fbpx

Скопје е новото жариште на Ковид -19 во Македонија

-

До 21 часот денеска се регистрирани уште 6 лица позитивни на корона вирусот, информираше вечерва министерот за здравство Венко Филипче преку социјалните мрежи. Бројката на регистрирани заболени во Македонија сега е 76, со тоа што денеска беа регистрирани рекорден број на случаи од почетокот на заразата во земјава, вкупно 28.

Со тоа бројот на регистрирани заболени во Скопје (40) го надмина бројот на регистрирани заболени во Дебар (30), каде е прогласена кризна состојба. По два случаи се регистрирани во Штип и Кавадарци и по еден во Гостивар и во Охрид. Дополнително, 3.787 лица се во самоизолација, а 349 под надзор на Министерството за внатрешни работи.

– Во текот на денов, потврдени се и 2 сопружници од Кавадарци – позитивни на вирусот, а во процес на тестирање е уште 1 лице од Кавадарци кое нема поврзаност со другите два случаи, напиша Филипче додавајќи дека се регистрирани заболени од Скопје, Дебар, Гостивар, Охрид, Штип и Кавадарци.

Владата неодамна прогласи вонредна состоба на територијата на целата држава, а лидерите на сите политички партии се сложија дека закажаните предвремени парламентарни избори за 12 април треба да се одложат.

Корона вирусот се појави во текот на декември минатата година во градот Вухан во Кина. Во оваа земја до сега се заразени повеќе од 81.250 лица, а починаа вкупно 3.253. Во Европа жариштето на вирусот е во Италија, каде до сега се регистрирани над 47.021 заболени лица, а починаа 4.032. Покрај Италија, голем број на заболени од болеста Ковид – 19 која ја предизвикува новиот корона вирус, се регистрирани и во Шпанија (20.410) и Германија (19.848).

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...