Активистката за климатски промени Грета Тунберг вели дека е екстремно веројатно да го имала корона вирусот, но скоро и да не забележала значајни симптоми, што според неа, е многу опасно бидејќи младите без да знаат можат да го пренесат вирусот.
-Екстремно е веројатно дека го имав корона вирусот, но не почувствував силни симптоми, напиша Грета на социјалните мрежи Фејсбук и Инстаграм.
Таа објасни дека последните две недели, откако се вратила од патувањето во Централна Европа, останала во самоизолација во изнајмен стан за да биде одделена од мајка ѝ и сестра ѝ. Покрај неа, и татко ѝ ги имал истите симптоми но „многу поинтензивни“.
-Пред околу 10 дена почнав да чувствувам симптоми, исто како и мојот татко – кој патуваше со мене од Брисел. Се чувствував изморено, имав морници, болки во грлото и кашлав. Мојот татко ги имаше истите симптоми, но многу поинтензивни и со треска, вели Грета.
Поради тоа што властите во Шведска на ги тестираат за Ковид-19 граѓаните на кои не им е потребна медицинска помош, на нејзе, како и на сите останати кои се чувстат болно, ѝ било кажано да се самоизолира.
-Поради тоа не се тестирав за Ковид-19, но екстремно е веројатно дека бев заболена, ако се земе предвид комбинацијата на симптоми и околности, вели Грета.
Таа додава дека веќе закрепнала, но – и, според неа, ова е најбитно: скоро и да не се почувствувала болна.
-Последната настинка која ја имав беше многу полоша од ова! Да не го имаше друг истовремено вирусот со мене, можеби и немаше воопшто да се посомневам. Тогаш ќе мислев дека сум невообичаено уморна и дека малку кашлам, вели активистката.
И тоа, според неа, е она што го прави многу поопасен овој вирус.
-Многумина (особено младите) можеби нема ни да забележат никакви симптоми, или многу млаки симптоми. Тогаш не ни знаат дека го имаат вирусот, а можат да го пренесат на луѓето од ризичните групи, заклучува Грета.