fbpx

Во Бугарија трета жртва, во Банско двајца Македонци се заразиле со Ковид-19

-

Бугарија ја регистрираше третата жртва на новиот корона вирус, Ковид-19, вкупниот број случаи се искачи на 94, од кои двајца македонски државјани, кои се заразиле во Банско, а биле дијагностицирани во Македонија, соопшти утрово генерал Венцислав Мутафчиски, началникот на бугарскиот Национален кризен штаб за борба со корона вирусот.

Банско во моментов е во целосна блокада, и не се дозволува ниту влез, ниту излез. Вирусот во овој зимски центар беше донесен од еден Англичанец.

Починатата, трета жртва во Бугарија, била на 89-годишна возраст.

Во последново деноноќие биле направени 332 испитувања за Ковид-19, од кои 13 биле позитивни, а заразата навлезе и во градовите Бургас, Велико Трново, Смолјан и Перник. Случајот во Бургас бил донесен од Банско – жена што работела како готвачка пред една седмица се вратила дома пред една седмица и контактирала со 25 лица.

Состојбата со заразените со корона вирусот во Бугарија варира од никакви симптоми до интубирани пациенти, што се приклучени на респиратори. Има пациенти хоспитализирани во неколку града, а поголемиот број од оние што лежат во софиските болници се со двострана бронхопневмонија, но без посериозни проблеми со дишењето.

Во светот бројката на заразени се искачи на 220.000, од кои нови се 15.000. Вухан, кинескиот град каде што избувна епидемијата, во изминатово деноноќие првпат од почетокот на епидемијата, не регистрираше нов случај на Ковид-19, но затоа имаше 9 смртни случаи. Во цела Кина се регистрирани 34 нови случаи во изминатово деноноќие, а сите тие биле дојдени од странство.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...