Говорот на таткото на убиеното девојче што ги расплака сите во студиото

Таткото на едно од убиените дечиња во белградското училиште, Слободан Недиќ, говореше дека е тешко да се живее со неговата судбина, но дека сепак постои емпатија меѓу луѓето. По неговиот говор, на водителката и гостите во студиото им навреа солзи во очите

-

„Мојата судбина е тешка, но ќе ја поднесам баш како што мудро ме научи Софија, и мудроста на тоа дете ме научи да го погледнам секој од вас во очи и да бидам благодарен што имате емпатија“, рече Слободан Негиќ, таткото на едно од девојчињата кои загинаа во масакрот на 3 мај во ОУ „Владислав Рибникар“ во Белград. Негиќ ова го кажа при своето гостување во вчерашната емисја „Впечаток на неделата“ (Утисак недеље) на Нова.рс, по што водителката и гостите во емисијата се расплакаа.

Надоврзувајќи се на зборовите на една мајка која се приклучи на шоуто велејќи дека меѓу луѓето нема емпатија, Негиќ не се согласи со тоа, пренесува Нова.рс.

„Денеска (на седницата на Советот на родители) во очите на луѓето видов искрен страв за сите нас. Кога бев на погребот на ќерка ми ми пријдоа многу луѓе, од кои многумина не ни знаев кои се. И гледам дека ниту ним им е лесно да ми изразат сочувство, ниту мене да го примам, додека во еден момент не почнав да ги гледам во очи тие луѓе и на секој од нив гледајќи го во очи да му се заблагодарам, и да им се поклонам. Тогаш и тие луѓе почнаа да се чувствуваат некако прифатени, како да се познаваме од порано…“, изјави Негиќ.

Потоа објасни како нивната изгубена ќерка го добила своето име.

„Мојата Софија го доби своето име затоа што со Миланка сакавме малку да се пошегуваме. Бидејќи јас сум магистер по филозофија и нејзиното моминско презиме е Мудроша, ја нарековме Софија“, рече тој, а потоа кажа нешто што го научила неговата ќерка.

„Имаше ситуации кога мама е лута што собата е навистина хаос, и ако се обидам да ја заштитам зборувајќи со мама, всушност само ќе го влошам проблемот и ќе заминам, ќе се свртам и ќе заминам да се занимавам со некои од моите работи. Софија секогаш беше задоволна само кога ќе ја исслушам, ќе ја гледам во очи како возрасна и кога ќе види дека јас и мајка ѝ сме полни со љубов, да ги надминеме тие разлики и тие несогласувања. Во овој случај можам да кажам дека е ‘nomen est omen’ (името е судбина). Нејзиното име е навистина нејзината судбина и мудроста на тоа дете ме научи да гледам во секој од вас во очи денес и да бидам благодарен за вашата емпатија. Воопшто не мислам дека меѓу луѓето нема емпатија“, рече со треперлив глас и солзи во очите.

„Има многу, погледнете го Игор (Јуриќ), погледнете ја госпоѓата Снежана (Миљевиќ), погледнете се Оља, солзи ви течат. Ви благодарам на сите, разберете дека понекогаш единствената причина за борба кај човекот е тоа што има луѓе околу себе и дека тука треба да научиме голема лекција дека се работи за нас, луѓето, за нашите судбини. Тешка ми е судбината, но ќе ја поднесам и токму така мудро ме научи Софија“, изјави на крајот од емисијата Слободан Негиќ.

ИзворНова.рс

Израел изјави дека ќе го почитува примирјето со Иран „сè додека другата страна го прави тоа“

Бенјамин Нетанјаху изјави дека Израел во 12-дневната војна со Иран ја отстранил „заканата од нуклеарно уништување“ и дека ќе го почитува примирјето со Иран сè додека другата страна го прави истото,...

Иран ќе започне да ги обновува oбјектите оштетени во израелските напади

Иранските власти соопштија дека ќе започнат со обнова на домовите и објектите оштетени во израелските напади, пренесува „Гардијан“.  Тие ќе ги обновуваат станбените области и јавната инфраструктура, кои беа оштетени во израелските...

Работилница во Подгорица: Дезинформациите привлекуваат кликови, но фактите градат доверба

Поминавме долг пат од економијата на пари, преку економијата на информации, потоа до економијата на внимание, па се до економијата на емоции. Денес имаме економија на доверба. Клучната промена е што...

Усвоен акциски план при топлотен бран: Да се реорганизираат работните процеси за вработените изложени на сонце

Владата денеска ја усвои Информацијата за спроведување на мерки согласно фаза 3 од акцискиот план за превенирање на последиците од топлотните бранови врз здравјето на населението 2025 – 2030. „Се задолжуваат сите...

Израел изјави дека ќе го почитува примирјето со Иран „сè додека другата страна го прави тоа“

Бенјамин Нетанјаху изјави дека Израел во 12-дневната војна со Иран ја отстранил „заканата од нуклеарно уништување“ и дека ќе го почитува примирјето со Иран сè додека другата страна го...