Развивањето еко-туризам во фокус на новата епизода на „Шорткат“

Можностите за еколошки туризам во земјава се огромни. Во новата епизода на „Шорткат“ зборуваме за развивањето бизнис во националните паркови и заштитените подрачја со што се придонесува за економски развој на локалните заедници, но и за уште поголема заштита на природата и биодиверзитетот. Ве носиме во хостелот „Китка“ во селото Вратница во подножјето на врвот Љуботен на Шара.

Во новата епизода на вестите за млади информираме за нереалните оцени во основно и можноста од воведување приемен испит во средно, како и за дискустијата „Младите и менталното здравје“ во организација на првата дама, каде беше заклучено дека на младите им е потребна бесплатна психолошка поддршка.

Зборуваме за нискиот процент, како и за родовиот јаз помеѓу младите кои се вработени. Ве носиме и на „Изложбата без име“ на Центарот за еднакви можности „Бубамара“, а информираме и за проблемот со загадувањето на Дебарското езеро среде летната сезона.

Новата епизода на „Шорткат“ ќе биде објавена вечерва во 19:00 часот на нашите канали на Инстаграм, Фејсбук и Јутјуб.