fbpx
Таг: смртен случај

таг: смртен случај

Погребано детето кое почина откако беше искасано од кучето на соседот, истрагата е во тек

Тече постапката пред надлежните институции за смртта на осумгодишното дете од скопската населба Пинтија, кое беше искасано од соседско куче од расата „булмастиф“. Денеска беше извршен погребот на момчето, а две од вкупно три кучиња вчера беа одземени од сопственикот. Станува збор за женка од 12 години од расата англиски булмастиф и мажјак, стар две години, од истата раса. Нападот, според...

Одземени две „булмастиф“ кучиња откако вчера до смрт беше изгризано 8-годишно момче

Дванаесетгодишен англиски булмастиф усмрти осумгодишно дете во скопската населба Пинтија во Кисела Вода откако детето влегло во дворот на соседите прескокнувајќи ја оградата, потврдија за Мета.мк два независни извора, по вчерашниот стравотен настан. Детето, поради нанесените повреди, починало на пат кон болницата. Според досегашните информации, во моментот во дворот имало три кучиња, сите од истата раса, а детето го нападнало...

Лекарската комисија не најде пропусти во третманот на шестгодишната Јана која почина во битолската болница

Комисијата за стручен надзор, составена од детски ендокринолог, пулмолог, кардиолог, хематоонколог и анестезиолог утврдила дека се преземени соодветни чекори во однос на анализи, третман и опсервација на шестгодишната Јана Христовска, која на 22 март почина во битолската болница. „Комисијата за стручен надзор за случајот со лекувањето на 6-годишната пациентка Ј.Х. во Клиничка болница Битола, констатираше дека според анамнезата, клиничкиот преглед...

Јовески: Обвинителството сослушува сведоци за смртта на Јана, се чека наодот од обдукцијата

Битолското обвинителство обезбедува докази за случајот со смртта на шестгодишната Јана Христова, која минатата среда почина во битолската болница, откако била однесена со симптоми кои, според родителите, наликувале на настинка. Републичкиот јавен обвинител Љубомир Јовески денеска изјави дека обвининителството сè уште не ги добило наодите од обдукцијата. „Јавниот обвинител од надлежното јавно обвинителство Битола ги презема неопходните мерки и обезбедува...

Битолчани на протест за смртта на Јана: „Немаме солзи да ви ги исплачиме гревовите“

Под мотото „Правда за Јана“, „Сите сме Јана“ на плоштадот „Магнолија“ во Битола се одржа протест за смртта на шестгодишното девојче кое минатата среда почина на детското одделение во битолската болница. Истовремено, и пред Министерството за здравство во Скопје се собраа граѓани да изразат поддршка на семејството на Јана Христова, да го поддржат протестот на битолчани и да упатат апел...

Утре протест во Битола по смртта на шестгодишната Јана

Утре на плоштадот „Магнолија“ во Битола ќе се одржи мирен протест „Правда за Јана“, за да им се даде поддршка на родителите на шестгодишното девојче кое минатата недела почина во битолската болница. Според она што родителите на Јана го изјавија за дел од медиумите, девојчето имало симптоми на настинка и претходно немало никакви здравствени проблеми. Тие тврдат дека нивната...

ДЗСИ не утврдил пропусти од негова надлежност за смртта на шестгодишната Јана

Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДЗСИ) не констатирал недостатоци во негова надлежност за третманот на шестгодишната Јана Христовска од село Кравари, Битола, која во средата почина во клиничката болница „Д-р Трифун Пановски“. Според соопштението на ДСЗИ, девојчето починало од срцев застој, а во извештајот хронолошки е наведено што се случувало завчера, кога девојчето било примено на одделот за педијатрија. Здравствените...

Здравствени инспектори во битолската болница ги утврдуваат причините за смртта на шестгодишното девојче

Инспектори од Државниот санитарен и здравствен инспекторат и јавен обвинител се во болницата во Битола, откако вчера во болницата почина шестгодишното девојче Јана. Како што информираа надлежните власти, директорот на болницата Александар Обедниковски доаѓа во Скопје и ќе се состане со министерот за здравство, Фатмир Меџити и со неговата заменичка Маја Манолева. „Веќе е започнат вонреден надзор за тоа што...

Вистиномер: Со руско видео се дезинформира дека ученик починал по примена Спутник вакцина

На почетокот на декември 2021 година, во училиште во московскиот регион, 17 годишен студент починал на час. За смртта има две причини кои циркулираат во руските медиуми, но ниедна не е вакцината против ковид-19. Во извештаите од руските медиуми не се ни споменува дали момчето било вакцинирано или не. Едната причина на која работат форензичарите е срцев удар, а...

Вистиномер: Фотографија од жена која починала, се злоупотребува за да се оцрни вакцинацијата

Не е познато од што настапила смртта на жената, а самиот факт што таа објавила фотографија на својот Фејсбук профил од редица луѓе кои чекаат за вакцинација на пунктот во салата Борис Трајковски, не е показател дека  починала од вакцина. Но, наспроти тоа што нема докази дека смртта настапила како резултат на вакцина, овој манипулативен пост со паушални тврдења...

Пред Денот на трудот почина работник на извршување задача во Пехчево

Работник во фирма од Пехчево вчера бил повреден при работа во шума, при што паднал и починал на лице место. Станува збор за 65-годишен пехчевец, за кого во полицијата било пријавено дека починал при работа. Полицијата соопшти дека вчера (среда,29.04.2020) во 10.50 часот во Полициската станица - Берово било пријавено дека, С.В.(65) од Пехчево вработен во фирма, бил повреден при...

Во Бугарија трета жртва, во Банско двајца Македонци се заразиле со Ковид-19

Бугарија ја регистрираше третата жртва на новиот корона вирус, Ковид-19, вкупниот број случаи се искачи на 94, од кои двајца македонски државјани, кои се заразиле во Банско, а биле дијагностицирани во Македонија, соопшти утрово генерал Венцислав Мутафчиски, началникот на бугарскиот Национален кризен штаб за борба со корона вирусот. Банско во моментов е во целосна блокада, и не се дозволува ниту...

На Детска клиника починало бебе од компликации од морбили

На Детската клиника вчера, по повеќе од две недели лекување на Интензивна нега, починало десет и пол месечно бебе, кои имало тешки компликации од морбили, соопштија од Институтот за јавно здравје. Ова е четврти смртен случај како последица од мали сипаници од почетокот на прогласувањето на епидемијата досега. Кај починатото дете претходно не биле регистрирани хронични заболувања и не било вакцинирано....

Почина трудница во болницата во Штип, лекарите не успеале да го спасат бебето

Жена во седми месец од бременоста, со симптоми на труење синоќа била примена на инфективното одделение во штипската клиника, со болки во стомакот и повраќање. Трудницата набргу била префрлена на гинеколошкото одделение, каде попладнето починала. Лекарите се обиделе да ја реанимираат и неа и бебето, но не успеале. Трудницата е родена во 1990 година, а ова ѝ била прва бременост. Веста низ...

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...