродромот во Скопје слета авион од Брисел со наши државјани. Тие што...

Кочани доби мурал со гас маска во време на корона и аерозагадување

Во време на подзаборавеното аерозагадување, а сè позасилениот страв од корона вирусот Ковид-19, потпорниот ѕид кај тн. „Атомски згради“ на булеварот „Тодосија Паунов“ во Кочани, доби мурал со гас маска. Муралот е уметничка креација на Орхан Ќамилов, Иван Шапков, Давид Јосифов и други. – Овој ѕид претходно беше наменет исклучиво за изборни плакати. Сѐ уште постојат траги што сведочат за...

Вонредната состојба во Србија под нивото на мерките во Македонија

Има голема разлика помеѓу мерките што се преземаат во Србија во обид да се сузбие ширењето на новиот корона вирус COVID-19 и мерките што ги презема Северна Македонија, пишува „360 степени“. Во Белград, на пример, по воведувањето вонредна состојба, кафе-баровите и рестораните не се затвораат, туку ќе работат од 8 до 20 часот. На граѓаните на Србија никој не може...

Медиумите не треба да пренесуваат митови за корона вирусот од социјалните мрежи

Неодговорното пренесување разни неточни текстови и информации во ситуација на сеприсутен страв на јавноста поради ширењето на новиот корона-вирус COVID-19 не би требало да се случува во медиумите. Но, за жал, се протнуваат и објави како оваа. Во неа се изнесени „совети“ од неименуван италијански лекар (не знаеме дали навистина станува збор за лекар), кои кружеа по социјалните мрежи...

Не бев во бегство, тврди Палевски, откако му беше одреден притвор од 30 дена

„Не сум бил во бество и не смеам да зборувам поради истрагата“, изјави пред новинарите првоосомничениот за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, Љупчо Палевски Палчо кога со...