петок, 15 мај, 2026
Meta.mk

Ознака: Банско | 12 резултати

Попова Шапка можеше да биде тоа што се денес Банско и Боровец

февруари 13, 2019

Двата скијачки центри во Бугарија, Банско и Боровец, иако помалку популарни во времето кога Попова Шапка имаше светска слава, последните години имаа силен развој, и го доживуваат најголемиот „сјај“ што го имале досега, пишува „Порталб.мк“. Покрај тоа, благодарение на компаративните предности што ги имаат, ниските трошоци, овие центри се натпреваруваат со ски-центри во Франција и […]

По признанието од Џирардели, свикан нов протест за заштита на Пирин

декември 19, 2018

По признанието на Марк Џирардели, петкратниот светски шампион во алпско скијање, дека веќе две години е мнозински сопственик на компанијата „Јулен“, концесионерот на зимскиот центар „Банско“ во Бугарија, бугарските екологисти свикаа нов протест за заштита на националниот парк „Пирин“, јави бугарскиот новински сајт „Медиапул“. Причината е што „Јулен“ бара проширување на скијачкиот центар и изградба […]

Скијачот Џирардели сопственикот на „Банско“ – не се откажува од плановите за проширување

декември 19, 2018

Марк Џирардели, петкратниот светски шампион во алпско скијање, веќе две години е мнозински сопственик на компанијата „Јулен“, концесионерот на зимскиот центар „Банско“ во Бугарија, кое е омилена зимска дестинација на голем број Македонци. Вели дека не се откажува од плановите за проширување на зимскиот центар, поради кои многу се протестираше во Бугарија и низ светот […]

Екологистите повторно протестираа за Пирин, бугарскиот министер доби „туш“ во ЕП

јануари 26, 2018

Екологистите во Софија и во 16 други градови во Бугарија и во 11 градови на светот протестираа против одлуката на бугарската влада од крајот на минатата година да дозволи градежни активности во 48% од територијата на Националниот пак „Пирин“ и побараа оставка од бугарскиот министер за животна средина и води, Нено Димов. Екологистите вчера покрај […]

Еколозите загрижени дека туристичко Банско ќе го проголта паркот Пирин

јануари 23, 2018

Од Лондон преку Софија до Сиднеј, на 4, 11 и 18 јануари годинава во 20 бугарски градови и во 8 светски метрополи, илјадници луѓе маршираа на протести против најновите законски измени донесени во Бугарија со кој значително ќе се намали територијата на националниот парк „Пирин“ за сметка на зимскиот центар „Банско“, инаку многу популарна дестинација […]

Во Благоевградско се спроведуваат проекти вредни 459 милиони евра

ноември 21, 2017

Во регионот околу бугарскиот град Благоевград, во близина на Делчево и на македонско-бугарската граница, во моментов се изведуваат проекти вредни 895 милиони лева, односно речиси 459 милиони евра, а парите се од Европските структурни и инвестицииски фондови, јави бугарската агенција „Фокус“. Најголемиот дел од тие пари, односно 739,2 милиони лева се од оперативната програма „Транспорт […]

Возач удрил пешак и избегал со автомобилот

ноември 5, 2017

Засега непознат возач со автомобил вчера удрил во пешак во Струмичко и го усмртил, по што избегал, соопшти полицијата. Според билтенот, сообраќајката се случила вчера, околу 4.30 часот, на регионалниот пат Струмица – село Банско, на излезот од селото Куклиш. Возилото удрило во А.А. (72) од Куклиш, кој од добиените повреди починал. Увид извршила екипа […]

Заев новогодишната ноќ ја помина со штитениците во Заводот во Банско

јануари 1, 2016

Градоначалникот на општина Струмица, Зоран Заев, по единаесетти пат новогодишната ноќ ја помина со штитениците во Заводот за заштита и за рахабилитација во Банско. Пријателството меѓу Заев и штитениците на домот трае повеќе од една деценија. Градоначалникот Заев на своите пријатели им ја честита Новата година и им посака многу здравје и среќа.

Страна 1 од 1