fbpx

МНР: Земјите го олеснуваат поврзувањето за време на кризата, за да им се помогне на граѓаните

-

Министерот за надворешни работи Никола Димитров, на негово барање, вчера и денес имаше телефонски разговори со своите колеги, министрите за надворешни работи на Грција, Никос Дендиас, Албанија, Гент Цакај, Бугарија, Екатерина Захариева, Црна Гора, Срѓан Дармановиќ и Австрија, Александер Шаленберг.

„Во фокусот беше олеснување на процесот на поврзување (интерконективноста) меѓу земјите во периодот на кризата, со крајна цел, помош на граѓаните. Заеднички беше констатирано дека ќе се вложат максимални сили за справување со предизвиците со кои се соочува светот заради панедемијата, со главен фокус на обезбедување непречен транспорт на стоките и враќање на затекнатите граѓани низ светот, во матичните земји. Министрите истакнаа дека ќе сторат се’ што е во можностите на нивните надлежности и дека континуирано ќе се залагаат за државите да преземаат активности на координиран начин и врз основа на принципите на солидараност,“ се вели во соопштението на МНР.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Донбас. Вчера, денес, утре“ – документарец во најдобрата пропагандна традиција на Кремљ

Руската амбасада деновиве го сподели на Фејсбук документарецот „Донбас. Вчера, денес, утре“ (2021), во кој се користи една честа манипулација, а тоа е правење збрка во редоследот на настаните, за...