Која храна треба да ја избегнуваат младите и на што треба да се внимава во текот на летните месеци, се прашањата на кои одговорите ги даваме во новата епизода на емисијата „Шорткат“. Директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство, Николче Бабовски, зборува за тоа колку е безбедна храната што ја консумираме.
Во 41. епизода на вестите за млади информираме и за загрижувачки високиот процент на млади во земјава кои живеат со своите родители, за линданот и контаминираната почва од малата депонија во „Охис“ кои чекаат да бидат извезени и уништени, но и за балканскиот рис кој страда од криволов и чиј број во земјава се намалува.
Ја носиме и веста дека ЕУ ќе воведе еден универзален полнач за сите електронски уреди, а ќе дознаеме и што откриле научниците под мразот на Антарктикот.
„Шорткат“ пренесува и слика од протестот на Украинците во земјава што во неделата се одржа пред Руската амбасада.
Новата епизода на нашите вести за млади ќе биде објавена вечерва во 19:00 часот на нашите канали на социјалните мрежи.