сабота, 13 јуни, 2026
Meta.mk

Ознака: Португалија | 44 резултати

Наставници од земјава ќе учат како да применуваат нови методи во наставата

мај 12, 2025

Институтот за применети истражувања за бизнис од Скопје, ќе обучува тренери кои потоа ќе ги учат нашите наставници како да им предаваат на учениците од новите генерации, кои се веќе навикнати на користење дигитални технологии. Претставници на Институтот, учествуваа во првата активност Учење-Предавање-Обука во рамките на Еразмус+ проектот „Wonder learning for digital natives/Чудесно учење за […]

Шпанија и Португалија во мрак: Милиони погодени од најголемиот прекин на струја во последните години

април 28, 2025

Масовен прекин на струја вчера го парализираше поголемиот дел од Шпанија и Португалија, запирајќи ги возовите, оневозможувајќи телефонски услуги и исклучувајќи семафори и банкомати за милиони граѓани на Пиринејскиот Полуостров, јави Асошиејтед прес. Шпанската компанија за дистрибуција на електрична енергија, Ред Електрика, соопшти дека целосното обновување на струјата би можело да трае меѓу шест и […]

Португалската влада го отфрли предлогот на претседателот за репарации за ропството

април 28, 2024

Португалската влада го отфрли предлогот на претседателот на државата дека треба да „плати“ за ропството и другите злосторства од колонијалната ера, велејќи дека нема планови за репарации, а наместо тоа ќе се фокусира на продлабочување на меѓународната соработка „заснована на помирување на братските народи“, пренесува Гардијан. Активистите долго време апелираат до Португалија да се осврне […]

„Шорткат“ денеска со репортажа од Португалија, бевме во најстарата банка за храна

август 25, 2022

Екипата на „Шорткат“ летово беше во посета на Португалија, од каде што за најновата епизода што ќе се емитува денеска носиме репортажа за најстарата банка за храна во оваа земја, која што се бори против фрлањето на храна во отпад и за спречување на гладта меѓу луѓето. Во „Шорткат“ ќе може да се информирате и […]

РЕПОРТАЖА: Банките за храна во Португалија можат да прехранат до 4 отсто од целокупното население [фото]

август 25, 2022

Португалија има над 10 милиони жители и дури 21 банка за храна (food-banks), кои можат да прехранат до 4 отсто од целокупната популација на оваа земја-членка на ЕУ. Нивната главна цел е да се борат против фрлањето на разните видови на храна како отпад, а обезбедените вишоци од разни оператори на храна да ги насочат […]

Следните 15 дена во Црна Гора задолжително e носењето заштитни маски

јули 29, 2022

Поради влошување на епидемиската состојба предизвикана од коронавирусот во Црна Гора во следните 15 дена ќе биде задолжително носење заштитни маски. Здравствените власти исто така упатија апел до граѓаните да се вакцинираат против ковид-19, пренесе црногорскиот портал Вијести. Директорот на Институтот за јавно здравје Игор Галиќ изјави дека е воведено задолжително носење заштитни маски во […]

Кравињо: Не очекувам повторно да се покрене билатералното прашање со Бугарија

јули 26, 2022

За време на својата прва официјална посета на Северна Македонија, португалскиот министер за надворешни работи Жоао Гомес Кравињо, истакна дека неговата земја ќе ја даде потребната политичка, техничка и друга поддршка во текот на преговарачкиот процес за пристапувањето во ЕУ и дека не очекува во преговорите повторно да се покрене билатералното прашање со Бугарија. Кравињо […]

Климатски промени: Црвен метео аларм поради високите температури во Британија, пожари низ Европа

јули 18, 2022

Велика Британија се подготвува за историскиот топлотен бран, а метеоролозите предвидуваат дека температурите денеска и утре ќе надминат 40 целзиусови степени. Црвен метео аларм поради високите температури е прогласен во Велика Британија, при што здравствените власти ги предупредуваат граѓаните дека ваквите температури може да предизвикаат здравствени проблеми или смрт не само кај граѓаните кои се […]

По поразот од Португалија, Македонија останува без настап на Светско првенство во фудбал

март 29, 2022

Фудбалската репрезентација на Македонија не успеа да ја помине последната пречка што ја делеше од настап на Светското првенство во Катар. Со резултат 2:0 заврши финалниот меч од баражот помеѓу Португалија и Македонија што вечерва се одигра на стадионот „Драгао“ во Порто. Стрелец на двата гола беше португалскиот репрезентативец и фудбалер на Манчестер Јунајтед, Бруно […]

Вечерва на стадионот „Драгао“ во Порто, Македонија игра за прво учество на еден мундијал

март 29, 2022

Вечерва, со почеток во 20:45 часот на стадионот „Драгао“ во Порто ќе започне фудбалскиот натпревар во кој Македонија игра против Португалија. Победникот на овој натпревар ќе обезбеди пласман на Светското фудбалско првенство во Катар. Ако македонската репрезентација успее да победи, тоа ќе значи прво учество на еден фудбалски мундијал од осамостојувањето на земјата. Селекторот Благоја […]

ФФМ повика на прослава: Се гледаме денеска на плоштад „Македонија“

март 25, 2022

Фудбалската федерација на Македонија преку Фејсбук денеска ги повика граѓаните повторно да се соберат на плоштадот „Македонија“ во центарот на Скопје. Прославата за дочекот на репрезентацијата на Македонија попладнево ќе започне во 18:30 часот. Според досегашните информации, фудбалската репрезентација на Македонија ќе пристигне околу 17:30 часот со летот од Палермо, по што фудбалерите ќе се […]

Македонскиот илустратор „Тхе Мичо“ со своја изложба на „VianaCon“ во Португалија

октомври 6, 2021

Изложба на илустрации на македонскиот уметник Михајло Димитриевски, познат како „Тхе Мичо“, се одржува деновиве во градот Виана до Кастело во Португалија. Изложбата која започна на 2 октомври е дел од конвенцијата за модерни друштвени игри „VianaCon“, која викендов се одржа во кулурниот центар во овој португалски град. Освен тоа што обезбедува стотици различни игри […]

Шекеринска-Гомеш Кравињу: Северна Македонија и Португалија за првпат почнуваат соработка во одбраната

јули 23, 2021

Сојузништвото во НАТО ги јакне одбранбените врски меѓу Северна Македонија и Португалија – било речено на средбата на министрите за одбрана Радмила Шекеринска и Жао Гомеш Кравињу, синоќа во Лисабон, каде што делегација од Министерството за одбрана и од Армијата предводена од министерката е во дводневна официјална посета. Шекеринска била дочекана од португалскиот колега со […]

Заев: МНР ќе ја провери автентичноста на изјавата на португалската министерка и ќе реагира

јуни 29, 2021

Премиерот Зоран Заев најави дека македонското Министерство за надворешни работи (МНР) ќе ја провери автентичноста на изјавата на португалската државна секретарка за европски прашања, Ана Паула Закариаш – дека македонскиот некогаш бил дел од бугарскиот јазик, по што ќе уследи соодветна реакција, извести „360степени“. Португалската државна секретарка за европски прашања во разговор со новинари во […]

Делта сојот на ковид-19 се шири во Португалија, Индонезија, Австралија и во рускиот главен град

јуни 28, 2021

Португалија, Австралија, Индонезија и рускиот главен град Москва регистрираат наголемувачки бројки на заболени лица од ковид-19 како последица на делта сојот, кој првично беше регистриран во Индија. Португалија минатата недела воведе нови рестрикции, наредувајќи им на рестораните во Лисабон да затворат порано од нивното работно време. Дури 70 отсто од новозаболените лица од ковид-19 во […]

Заев: Во предлогот на Португалија за спорот меѓу Северна Македонија и Бугарија, вклучени се очекувањата на двете страни

мај 24, 2021

Португалското претседателство со ЕУ во понудениот предлог за решавање на спорот меѓу Северна Македонија и Бугарија, што во петокот во Скопје го презентираа министерот за надворешни работи на Португалија, Агуста Сантош Силва и еврокомесарот за проширување и соседска политика Оливер Вархеји, ќе води грижа да бидат вклучени очекувањата на двете страни, изјави денеска премиерот Зоран […]

Португалско претседателство – ништо спектакуларно во најава

јануари 15, 2021

Од 2010 година, по Лисабонскиот договор, покрај програмата на претседателството на ЕУ, кое трае шест месеци, се воведе и Програма на т.н Трио. Триото го сочинуваат три држави кои редоследно претседаваат со ЕУ. Во програмата на Триото Германија – Португалија – Словенија (1 јули 2020 година – 31 декември 2021 година) изрично се поздрави одлуката […]

Во Грција објавено две години старо видео од Бразил со кое се дезинформира јавноста за Ковид-19

мај 19, 2020

Во рамките на својата програма за борба против дезинформациите и лажните вести, што на Балканот многу лесно ги минуваат границите и бргу осамнуваат во медиумите на друга држава и понекогаш и на друг јазик, „Мета.мк“ редовно пренесува што е актуелно кај сродните сервиси за проверка на фактите и борба против дезинформациите во регионот, односно од […]

Oсуммина загинати во пожар во зграда во Португалија

јануари 14, 2018

Во пожар што вчеравечер зафатил еден кат од зградата на Граѓанскиот дом во Вила Нова да Раиња, приградска населба на Тондела, околу 250 километри северно од Лисабон, загинаа најмалку осум лица, а најмалку 35 се повредени, објавија локалните власти. Пожарот избувнал откако експлодирал котел за парно греење, а во тој момент во Граѓанскиот дом имало […]

Високите температури предизвикаа пожари во Грција, Португалија и на Корзика

август 14, 2017

Високите температури и сувиот воздух предизвикаа нови пожари на југот на Европа, а најмногу во Грција, Португалија и на Корзика. Пожарот што изби во село кај Атина, уништи неколку куќи и го примора локалното население да ги напуштат домовите. На францускиот остров Корзика поради пожари евакуирани се околу 1.000 луѓе. Пожарите избувнале во четвртокот, пренесуваат локалните […]

Страна 1 од 2