fbpx
Таг: загадување на почвата

таг: загадување на почвата

Казахстан е нова дестинација за згурата од Топилница

Компанија од Турција е заинтересирана да ја купи згурата од Топилница, а суровините кои можат да се искористат би се преработувале во Казахстан. Претставници на фирмата веќе го посетија Велес и земаа примероци од троската, а идната недела се очекува повторно да дојдат во земјата и со концесионерот „Кепс монт груп“ да ги започнат административните преговори. Во тој период,...

Инспекторат за животна средина: Цистерната со винил хлорид во ОХИС е безбедна

Цистерната во која е складиран отпадниот винил хлорид мономер во дворот на ОХИС има систем за ладење и е безбедна, констатирал Државниот инспекторат за животна средина. По објавите на социјалните мрежи и вознемиреноста на јавноста минатата недела дека постои испарување од садот под притисок во којшто е складирана опасната хемикалија, Инспекторатот потврди дека цистерната се чува според протоколите за...

Компанија заинтересирана за згурата од Топилница ќе го посети Велес

Нова компанија, заинтересирана да ја купи техногената минерална суровина од Топилница, на крајот од месецов треба да го посети Велес, а до средината на август ќе се знае кога ќе почне редовниот транспорт на згурата. Откако Малезија стана неизвесна дестинација за извоз на троската, бидејќи на почетокот на годината земјата забрани увоз на опасен отпад, компанијата „Кепс монт груп“,...

Загадувањето на воздухот ќе се мери на четири места околу депонијата со згура од Топилница

Општина Велес ќе го контролира загадувањето околу депонијата со троска на некогашната Топилница, додека траат градежните работи за ископување и транспорт на минералната суровина. Емисиите на прашина ќе мора да се мерат на четири мерни точки, а загадувањето не смее да го надминува законски максималниот утврден лимит од 50 микрограми на кубен метар прашина. Според условите кои општинските власти ги...

Сè уште не се знае која фирма и кога ќе го чисти линданот од ОХИС

Сè уште не се знае која компанија ќе го чисти токсичниот линдан од малата депонија во ОХИС, ниту пак кога ќе започнат и колку време ќе траат работите на терен. Според информациите од Министерството за животна средина и просторно планирање, тендерот за избор на фирма сè уште не е финализиран, иако според првичните најави компанијата требаше да биде позната...

Малата депонија на линдан во ОХИС може да се чисти и до три години

Чистењето на малата депонија со линдан во ОХИС е голем проект, со кој се очекува по повеќе од четири децении, да започне решавањето на една од најголемите историски еколошки жешки точки во земјава. Отпадниот пестицид, кој е последица на работењето на хемискиот капацитет, долги години стои несоодветно складиран во дворот на ОХИС и претставува голема закана за здравјето на...

Ремедијација на почвата во Велес ќе прават и „Кепс монт груп“ и државата

Комплетна ремедијација на почвата на која се наоѓа црниот рид згура последица од работењето на Топилницата во Велес, ќе треба да се направи откако ќе се извезе минералната техногена суровина. Тоа е суровина која произлегува од технолошки процес, а во случајот на Топилница, минералната техногена суровина содржи околу 10 проценти цинк, еден процент олово како и други опасни метали како...

Во Велес воздухот е почист, но почвата сè уште е отровна

Велешани дишат почист воздух во последните години, откако е затворена Топилницата, но тоа не е случај и со почвата во градот. Нивоата на кадмиум, цинк и олово во воздухот се под максимално дозволените вредности, покажуваат податоците од мерењата направени од Институтот за јавно здравје од Велес. Почвата, пак, и по деконтаминацијата во градот и околината, со засадување маслодајна репка,...

Охрид доби Интегриран катастар на загадувачи на животната средина

Охрид доби „Интегриран катастар на загадувачи на животната средина“ со кој ce опфатени загадувачите на воздухот, водата, почвата и отпадот во оваа општина. Информацијата за изработката на овој стратешки документ, беше усвоена од страна на Советот на Oпштина Охрид на 37. седница, информираат од охридската локална самоуправа. Изработката на Интерираниот катастар на загадувачи е со цел да се добие основна...

Аднан Ќахил одамна предупреди дека дел од отровните супстанци во ОХИС може да протечат

Екс-министерот без ресор во владата на премиерот Заев, Аднан Ќахил, кој беше член на работната група за справување со проблемот со линданот, а воедно и поранешен главен инженер во ОХИС, уште на почетокот на годинава во интервју за „Мета“ предупреди дека во фабриката има многу отровни супстанции, кои можеби се добро складирани но тоа не значи дека не треба...

Горел дом за стари лица во струмичко Банско, нема повредени

Пожар го зафатил домот за стари лица во селото Банско, синоќа околу полноќ, информира регионалниот Центар за управување со кризи од Струмица. Во гаснењето на пожарот интервенирале седум пожарникари...