Шеста епизода на „Шорткат“, во фокус темата за условите за возење велосипед низ Скопје

Емисијата за млади „Шорткат“ и овој четврток ги издвојува најважните вести и настани од изминатата недела.

Во најновата епизода известуваме за почетокот на новата академска година, која, исто како и минатата, започна во пандемиски услови. Ги потсетуваме студентите да аплицираат за субвенциониран оброк и за државни стипендии.

И покрај ветувањата на властите дека годинава ќе се забрани увозот на користени возила постари од 10 години, последните информации покажуваат дека забраната нема да стапи на сила пред 2022 година.

Изминатиов викенд се одржа Fashion Weekend, воглавно во Битола, но и во Скопје и Штип. Одржливата мода беше во фокус на 24-тото издание на Модниот викенд.

Главната тема во шестата епизода на „Шорткат“ се однесува на несоодветните услови за возење велосипед во дел од скопските населби. И покрај заложбите на градските власти, не во секоја населба постојат безбедни услови за возење велосипед. Среде улица или по пешачките патеки, велосипедистите се принудени да ги користат алтернативите. Погледнете ја репортажата на нашите новинари.

Не пропуштајте ги најновите вести за млади!