„Шорткат“ денеска со репортажа од Португалија, бевме во најстарата банка за храна

Екипата на „Шорткат“ летово беше во посета на Португалија, од каде што за најновата епизода што ќе се емитува денеска носиме репортажа за најстарата банка за храна во оваа земја, која што се бори против фрлањето на храна во отпад и за спречување на гладта меѓу луѓето.

Во „Шорткат“ ќе може да се информирате и за онлајн дебатата „Младите и волонтерството“, која што ја организираше Фондацијата Метаморфозис минатиот петок, а на која соговорниците побараа воведување на волонтерски часови во образованието и признавање на волонтерството како дел од севкупниот образовен успех на младите во средните школи и на факултетите.

Во емисијата информираме и за резултатите од инспекцискиот надзор на Државниот инспекторат за животна средина на депонијата за отпаден гипс кај Згрополци, за коешто контаминирано подрачје имавме прилог во „Шорткат“ изминатово лето. Имаме и интересна вест за гејмерите која ни доаѓа од Индија, во однос на најновата игра ФИФА, што по грешка во оваа земја можеше да се набави за само 0,06 американски долари.

Новата епизода на „Шорткат“ ќе биде објавена вечерва во 19:00 часот на нашите канали на ИнстаграмФејсбук и Јутјуб.