недела, 14 декември, 2025
Meta.mk

Ознака: загадување на почвата | 30 резултати

Се испитува загадувањето со линдан на почвата и водите во Пеленица

8 ноември 2022

Ќе се испитува загаденоста на почвата и подземните води на локалитетот Пеленица покрај Драчево, каде што е закопан опасен отпад линдан од ОХИС. Ова е прво испитување на состојбата со животната средина на овој локалитет, откако пред три години беше поставена ограда за да се спречи движењето во контаминираната област. Во Пеленица не се знае колкави […]

Опасноста демне: Загадувањето со арсен на водите во Лојане и Табановце воопшто не се испитува

18 октомври 2022

И покрај тоа што се контаминирано подрачје со арсен и други опасни метали, во Лојане и Табановце не се вршат редовни лабораториски испитувања за присуството на овие отрови во водата, почвата и храната. На јаловиштето во поранешниот рудник „Лојане“ во близина на истоименото село се лоцирани 15.000 тони арсен сулфид, а на само 100-ина метри […]

Инвестициите во заштита на животната средина растат, но малку се вложува во заштита на почвата и шумите [инфографик]

4 октомври 2022

Во државата лани се зголемиле инвестициите во заштита на животната средина, но издвоените средства се далеку од рекордните нивоа што биле постигнати во текот на 2018 година. Најголеми се трошоците за постапување со отпад, но затоа пак најмалку се инвестирало во заштита на почвата и шумите во 2021 година, покажуваат најновите податоци на Државниот завод […]

За неоградување на арсенот во Лојане, досегашниот концесионер доби казна од 1.550 евра

24 јуни 2022

Глоба од 1.500 евра за правното лице и казна од 50 евра за одговорното лице во компанијата „Калтун Мадденџилик“ е крајниот исход од постапката за порамнување и спогодување со оваа компанија, која што до пролетва беше концесионер за експлоатација на арсенот и другите отпадни минерални суровини во рудникот „Лојане“. Државниот инспекторат за техничка инспекција (ДИТИ) […]

Владата го раскина договорот со турскиот концесионер за експлоатација на арсенот во Лојане

1 април 2022

Владата на РСМ на седницата одржана на 8 март ја донела одлуката за едностран раскин на договорот со турската компанија „Калтун Мадденџилик“ за концесијата за експлоатација на арсенот и другите минерални суровини од поранешниот рудник „Лојане“. Владината одлука е објавена во Службен весник на 15 март, а во одлуката се наведува дека влегува на сила […]

Концесионерот го раскина договорот за експлоатација на арсенот во Лојане

15 февруари 2022

Турската компанија „Калтун Мадденџилик“ доставила до Министерството за економија барање за едностран раскин на договорот за концесија заради немање економски интерес за понатамошно извршување на концесијата, информираат за Мета.мк од Министерството за економија. Концесионерот се повикал на членот 52 од Законот за минерални суровини при поднесувањето на барањето на едностраниот раскин на договорот. Инаку, турскиот […]

Концесионерот на арсенот кај Лојане не поставил ограда оти мислел дека ќе го извезе за 6 месеци

29 јануари 2022

Имавме план да го продадеме целокупниот материјал во Кина за 6 месеци и поради тоа не помисливме дека е неопходно да се постави ограда околу јаловиштето кај рудникот „Лојане“. Ова е одговорот што го добивме од турската компанија „Калтун Мадденџилик“ на прашањето зошто не е поставена ограда и информативни табли околу локацијата каде што е […]

Ископот и поставувањето на темелите околу малата депонија на линдан во ОХИС се завршени

27 јануари 2022

Во периодот од официјалното означување на стартот на активностите на проектот „Отстранување на техничките и економските бариери за започнување на ремедијацијата на локациите контаминирани со α-HCH, β-HCH и линдан во ОХИС, 100122“, а се однесуваат на малата депонија на ОХИС, реализирани се најголемиот дел од активностите предвидени со подготвителната фаза, соопштија од Македонското еколошко друштво […]

За труењето со арсенот во Кумановско институциите „перат“ раце и си ја префрлаат одговорноста

2 јануари 2022

Илјадници граѓани од општините Липково и Куманово се трујат со арсен и други опасни материи расфрлани на две локации во Табановце и Лојане, а надлежните институции си ја префрлаат одговорноста за преземање на активности, со коишто барем ќе се заштитат најмладите и неинформираните за опасноста што го демне секој што ќе дојде во допир со […]

Поради бел прав во почвата доцни чистењето на линданот во ОХИС

6 декември 2021

Бел прав во почвата е причината за доцнење на чистењето на малата депонија на линдан во ОХИС. Грчката компанија „Полиеко“ веќе ги започна подготвителните работи за поставување на шаторот над малата депонија, под кој треба да започне ископувањето на канцерогениот пестицид. Шаторот е со големина од 3.000 квадратни метри, а во моментов се копаат темелите […]

Малата депонија со линдан во ОХИС, додека се чисти, ќе се покрие со шатор со филтри за прочистување на воздухот

19 април 2021

Малата депонија со линдан во ОХИС ќе биде покриена со шатор во кој ќе се инсталираат и филтри за прочистување на воздухот, за да се озбезбеди заштита на околината при чистењето на опасната хемикалија, предвидува Планот за ремедијација, доставен од страна на компанијата „Полиеко“ од Грција. Владата и Министерството за животна средина, заедно со Организацијата […]

Заштитата на биодиверзитетот и намалувањето на аерозагадувањето треба да станат национален приоритет

5 април 2021

На темата одредување приоритети за спроведување на зелената агенда за секторите биодиверзитет и намалување на загадувањето на воздух, вода и почви, денеска во рамките на Националната конференија за клима дискутираа претставници на повеќе граѓански организации. Целта на денешната работилница беше на интерактивнен начин да се спроведе консултација меѓу организациите за ставовите и приоритетните активности за […]

Се чека дозволата од Франција за извоз на последните 10 тони опасни хемикалии од ОХИС

23 декември 2020

Транспортот на десет тони хемикалии од ОХИС чекаат потврден одговор од Франција, за да се извезат и уништат во инсенераторот во Лион. Четири држави, Србија, Унгарија, Австрија и Германија, низ кои опасните материи ќе треба да транзитираат, веќе ги добиле документите и чекаат, по добивањето на дозволата од Франција, да го одобрат транзитот. Во инсенераторот […]

Од следната недела конечно почнува отстранувањето на црната депонија кај велешка „Топилницата“, најави концесионерот

13 ноември 2020

Конечно ќе почне да се чисти црниот рид со троска покрај велешка „Топилница“, кој со децении го труе Велес. Околу 300.000 тони згура од идната недела ќе започне да се извезуваат во Србија и во Косово, информираат од компанијата која пред две години ја доби концесијата за остранување на згурата, „Кепс Монт Гроуп“ ДООО Скопје. […]

Договорот за чистење на малата депонија на линдан во ОХИС е потпишан, но не се открива името на компанијата

26 октомври 2020

Кога ќе започне чистењето на малата депонија со линдан во ОХИС, како и која е фирмата која беше избрана на меѓународниот тендер сè уште е мистерија за јавноста. Иако уште пред повеќе од еден месец министерот за животна средина Насер Нуредини информираше дека Агенцијата за индустриски развој на Обединетите нации УНИДО, со седиште во Виена, […]

Во Солунското пристаниште блокиран извозот на згурата од Топилница поради наводно присуство на силициум диоксид

5 октомври 2020

Извозот на згурата од велешката Топилница се проблематизира од пристаништето во Солун, каде бараат суровината доколку дојде кај нив, да не се истовара, туку од камион веднаш да се пренесе на бродовите за транспорт. Заради тоа троската сè уште чека во Велес, а најавено беше дека компанија од Турција ќе ја носи во Казахстан. Причината […]

Казахстан е нова дестинација за згурата од Топилница

15 август 2020

Компанија од Турција е заинтересирана да ја купи згурата од Топилница, а суровините кои можат да се искористат би се преработувале во Казахстан. Претставници на фирмата веќе го посетија Велес и земаа примероци од троската, а идната недела се очекува повторно да дојдат во земјата и со концесионерот „Кепс монт груп“ да ги започнат административните […]

Инспекторат за животна средина: Цистерната со винил хлорид во ОХИС е безбедна

28 јули 2020

Цистерната во која е складиран отпадниот винил хлорид мономер во дворот на ОХИС има систем за ладење и е безбедна, констатирал Државниот инспекторат за животна средина. По објавите на социјалните мрежи и вознемиреноста на јавноста минатата недела дека постои испарување од садот под притисок во којшто е складирана опасната хемикалија, Инспекторатот потврди дека цистерната се […]

Компанија заинтересирана за згурата од Топилница ќе го посети Велес

26 јули 2020

Нова компанија, заинтересирана да ја купи техногената минерална суровина од Топилница, на крајот од месецов треба да го посети Велес, а до средината на август ќе се знае кога ќе почне редовниот транспорт на згурата. Откако Малезија стана неизвесна дестинација за извоз на троската, бидејќи на почетокот на годината земјата забрани увоз на опасен отпад, […]

Загадувањето на воздухот ќе се мери на четири места околу депонијата со згура од Топилница

17 јули 2020

Општина Велес ќе го контролира загадувањето околу депонијата со троска на некогашната Топилница, додека траат градежните работи за ископување и транспорт на минералната суровина. Емисиите на прашина ќе мора да се мерат на четири мерни точки, а загадувањето не смее да го надминува законски максималниот утврден лимит од 50 микрограми на кубен метар прашина. Според […]

Страна 1 од 2