среда, 10 јуни, 2026
Meta.mk

Ознака: жртва | 30 резултати

Кој е 50-годишниот пожарникар што загина при атентатот на Трамп во Пенсилванија?

јули 17, 2024

Во вооружениот напад што се случи за време на митингот на кандидатот на Републиканската партија за претседател на САД, Доналд Трамп, беше убиен човек. Убиениот на митингот, Кори Комператоре, според последните информации, е 50-годишен пожарникар кој загина во обид да го засолни своето семејство и тогаш еден од куршумите го погодил. Покрај него биле повредени […]

Маж од Кочани осомничен за обљуба на малолетничка

јули 1, 2024

Полициски службеници од Кочани извршиле разговор со О.Х. (37) за кого постои основано сомнение дека извршил обљуба врз малолетничка. О.Х. бил пријавен во полиција, а потоа на 30.06.2024 г. во 19.00 часот Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кочани извршила разговор со осомничениот.

Трет настрадан во пожар во едно деноноќие

февруари 7, 2024

По двата случаја на настрадани во пожари во изминатово деноноќие, Центарот за управување со кризи (ЦУК), извести и за трет таков случај – животот во пожар го загубило и лице во селото Оџалија во општина Карбинци. По добиената информација за пожар на Единствениот повикувачки број 112 во ЦУК за запалена штала, денеска околу пладне, и […]

Говорот на таткото на убиеното девојче што ги расплака сите во студиото

мај 22, 2023

„Мојата судбина е тешка, но ќе ја поднесам баш како што мудро ме научи Софија, и мудроста на тоа дете ме научи да го погледнам секој од вас во очи и да бидам благодарен што имате емпатија“, рече Слободан Негиќ, таткото на едно од девојчињата кои загинаа во масакрот на 3 мај во ОУ „Владислав […]

Десетта жртва од масакрот во Белград, почина најтешко повредената ученичка

мај 15, 2023

Во Универзитетската детска клиника во Тиршова почина ученичката од ОУ „Владислав Рибникар“, која имаше тешки повреди на главата, соопшти Министерството за здравство, а пренесоа српските медиуми. Министерството за здравство соопшти дека девојчето починало утринава и покрај итната хируршка интервенција и сите преземени мерки за интензивно лекување. Српската министерка за здравство Даница Грујичиќ во свое име […]

Граѓанските организации бараат ОЈО Велес итно да ја смени одлуката против 23-годишна велешанка

февруари 4, 2022

Граѓанските организации членки на Платформата за родова еднаквост, Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство и Мрежата за заштита од дискриминација остро реагираат против одлуката на ОЈО Велес кое поднесе обвинeние против 23-годишна велешанка за кривично дело – Убиство на миг од член 125 од Кривичниот законик (КЗ). „Целокупниот случај од извршување на […]

По скандалот со „Јавна соба“, Маричиќ најавува законски измени и ново кривично дело „демнење“

јануари 30, 2021

Министерот за правда Бојан Маричиќ денес се сретна и разговараше со Ана, една од дeвoјките жртви на групата „Јавна Соба“. Тој изворно се информираше за страдањето низ кое минува Ана, но и другите девојки чии фотографии и лични податоци беа злоупотребени во веќе затворената група. Маричиќ и честиташе на храброста јавно да проговори за нејзините […]

Втора жртва од корона вирусот, почина 63-годишен пациент од Дебар

март 23, 2020

Министерството за здравство информира дека ноќеска на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје почина пациент заболен од корона вирус. Се работи за маж на 63-годишна возраст од Дебар, кај кого дошло до нагло влошување на состојбата. „Пациентот е хоспитализиран на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби на 17 март, без покачена […]

Филипче со детали за првата жртва од корона вирусот

март 22, 2020

Министерот за здравство Венко Филипче на денешната втора прес-конференција го образложи случајот со првата жртва на корона вирусот во земјава. Тој посочи дека 57-годишната жена не патувала во странство, ниту пак била во контакт со лица од ризичните земји. Ова го напоменала пациентката на нејзиниот прв преглед во кумановската општа болница, кога на 16 март […]

Прва жртва од корона вирусот, почина 57-годишна кумановка, вкупно 114 заразени во целата земја

март 22, 2020

Министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес-конференција соопшти дека 57-годишна жена од Куманово е првата жртва од корона вирусот во Македонија. Докторите од Општата болница во Куманово постапиле според протоколот и направиле два иницијални теста на корона вирусот, кои пак покажале дека жената е негативна. И покрај ова, жената била лекувана во изолација во […]

Во Бугарија трета жртва, во Банско двајца Македонци се заразиле со Ковид-19

март 19, 2020

Бугарија ја регистрираше третата жртва на новиот корона вирус, Ковид-19, вкупниот број случаи се искачи на 94, од кои двајца македонски државјани, кои се заразиле во Банско, а биле дијагностицирани во Македонија, соопшти утрово генерал Венцислав Мутафчиски, началникот на бугарскиот Национален кризен штаб за борба со корона вирусот. Банско во моментов е во целосна блокада, […]

Тешко повредената девојка со ампутирана нога, е 16. жртва на автобуската несреќа кај Ласкарци

март 20, 2019

Девојката која беше тешко повредена како последица на автобуската сообраќајна несреќа кај Ласкарци и чија што нога ѝ беше ампутирана, и подлегнала денеска на повредите. „Станува збор за деветнаесетгодишната девојка, на која и беше ампутирана ногата. Лекарите на КАРИЛ повеќе од еден месец правеа сѐ за го спасат нејзиниот живот. Изразуваме длабоко сочувство до фамилијата“, […]

13-месечно бебе трета жртва од морбили

февруари 11, 2019

Синоќа 13-месечно бебе на Клиниката за детски болести починало од компликации предизвикани од морбили, соопшти Министерството за здравство. Детето, кое е од тетовскиот регион претходно не било вакцинирано. Вчера Министерството за здравство информираше дека починало едно дете од Свети Николе, а претходно битката со морбилите ја изгуби и шестмесечно бебе. Според информации од Детската клиника […]

Прва жртва на шумските пожари во Калифорнија

декември 9, 2017

Жена чие што тело е пронајдено на местотот на сообраќајката на пат по кој се вршела евакуација во Јужна Калифорнија е првата потврдена жртва во серијата шумски пожари во оваа сојузна држава на САД. Претседателот на САД, Доналд Трамп, прогласи вонредна состојба во Калифорнија поради пожарите во кои изгореа најмалку 500 куќи, а евакуирани се повеќе […]

Ураганот Ирма на Флорида донесе паника и однесе една жртва

септември 10, 2017

Ураганот Ирма стигна до Флорида, носејќи силни ветришта и обилни врнежи дожд. Центарот на ураганот ги погоди островите јужно од Флорида, а метеоролозите предупредуваат дека „најстрашното допрва следи“. Седум милиони луѓе беа посоветувани да се евакуираат. Ирма повторно е ураган од категорија 4, а први се погодени островите на крајниот југ на Флорида, соопшти американскиот […]

Жртва идентификувана 16 години по нападот на Светскиот трговски центар

август 8, 2017

Посмртни останки на маж кој настрадал во нападот на Светскиот трговски центар во Њујорк на 11 септември 2001 година, се идентификувани 16 години по нападот. Канцеларијата за судска медицина во Њујорк соопшти дека името на загинатиот нема да биде објавено на барање на неговото семејство. Во нападот на Светскиот трговски центар загинаа 2.753 лица, а […]

СДСМ: Жртвата во Љуботен не е поврзана со пожарите, ВМРО-ДПМНЕ да не шири паника

август 6, 2017

ВМРО-ДПМНЕ да престане неосновано да шири паника, случајот во Љуботен не е поврзан со пожарите, а институциите активно работат на терен, велат од СДСМ како реакција на соопштението на ВМРО-ДПМНЕ, од каде велат дека поради пожарите во скопското село Љуботен било пронајдено изгорено човечко тело. „Во недостиг од идеи и без капацитет да ја надмине […]

ВМРО-ДПМНЕ: Неадекватниот однос на СДС со пожарите ја однесе првата човечка жртва

август 6, 2017

„Неадекватниот однос на СДС со пожарите вчера ја однесе првата човечка жртва во скопското село Љуботен, каде е пронајдено изгорено човечко тело. Изгубен е живот кој со навремена реакција на институциите би бил спасен“, велат од ВМРО-ДПМНЕ во соопштение до јавноста. „Беше потребна човечка жртва за владата на Заев да свика координативна седница за пожарите. […]

Двајца осомничени за убиството во Прилеп

март 4, 2017

Две лица се осомничени за убиството на 65-годишниот маж кој завчера беше пронајден мртов, со две убодни рани на телото, во стан во Прилеп, во кој живеел како потстанар. Како што соопшти денеска МВР, станува збор за лицата С.М. (32) и В.М.(33), и двајцата од Прилеп, кои целосно го признале извршувањето на кривичното дело. Против […]

Старица почина од студ во пехчевско Црник

јануари 9, 2017

Поларната температура во Малешевијата ја зеде првата жртва. Ноќеска околу полноќ 80-годишна старица паднала во ходникот на семејната куќа, каде останала во текот на целата ноќ. Премрзната, со слаби знаци на живот, старицата изутрината ја нашол член на семејството. Веднаш дошла итна медицинска помош, чија екипа три часа се борела за животот на жената. – […]

Страна 1 од 2