fbpx

Димитров повика граѓаните затекнати во странство да се пријавуваат по е-маил

-

Министерот за надворешни работи, Никола Димитров, ги повика македонските граѓани затекнати во странство поради ситуацијата со корона вирусот, задолжително да се пријавуваат во дипломатско-конзуларните претставништва (ДКП) за да може да се следи ситуацијата и да се преземаат мерки да им се помогне.

„Почитувани македонски граѓани кои во моментов сте во странство, посебно вие кои немате регулиран престој и поради вонредно тешките околности насекаде, откажани летови и затворени граници, немате начин како да се вратите дома, во татковината.  Се обидуваме да најдеме правилен начин да ви помогнеме да се вратите, но секој сериозен напор, претпоставува точни информации. На пример, има наводни информации за 150 граѓани затекнати во Барселона, додека во овој момент во Амбасадата на Северна Македонија во Мадрид има само 16 пријавени“, рече тој, посочувајќи дека ако во земјата во која се нема македонско ДКП, да се пријавуваат во најблискиот конзулат или амбасада.

Е-маил адресите на ДКП-та се достапни на сајтот на МНР https://mfa.gov.mk/.

Потребни податоци:

– име и презиме
– број на патна исправа
– контакт телефон
– земја и град каде се наоѓате
– дали имате регулиран престој во која било странска држава

Пресек на состојбите ќе се прави на секои 24 часа, почнувајќи и завршувајќи во 17 часот.

„Ќе направиме сè што можеме, водејќи сметка и за државниот интерес, да се грижиме за македонските државјани затекнати во тешка ситуација во странство И за државниот интерес да се чува здравјето на нацијата дома“, порача Димитров.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...