fbpx

Пациентката од Дебар е во критична состојба, досега регистрирани вкупно 70 заболени

-

Светската здравствена организација посочи на брзото ширење на Ковид-19 во светот. Бројот на заболени за 12 денови е зголемен за 100.000 луѓе, а вкупната бројка е 250.000. Три месеци требаше да се достигне бројот од 100.000, а само 12 за дополнителни 100.000. Овие работи ги дискутиравме на состанок на Комисија за заразни болести и затоа ќе се обединат лабораториите на болницата „Жан Митрев“ и нашата лабораторија во Институтот за јавно здравје, рече министерот за здравство Венко Филипче, кој информира дека согласно податоците од денеска, вкупниот број на тестирани лица 70.

– Направени се 43 тестови, позитивни се тројца пациенти. Едната пациентка патувала во Србија, втората заболена е бабата на девојчето од Штип и имаме уште еден заболен пациент од Скопје. Градови во кои има дијагностицирани пациенти досега се Скопје, Дебар, Гостивар, Штип и Охрид. Сите пациенти се со стабилна клиничка слика, лесна до средна. Пациентката од Дебар која е на респираторна машина навлезе во критична фаза, се прават напори со дополнителна терапија, нејзината ситуација да се стабилизира. Домашна визита е направена кај сите што се лечат дома. Има пациенти кои избираат да се лекуваат дома и да не бидат во болница, а тоа нивната состојба го дозволува – рече министерот.

Тој информира дека дека набавката на нови респиратори е во тек, а проблем е што машините во овој момент се запрени во Бразил со одлука на нивната влада. Се прават напори и се бараат начини машините да стасаат во земјава. Филипче реле дека многу земји го запреле извозот чувајќи ги за нивните пациенти. Од денеска има официјална потврда дека Кина резервирала 200 респираторни машини за Македонија. И покрај тоа, и во овој момент државата располага со доволен број респираторни машини.

– Направени се вкупно досега 888 тестови. Во овој момент лабораторијата во ИЈЗ располага со 1.400 дополнителни тестови, имаме плус уште 1.000, како и донација од други 1.000 тестови. Има и најава дека секоја недела ќе имаме на располагање по 1.000 тестови – додаде министерот.

Филипче рече дека во јавноста се лиферуваат различни информации на тема корона вирус. Тој потенцира дека податоците се собираат на дневна основа од ИЈЗ и лабораторијата и дека за нив редовно и точно тој информира. Порача стравот кај населението да не стане ирационален.

– Јас сум свесен дека оваа ситуација го смени животот, дека затворени дома граѓаните се соочени со страв. Стравот е емоција, но не треба да стане ирационален, зашто таков е штетен. Таа изолација, тоа карантинизирање е спасот и начинот да се стави крај на ширето на инфекцијата. И да, овде нема простор за политика. Секој треба да помогне и да даде свој придонес да се надмине оваа сериозна светска здравствена криза – рече министерот.

Одговарајќи на новинарски прашања, тој рече дека досега капацитетот на Клиниката за инфективни болести е исполнет 20 отсто. Од бројот на заболени, двајца пациенти се во фаза на подобрување. Сите пациенти имале контакт со заболен или со пациент кој не бил заболен, но бил носител. Нема регистрирано автохтоно жариште кај нас.

Сите лица кои биле во контакт со екс-директорката на Клиниката за кожни болести, а кои во моментов се во самоизолација (чиј рок истекува следниот понеделник), ќе бидат тестирани, иако досега ниеден од нив не покажал симптоми на болеста.

Филипче на денешната седница на Влада ќе предложи заострување на мерките посебно во деловите на земјата каде што не се почитуваат мерките и препораките, а за тоа ќе информира по седницата.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Погрешно се тврди дека еден од осомничените за нападот во Москва е чеченскиот милитант Ажиев

Човекот на фотографијата, кој од страна на руските власти беше идентификуван, приведен и изведен пред суд како осомничен за терористичкиот напад во Москва, е Далерџон Мирзоев, државјанин на Таџикистан...