Вечерва ново издание на „Шорткат“ – колку е тешко пчеларството?

Во петтата епизода на емисијата „Шорткат“, Кика Авеиро ги носи најважните вести и настани од изминатата недела.

Сојузот на средношколци и Институтот за добро управување и евро-атлантски перспективи (ИДУЕП) упатија порака дека е потребен нов модел на ученичко организирање кој ќе може да се имплементира подеднакво во сите училишта. Тие сметаат дека на овој начин ученичките заедници ќе станат место кое ќе ги поттикне младите да размислуваат покритички и сами да одлучуваат за својата иднина.

Ќе имате можност да видите како помина изложбата „Сличности на разликите“ на турско-австрискиот уметник Денис Бесар, кој еден месец престојуваше во Тетово.

Ја носиме и убавата вест за Кањонот Матка, кој ќе биде прогласен за споменик на природата.

Главна тема на новата епизода на „Шорткат“ е пчеларството во државата. Проследете го интервјуто со Нацо Јовчевски – млад пчелар кој живее од пчеларството и работи на зачувување на македонската автохтона пчела.

Исто така, за љубителите на гејмингот ги прикажуваме некои од најдобрите платформски видео игри.

Не пропуштајте го новото издание на „Шорткат“.