fbpx
Таг: Шорткат

таг: Шорткат

Малите хидроцентрали главна тема во новото издание на „Шорткат“

Во фокус на 12. епизода од емисијата за млади „Шорткат“ се малите хидроцентрали. Еколошките организации се обединија во ставот дека од нивната изградба нема ниту економски, ниту еколошки бенефит, а влијанието што го имаат врз животната средина и биодиверзитетот е погубно. Според нив, Законот за води треба да е рамка која мора да спречи експлоатација на водните ресурси исклучиво...

Застрашувачката состојба на депонијата „Русино“ во фокус на десеттото издание на емисијата „Шорткат“

Многу новости и информации и во најновото издание на емисијата за млади „Шорткат“. Централна тема на десеттата епизода е состојбата во која се наоѓа депонијата „Русино“ кај Гостивар. Во емисијата ги пренесуваме сликите од цивилизацискиот шок што нашите новинари го доживеаја таму, а кој е секојдневие за граѓаните на Гостивар. Дали климатскиот самит КОП 26 е последната надеж за спас...

Ново издание на емисијата „Шорткат“ – како е да се живее со дијабетес?

Во новото издание на вестите за млади „Шорткат“, ја носиме веста дека два дена по објавата на нашето интервју со Миа Чичкариќ, девојка која боледува од дијабетес тип 1, државата ја започна набавката на сензори за безболно мерење гликемија. 16-годишната Миа во интервјуто како нејзина најголема желба го истакна токму тоа – сите дечиња кои боледуваат од дијабетес да...

Климатските промени и транспортот, главна тема во најновата епизода на „Шорткат“

Вечерва во 19 часот на Јутуб, Фејсбук и Инстаграм ќе се емитува осмата епизода на емисијата за млади „Шорткат“. Главната тема во неа ќе бидат климатските промени и зголемените емисии на стакленички гасови од транспортот во земјава, кои се последица на растечкиот број на возила кои сообраќаат по улиците. Во денешната емисија има новости и за иницијативата „Слушни ме“ на...

Нова епизода на „Шорткат“, во фокус зелените проекти предложени од младите за идните градоначалници

Во седмата епизода на емисијата „Шорткат“ се обработуваат две главни теми кои се актуелни периодов. Во пресрет на првиот круг од локалните избори што ќе се одржат на 17 октомври, со еколошкото здружение „Гоу Грин“ и младински активисти говоревме за идеите и проектите предложени од младите за зелени општини, коишто беа доставени до кандидатите и кандидатките за идни градоначалници. Исто...

Шеста епизода на „Шорткат“, во фокус темата за условите за возење велосипед низ Скопје

Емисијата за млади „Шорткат“ и овој четврток ги издвојува најважните вести и настани од изминатата недела. Во најновата епизода известуваме за почетокот на новата академска година, која, исто како и минатата, започна во пандемиски услови. Ги потсетуваме студентите да аплицираат за субвенциониран оброк и за државни стипендии. И покрај ветувањата на властите дека годинава ќе се забрани увозот на користени возила...

Вечерва ново издание на „Шорткат“ – колку е тешко пчеларството?

Во петтата епизода на емисијата „Шорткат“, Кика Авеиро ги носи најважните вести и настани од изминатата недела. Сојузот на средношколци и Институтот за добро управување и евро-атлантски перспективи (ИДУЕП) упатија порака дека е потребен нов модел на ученичко организирање кој ќе може да се имплементира подеднакво во сите училишта. Тие сметаат дека на овој начин ученичките заедници ќе станат место...