fbpx

Охрид доби Интегриран катастар на загадувачи на животната средина

-

Охрид доби „Интегриран катастар на загадувачи на животната средина“ со кој ce опфатени загадувачите на воздухот, водата, почвата и отпадот во оваа општина. Информацијата за изработката на овој стратешки документ, беше усвоена од страна на Советот на Oпштина Охрид на 37. седница, информираат од охридската локална самоуправа.

Изработката на Интерираниот катастар на загадувачи е со цел да се добие основна квалитативна и квантитативна база на податоци за состојбата со емиторите и емисијата на загадувачките супстанции во воздухот, водата, почвата, генерираниот отпад и постапувањето со него, заради следење на трендовите на основните индикатори за квалитетот на животната средина во Општина Охрид, како и заради контрола на успешноста на преземените мерки врз основа на соодветни одлуки и решенија на локално ниво.

„Базата на податоци и нивото на нивната обработка дава можност овој катастар да биде динамичен стратешки документ и како таков, заедно со законската регулатива во оваа област да биде инструмент на државната и локалната власт за одржливо управување со квалитетот на животната средина“, велат од Општина Охрид.

За изработката на Интерираниот катастар на загадувачи беше задолжена фирмата „Технолаб“ од Скопје.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

За три години нема ниту една пресуда за предизвикување шумски пожар

Никој во последниве години не одговарал и не бил осуден за кривичното дело „предизвикување шумски пожар“. Мета.мк ги побара податоците од Кривичниот суд за тоа колку пресуди биле донесени...