fbpx

Филипче: Добро е што бројот на заразени расте линеарно, спремни сме да прифатиме и повеќе

-

Добро е што засега имаме линеарно зголемување на случаите, иако сме подготвени да прифатиме и да третираме пациенти дури и да има поголем пораст. Целосно се мобилизирани здравствените работници и подготвени се капацитетите. Имаме и излекувани пациенти, така што сме во ситуација да се амортизира приемот, истакна на прес-конференција министерот за здравство Венко Филипче.

Во врска со наводите за заболениот вработен на Клиниката за кардиологија, за заразените на Клиниката за кожни болести, здравствените лица во Кавадарци, во Заводот за рехабилитација, Филипче рече дека болниците не се расадник на заразата.

– Медицинскиот персонал не во сите случаи бил заболен од директен контакт со пациенти, некои од нив не ни знаеле дека може да се заразени. До вчера имавме вкупно 17 заболени здравствени работници. Голем дел од нив не биле свесни дека биле во контакт со заболен. Од луѓето кои работат на Клиниката за инфективни болести, досега нема ниеден суспектен на болеста. Во таа смисла, не сметам дека тоа се должи на непочитување протоколи, тоа не е така. На Клиниката за кардиологија инаку е испочитувана организацијата и таму се работи по групи – рче Филипче, потсетувајќи дека ако се утврди дека вработениот свесно одел на работа со симптоми, тоа ќе биде санкционирано.

Министерот кажа дека сите мерки кои се донесени досега се насочени на социјалната дистанца. Тој појасни дека може да се зборува за пристапи во тестирањето, во терапијата и слично, но социјалната дистанца е клучното нешто што мора да се почитува.

Досега во државата се направени вкупно 1.800 тестови. Добро е што според Филипче, од оваа болест на светско ниво има многу излечени пациенти.

– Втората одлична работа е што имаме многу голем број на пациенти што се на домашно лекување. Има мал процент и во светски рамки пациенти на кои им е потребна респираторна поддршка. Каков ќе биде исходот, зависи од болести претходни или хронични, но тоа не секогаш е правилно. Затоа, на сите пациенти им се пристапува многу сериозно. Се надевам дека нема да има пациенти со крива на пораст која ќе биде многу остра – смирува министерот.

Појасни дека постојат два типа на тестови. Едниот детектира присуство на вирусот и тоа е знак дека е човекот носител и може да ја пренесе болеста. По земениот брис, резултатите се готови за три до четири часа. Вториот тип на тест е т.н. брз тест и детектира антитела, односно покажува дали некој бил веќе во контакт со заболен без да знае можеби, во некоја сосема лесна форма. Тој тест може за кусо време да покаже присуство на антитела.

Досега во земјава се регистрирани вкупно 219 случаи на заразени од корона вирусот, од кои тројца поичинаа, а тројца се излекувани.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Посебен сообраќаен режим в недела заради атлетска трка на Средно Водно

Во недела, со почеток во 9 часот, поради атлетска трка на 10 километри, со траса на движење од долниот паркинг на Средно Водно по регионалниот пат (Р2138) до паркингот...