fbpx

Филипче со детали за првата жртва од корона вирусот

-

Министерот за здравство Венко Филипче на денешната втора прес-конференција го образложи случајот со првата жртва на корона вирусот во земјава. Тој посочи дека 57-годишната жена не патувала во странство, ниту пак била во контакт со лица од ризичните земји. Ова го напоменала пациентката на нејзиниот прв преглед во кумановската општа болница, кога на 16 март дошла со зголемена температура. Била пуштена дома со терапија, но заедно со нејзиниот син дошла повторно во болница веќе наредниот ден. И двајцата немале кашлица и биле третирани во дневната болница во Куманово.

Филипче рече дека пневмонија кај двајцата пациенти била констатирана на 19 март и двајцата биле сместени во одделот за изолација. На 19 и 20 март биле направени тестови на корона вирусот кај 57-годишната жена, но тие биле негативни. Состојбата на жената се влошила на 21 март, а без успех завршиле обидите за реанимација.

– Компликацијата настанала нагло и после смртта повторно е направено испитување и утврдено дека е позитивна на корона вирусот – соопшти Филипче.

Тој дополни дека се прави епидемиолошка анкета на здравствените работници од Куманово кои биле во контакт со двете заболени лица и врз оваа основа ќе се утврди дали тие ќе одат во изолација или ќе им се направат соодветни тестирања.

Министерот за здравство објасни дека во моментов има доволен број на тестови од корона вирусот во нашата земја. Покрај достапните околу 1.400 тестови, набавени се дополнителни 1.000 тестови, а може да се набавуваат уште по 1.000 тестови неделно. Покрај ова, Институтот за јавно здравје планира самиот да набави околу 5.000 тестови.

Според денешните податоци со кои излезе Министерството за здравство, билансот на заразени со корона вирусот во нашата земја е 114, а 57-годишната пациентка од Куманово е првата жртва од корона вирусот во земјава.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

За еден ден, две жени од Скопје нападнати од своите партнери

Два случаја во кои жени од Скопје се нападнати од своите партнери се регистрирани во полицискиот билтен во текот на вчерашниот ден. Околу 18 часот и 30 минути вчера, во...