fbpx
Таг: Шорткат

таг: Шорткат

Изумирањето на Преспанското езеро во фокус на новата епизода на „Шорткат“

Повлекувањето на водата и намалувањето на нивото на Преспанското Езеро се главната тема во новата, 51 епизода на емисијата „Шорткат“. Нашата екипа беше во Преспа и информира за овој долгогодишен проблем со кој се соочува едно од трите природни езера во земјава. Во новите вести за млади ја носиме и информацијата за зголеменото испуштање на стакленички гасови во земјава, како...

Во новата епизода на „Шорткат“ разбиваме митови за вештачката интелигенција

Во новата, 50-та епизода на „Шорткат“ што ќе се емитува вечерва, разбиваме некои од најпознатите митови и дезинформации околу развојот на вештачката интелигенција. Во четвртиот дел од рубриката „Зошто (не) е така“ во кој тема е токму вештачката интелигенција, зборуваат професорите Тамара Димитрова и Ѓорѓи Маџаров, како и извршниот директор на Фондацијата Метаморфозис, Бардил Јашари. Го одбележуваме и стартот на...

„Шорткат“ денеска со репортажа од Португалија, бевме во најстарата банка за храна

Екипата на „Шорткат“ летово беше во посета на Португалија, од каде што за најновата епизода што ќе се емитува денеска носиме репортажа за најстарата банка за храна во оваа земја, која што се бори против фрлањето на храна во отпад и за спречување на гладта меѓу луѓето. Во „Шорткат“ ќе може да се информирате и за онлајн дебатата „Младите и...

Денеска почнува втората сезона на „Шорткат“ со репортажа за труењето на Велес од троската

Со освежен дизајн по двонеделната пауза, емитувањето на втората сезона од емисијата „Шорткат“ ќе продолжи денеска, во добро познатиот термин од 19 часот. Главната тема што ќе ја третираме во емисијата е депонијата со згура создадена од работењето на Велешката топилница, која што со децении ги труе жителите на овој град. Со дрон снимки од лице место, ќе може...

„Шорткат“ на државното првенство во прескокнување пречки со коњи

Љупка Аврамовиќ од клубот „Бравадос“ е долгогодишна вљубеничка во коњите и е една од нашите најдобри претставнички на натпревари со коњи во светот. Во новата епизода на „Шорткат“, нашите вести за млади, зборуваме со Аврамовиќ и ве водиме на државното првенство во прескокнување пречки со коњи организирано од страна на Федерацијата на коњички спортови. Во новата, 48. епизода на „Шорткат“,...

Како да му дадеме „втор живот“ на текстилот, погледнете во новата епизода на „Шорткат“

Наместо да се рециклираат, облеката и другите ткаенини што повеќе не ги користиме, најчесто завршуваат на депониите измешани со друго ѓубре. Иницијативи за рециклирање на текстил кај нас речиси и да нема, но во новата епизода на „Шорткат“ претставуваме една ваква акција на Ана Тодоровска од „Второ Азно“, која на текстилот му дава втор живот. Во новите вести за млади...

Во новата епизода на „Шорткат“ – интервју со Ева Цветковска, претседателка на студентското собрание на УКИМ

Во новата епизода на „Шорткат“ ќе емитуваме дел од интервјуто со Ева Цветковска, претседателка на Универзитетското студентско собрание на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (УСС УКИМ). Во интервјуто Цветковска зборува за државните мерки субвенциониран студентски оброк и студентски стипендии, а го најавува и отворањето на Студентскиот културен центар, прв од ваков вид во земјава. Во 45-тата епизода на...

Во вечерашната епизода на „Шорткат“ третираме нова жешка еко-точка: Отпадниот гипс кај Велес

Огромни количества на отпаден гипс од некогашното работење на Хемиската индустрија Велес се складирани во ридиштата кај селото Згрополци, помеѓу автопатот и стариот пат меѓу Велес и Градско. Станува збор за една од жешките еколошки точки во земјава која што не е санирана, и покрај тоа што постои стравување дека отпадниот гипс е радиоактивен. Екипата на „Шорткат“ беше на...

Развивањето еко-туризам во фокус на новата епизода на „Шорткат“

Можностите за еколошки туризам во земјава се огромни. Во новата епизода на „Шорткат“ зборуваме за развивањето бизнис во националните паркови и заштитените подрачја со што се придонесува за економски развој на локалните заедници, но и за уште поголема заштита на природата и биодиверзитетот. Ве носиме во хостелот „Китка“ во селото Вратница во подножјето на врвот Љуботен на Шара. Во новата...

Проблемот со дивите депонии во Скопје повторно го третираме во „Шорткат“

По половина година, во новата епизода на „Шорткат“ повторно го третираме проблемот со дивите депонии во Скопје. Обиколивме неколку локации низ главниот град, а она што го забележавме на овие места ќе може да го гледате вечерва на нашите канали на социјалните мрежи од 19 часот. Во „Шорткат“ информираме и за рекордниот број на ученици-повторувачи во средните училишта во земјава,...

Опасноста од консумирање брза храна во текот на летото во фокус на новата епизода на „Шорткат“

Која храна треба да ја избегнуваат младите и на што треба да се внимава во текот на летните месеци, се прашањата на кои одговорите ги даваме во новата епизода на емисијата „Шорткат“. Директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство, Николче Бабовски, зборува за тоа колку е безбедна храната што ја консумираме. Во 41. епизода на вестите за млади информираме и...

Дружбата и садењето во градината „Бостание“ е главна тема на новата епизода на „Шорткат“

Како функционира општествената градина „Бостание“ во Скопје и на кој начин младите може да се приклучат во заедничкото садење, дружба и едукација на ова место ќе биде главна тема во најновата епизода на емисијата за млади „Шорткат“ што ќе се емитува вечерва. Во „Шорткат“ информираме и за начинот на којшто годинава ќе се вршат уписите во средните училишта, коишто се...

Барањата за достоинствен менструален циклус во фокус во новата епизода на „Шорткат“

Иако живееме во современо општество, за менструацијата која се смета за прв знак за плодноста или половата зрелост, кај нас сè уште владее стигма и се зборува во кодови кои се употребуваат уште од минатиот век. Милиони девојки и жени не се во состојба да управуваат со својот менструален циклус на достоинствен, здрав начин. Од таа причина, 28 мај...

Претседателот Пендаровски го запозна математичкиот гениј Или Морина

Претседателот Стево Пендаровски денес го запозна 13-годишниот математички гениј Или Морина чија приказна Мета.мк ја објави во 36-тата епизода на Шорткат. „Или Морина е еден од оние надарени ученици кои импресионираат со своите постигнати резултати. Математичкиот генијалец од својата четврта година решава задачи и своето знаење го споделува јавно преку едукативни видеа на интернет“, напиша Пендаровски на својот фејсбук-профил. На момчето...

Како ќе се полага државната матура погледнете во новата епизода на „Шорткат“

За државна матура, која е услов за упис на факултет, годинава се пријавиле безмалку 16.000 ученици. На испитите што претстојат нема да бидат опфатени материјалите што не им беа предадени на учениците поради штрајкот на наставниците. За тоа што ги очекува учениците во завршна година во новата епизода на „Шорткат“ зборува Елизабета Наумовска, директорка на Државниот испитен центар. Во 38-то...

Во новата епизода на „Шорткат“ ги коментираме митовите за менталното здравје и посетата на психолог

Во новата епизода на емисијата „Шорткат“ коментираме дел од најпознатите митови за менталното здравје и посетата на психолог. Дали психолозите можат да ги откријат нашите тајни на други луѓе? Дали ако отидеме на психолог, тој ќе нѝ препише лекови што ќе треба да ги пиеме? Дали нашите другари и другарки можат да бидат замена за психолог и да ни...

Шорткат: 13-годишниот Или Морина како идниот Илон Маск?

Математичкиот гениј Или Морина има само 13 години и речиси секој момент го поминува во решавање задачи по математика и физика, а помош од него бараат студенти од земјава и од странство. Тој своето знаење го споделува и на неговиот Јутјуб канал, а оние што го познаваат очекуваат да стане славен како Илон Маск. Погледнете ја неговата приказна во...

Во новата епизода на „Шорткат“ главната тема ни се идеите за справување со контаминираните подрачја

Чистењето на линданот во ОХИС, арсенот во Лојане и Табановце, шестовалентниот хром во Јегуновце, троската во велешката топилница и другите жешки еколошки точки може да биде и побрзо и поефикасно доколку се искористи енергетската трансформација на земјава во справувањето со контаминираните подрачја. Ова е нашата главна тема во најновата епизода на „Шорткат“. Во емисијата за млади го третираме и рангирањето...

„Шорткат“ во Планетариумот на МКЦ – проекција на чисто ноќно небо без светлосно загадување

Во новото издание на емисијата „Шорткат“ ве запознаваме со Планетариумот во МКЦ, кој претставува место за сите оние што сакаат да научат нешто повеќе за ѕвездите и планетите. По двегодишна пауза, Планетариумот почна со работа минатиот месец, а најголем интерес за посета и запознавање со ѕвездите има од страна на најмладите. За начинот на кој се одвиваат проекциите, но...

Нова епизода на „Шорткат“: Репортажа од Чешка за тоа како може да се зачува индустриското наследство

Во емисијата „Шорткат“ неделава ја објавуваме репортажата од локалитетот Долњи Витковице, кој претставува заштитено индустриско наследство во чешкиот град Острава. Овој некогашен комплекс не е напуштен и заборавен како фабриките „Треска“, „Купром“ и Стакларницата во Скопје, туку е претворен во креативен центар што го посетуваат над 1,3 милиони лица од целиот свет. Во денешната епизода информираме и за големиот пожар...

Превртени кошеви и искршени седишта – институциите си префрлаат вина за руинираната спортска сала на УКИМ

Уште во далечната 2006 година на студентите при Универзитетот Св. Кирил и Методиј (УКИМ) им беше ветена најмодерна спортска сала, која дури по 11 години - во 2017, се...