fbpx
Таг: загадување на почвата

таг: загадување на почвата

Државата, општините и бизнисот лани вложиле само 5,7 милиони евра за почист воздух!

Многу зборување, малку дела. За загадувањето на воздухот во Македонија постојано се говори со години наназад, но пораст на инвестициите за зголемен квалитет на воздухот нема. И тоа не важи единствено за почист воздух, туку и за надминувањето на проблемот со постапувањето со отпадот, управувањето со отпадните води и заштитата на шумите. Податоците на Државниот завод за статистика покажуваат дека...

Во Пробиштип започна постапка за санација на хидројаловиштето како една од жешките еко-точки

Советот на Општина Пробиштип ја започна постапката, која во првата фаза предвидува санација на старото хидројаловиште кое е во атарот на градот и кое е една од жешките еколошки точки во земјава, јавува порталот СДК.мк. Од Општина Пробиштип соопштија дека во тек се измените на Генералниот урбанистички план на овој град, како и на двата детални урбанистички планови што...

Микроорганизми што го јадат линданот може да нè спасат од огромното загадување од ОХИС

Разложување на опасниот токсин линдан со помош на микроорганизми е истражувањето кое го спроведе младата научничка Марија Тодоровска Ивковиќ со својот тим, во рамките на Програмата за поддршка на млади еколози „Д-р Љупчо Меловски“ на Македонското еколошко друштво (МЕД). Ослободувањето од отровниот пестицид, кој со децении го загрозува здравјето на жителите на Скопје и ги загадува почвата и подземните...

Во ОХИС, покрај во погонот за електролиза, жива има и во малата депонија

Во малата депонија со линдан во ОХИС е најдена жива, која во минатото се користела во погонот за електролиза. Токсичниот метал бил откриен минатата година, во текот на чистењето на првата половина од депонијата. За опасноста која демне од живата складирана во ОХИС, но и од историското загадување на зградите, почвата и подземните води во околината се предупредува одамна....

Се испитува загадувањето со линдан на почвата и водите во Пеленица

Ќе се испитува загаденоста на почвата и подземните води на локалитетот Пеленица покрај Драчево, каде што е закопан опасен отпад линдан од ОХИС. Ова е прво испитување на состојбата со животната средина на овој локалитет, откако пред три години беше поставена ограда за да се спречи движењето во контаминираната област. Во Пеленица не се знае колкави количини отпад е закопан,...

Опасноста демне: Загадувањето со арсен на водите во Лојане и Табановце воопшто не се испитува

И покрај тоа што се контаминирано подрачје со арсен и други опасни метали, во Лојане и Табановце не се вршат редовни лабораториски испитувања за присуството на овие отрови во водата, почвата и храната. На јаловиштето во поранешниот рудник „Лојане“ во близина на истоименото село се лоцирани 15.000 тони арсен сулфид, а на само 100-ина метри од нив се наоѓа...

Инвестициите во заштита на животната средина растат, но малку се вложува во заштита на почвата и шумите [инфографик]

Во државата лани се зголемиле инвестициите во заштита на животната средина, но издвоените средства се далеку од рекордните нивоа што биле постигнати во текот на 2018 година. Најголеми се трошоците за постапување со отпад, но затоа пак најмалку се инвестирало во заштита на почвата и шумите во 2021 година, покажуваат најновите податоци на Државниот завод за статистика (ДЗС). Вкупните трошоци...

За неоградување на арсенот во Лојане, досегашниот концесионер доби казна од 1.550 евра

Глоба од 1.500 евра за правното лице и казна од 50 евра за одговорното лице во компанијата „Калтун Мадденџилик“ е крајниот исход од постапката за порамнување и спогодување со оваа компанија, која што до пролетва беше концесионер за експлоатација на арсенот и другите отпадни минерални суровини во рудникот „Лојане“. Државниот инспекторат за техничка инспекција (ДИТИ) за Мета.мк потврди дека...

Владата го раскина договорот со турскиот концесионер за експлоатација на арсенот во Лојане

Владата на РСМ на седницата одржана на 8 март ја донела одлуката за едностран раскин на договорот со турската компанија „Калтун Мадденџилик“ за концесијата за експлоатација на арсенот и другите минерални суровини од поранешниот рудник „Лојане“. Владината одлука е објавена во Службен весник на 15 март, а во одлуката се наведува дека влегува на сила еден ден по нејзиното...

Концесионерот го раскина договорот за експлоатација на арсенот во Лојане

Турската компанија „Калтун Мадденџилик“ доставила до Министерството за економија барање за едностран раскин на договорот за концесија заради немање економски интерес за понатамошно извршување на концесијата, информираат за Мета.мк од Министерството за економија. Концесионерот се повикал на членот 52 од Законот за минерални суровини при поднесувањето на барањето на едностраниот раскин на договорот. Инаку, турскиот концесионер во август 2014 година...

Концесионерот на арсенот кај Лојане не поставил ограда оти мислел дека ќе го извезе за 6 месеци

Имавме план да го продадеме целокупниот материјал во Кина за 6 месеци и поради тоа не помисливме дека е неопходно да се постави ограда околу јаловиштето кај рудникот „Лојане“. Ова е одговорот што го добивме од турската компанија „Калтун Мадденџилик“ на прашањето зошто не е поставена ограда и информативни табли околу локацијата каде што е складиран арсенот и другите...

Ископот и поставувањето на темелите околу малата депонија на линдан во ОХИС се завршени

Во периодот од официјалното означување на стартот на активностите на проектот „Отстранување на техничките и економските бариери за започнување на ремедијацијата на локациите контаминирани со α-HCH, β-HCH и линдан во ОХИС, 100122“, а се однесуваат на малата депонија на ОХИС, реализирани се најголемиот дел од активностите предвидени со подготвителната фаза, соопштија од Македонското еколошко друштво (МЕД). Конкретно, реализирани се активности...

За труењето со арсенот во Кумановско институциите „перат“ раце и си ја префрлаат одговорноста

Илјадници граѓани од општините Липково и Куманово се трујат со арсен и други опасни материи расфрлани на две локации во Табановце и Лојане, а надлежните институции си ја префрлаат одговорноста за преземање на активности, со коишто барем ќе се заштитат најмладите и неинформираните за опасноста што го демне секој што ќе дојде во допир со расфрланиот арсен. Поаѓајќи од она...

Поради бел прав во почвата доцни чистењето на линданот во ОХИС

Бел прав во почвата е причината за доцнење на чистењето на малата депонија на линдан во ОХИС. Грчката компанија „Полиеко“ веќе ги започна подготвителните работи за поставување на шаторот над малата депонија, под кој треба да започне ископувањето на канцерогениот пестицид. Шаторот е со големина од 3.000 квадратни метри, а во моментов се копаат темелите за поставување на метална...

Малата депонија со линдан во ОХИС, додека се чисти, ќе се покрие со шатор со филтри за прочистување на воздухот

Малата депонија со линдан во ОХИС ќе биде покриена со шатор во кој ќе се инсталираат и филтри за прочистување на воздухот, за да се озбезбеди заштита на околината при чистењето на опасната хемикалија, предвидува Планот за ремедијација, доставен од страна на компанијата „Полиеко“ од Грција. Владата и Министерството за животна средина, заедно со Организацијата за индустриски развој при Обединетите...

Заштитата на биодиверзитетот и намалувањето на аерозагадувањето треба да станат национален приоритет

На темата одредување приоритети за спроведување на зелената агенда за секторите биодиверзитет и намалување на загадувањето на воздух, вода и почви, денеска во рамките на Националната конференија за клима дискутираа претставници на повеќе граѓански организации. Целта на денешната работилница беше на интерактивнен начин да се спроведе консултација меѓу организациите за ставовите и приоритетните активности за заштитата на биолошката разновидност...

Се чека дозволата од Франција за извоз на последните 10 тони опасни хемикалии од ОХИС

Транспортот на десет тони хемикалии од ОХИС чекаат потврден одговор од Франција, за да се извезат и уништат во инсенераторот во Лион. Четири држави, Србија, Унгарија, Австрија и Германија, низ кои опасните материи ќе треба да транзитираат, веќе ги добиле документите и чекаат, по добивањето на дозволата од Франција, да го одобрат транзитот. Во инсенераторот во Лион ќе треба...

Од следната недела конечно почнува отстранувањето на црната депонија кај велешка „Топилницата“, најави концесионерот

Конечно ќе почне да се чисти црниот рид со троска покрај велешка „Топилница“, кој со децении го труе Велес. Околу 300.000 тони згура од идната недела ќе започне да се извезуваат во Србија и во Косово, информираат од компанијата која пред две години ја доби концесијата за остранување на згурата, „Кепс Монт Гроуп“ ДООО Скопје. Остатокот од троската,...

Договорот за чистење на малата депонија на линдан во ОХИС е потпишан, но не се открива името на компанијата

Кога ќе започне чистењето на малата депонија со линдан во ОХИС, како и која е фирмата која беше избрана на меѓународниот тендер сè уште е мистерија за јавноста. Иако уште пред повеќе од еден месец министерот за животна средина Насер Нуредини информираше дека Агенцијата за индустриски развој на Обединетите нации УНИДО, со седиште во Виена, ја заврши постапката за...

Во Солунското пристаниште блокиран извозот на згурата од Топилница поради наводно присуство на силициум диоксид

Извозот на згурата од велешката Топилница се проблематизира од пристаништето во Солун, каде бараат суровината доколку дојде кај нив, да не се истовара, туку од камион веднаш да се пренесе на бродовите за транспорт. Заради тоа троската сè уште чека во Велес, а најавено беше дека компанија од Турција ќе ја носи во Казахстан. Причината за застојот, велат во компанијата...

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...