fbpx

Ги злоупотребуваат ли државите итните мерки за Ковид-19 потиснувајќи ги човековите права?

-

Повеќе од 200 илјади луѓе во цел свет се заразени од корона вирусот Ковид-19. Владите на повеќе од 120 држави во светот воведуваат драстични мерки за спречување на ширењето на вирусот.

Рестриктивните мерки почнаа од затворање на надворешните граници се до ограничено движење на граѓаните. Организацијата на Обединетите Нации, побара од државите да не ги потиснуваат човековите права оправдувајќи се со итноста од Ковид-19, пишува „Порталб.мк“.

По избивањето на епидемијата во Кина, корона вирусот Ковид-19 премина во пандемија од која се погодени повеќе од 120 земји. Околу девет илјади лица го загубиле животот како последица на корона вирусот. Владите, со цел да се спречи ширењето на вирусот со големо темпо, имаат преземено нормативни акти кои ја ограничуваат слободата на движењето. Покрај мерките, разбирливи и прифатливи, тоа што најмногу се забележува е дека владите се „задоволуваат” со рестриктивни мерки без да преземат активности да им помогнат на граѓаните.

Албанија, преку нормативните акти објавени од владата, воведе примена на глоби и други санкции во случај на прекршување на правилниците. Граѓаните во Албанија сега веќе не можат да ги користат ниту приватните возила, ниту јавниот превоз а имаат дозвола да излезат од нивните домови само два пати во времетраење од вкупно шест часа.

Слични мерки воведе и Македонија која ја ограничено слободата за излегување на граѓаните. Србија, Косово и Црна Гора од друга страна не почнале да применуваат глоби, но досега доволни се советодавните мерки.

Стручњаците за човекови права на ООН денес упатија повик до државите да го избегнат надминувањето на безбедносните мерки во нивниот одговор кон избувнувањето на корона вирусот и ги потсетуваат дека мерките за итност не смеат да се користат за да се предизвикаат недоразбирања.

„Иако го препознаваме заострувањето на актуелната криза за здравјето и свесни сме дека користењето механизми за итни состојби е дозволено со меѓународниот закон за одговор кон големи закани, итно ги потсетуваме државите дека секој одговор кон корона вирусот треба да биде пропорционален, потребен и не-дискриминирачки,“ е одѕив на последниот повик на високиот комесар на Обединетите Нации за човековите права за да поставување на „човековите права” во центарот на одговорот на „појавата на корона вирусот“.

Прогласувањето на вонредни состојби, било да е од здравствени или безбедносни причини, се врши според јасни упатства од меѓународниот закон, рекоа стручњаците на Обединетите Нации.

„Примената на мерките за итност треба јавно да се објават и да бидат известени соодветните органи на договорот кога основните права, вклучувајќи го движењето, семејниот живот и собирите значително се ограничуваат,“ велат од ОН.

Дополнително, прогласувањата на вонредни состојби врз основа на избувнувањето на Ковид-19 не би требало да се користат како основ за да се влијае на одредени посебни групи, малцинства или поединци. Тие не треба да служат како покривање за репресивни дејствија под плаштот на заштита на здравјето а ниту да бидат искористени за да се „задуши” работата на бранителите на човековите права.

„Воведените рестрикции како одговор на вирусот треба да бидат мотивирани од законските цели за јавното здравје и не би требало едноставно да се користат за предизвикување на несогласувања. На некои држави и безбедносни институции може да им изгледа привлечно примената на итните надлежности, бидејќи ги скратуваат постапките. Со цел да се спречи такви сили да се вкоренат во правните и политичките системи, рестрикциите би требало да бидат добро приспособени и треба да се минимално инвазивни во насока на заштита на јавното здравје. За на крај, во земјите во кои вирусот се шири, властите треба да се стремат да го вратат животот во нормала и треба да избегнуваат претерана употреба на сила која им ја овозможува состојбата на итност за бескрајно уредување на секојдневието. Ние ги охрабруваме државите, во борбата против оваа пандемија, цврсто да го држат пристапот заснован на човековите права со цел да се олесни здравото функционирање на општествата во согласност со законот и заштитата на човековите права,” рекоа стручњаците на ООН.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со предност од над 140.000 гласови, Силјановска во втор круг оди со Пендаровски

За разлика од претседателските избори во 2019, кога разликата во гласовите меѓу Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова изнесуваше околу 4.000 гласови, на денешниот прв круг од претседателските избори,...