Во новата епизода на „Шорткат“ ги коментираме митовите за менталното здравје и посетата на психолог

Во новата епизода на емисијата „Шорткат“ коментираме дел од најпознатите митови за менталното здравје и посетата на психолог. Дали психолозите можат да ги откријат нашите тајни на други луѓе? Дали ако отидеме на психолог, тој ќе нѝ препише лекови што ќе треба да ги пиеме? Дали нашите другари и другарки можат да бидат замена за психолог и да ни дадат исти совети? На овие прашања одговори даваат психолозите Ана Попризова, Јасмина Јонуз и Хана Мемеди во рубриката „Зошто (не) е така?“.

Во неделната епизода на вестите за млади ја носиме и веста за дигиталната апликација и алатка за асистивна технологија „Сиборд“, за јавниот настан „Блокирај ја омразата. Сподели љубов!“ што изминатив викенд се одржа во Градски парк, како и за Неделата на женското здравје.

Ве информираме и за втората кампања на проектот „Биди ИН, биди ИНклузивен, биди Инклудиран“, а ќе погледнеме и како изгледаше феноменот „Крвава месечина“ на небото над Скопје.

37-та епизода на „Шорткат“ ќе биде објавена вечерва во 19:00 часот на нашите канали на Инстаграм, Фејсбук, Јутјуб и ТикТок.