недела, 18 јануари, 2026
Meta.mk

Ознака: ДИЖС | 29 резултати

Два дела од малата депонија со линдан во ОХИС се целосно исчистени, извезени се 960 тони отпад

28 јануари 2023

Два дела од малата депонија со линдан во ОХИС се целосно исчистени, а 960 тони отпад се веќе извезени во Франција. Спакувана е и контаминираната почва извадена од исчистениот дел од депонијата во седум метални контејнери. Од нив три се веќе извезени во Германија заради деконтаминација, а останатите четири чекаат да се извезат исто така […]

ДИЖС: Државата треба да обезбеди средства за решавање на арсенот во Лојане и отпадниот гипс во Згрополци

1 септември 2022

Државниот инспекторат за животна средина (ДИЖС) врши инспекциски надзори и од извршените контроли на старите еколошки загадувања само го известува Министерството за животна средина, но нема други обврски поврзани со санирањето на жешките еколошки точки во земјава. „Министерството треба да обезбеди средства овие локации да бидат прописно заградени и означени, како и да обезбеди средства […]

„Шорткат“ денеска со репортажа од Португалија, бевме во најстарата банка за храна

25 август 2022

Екипата на „Шорткат“ летово беше во посета на Португалија, од каде што за најновата епизода што ќе се емитува денеска носиме репортажа за најстарата банка за храна во оваа земја, која што се бори против фрлањето на храна во отпад и за спречување на гладта меѓу луѓето. Во „Шорткат“ ќе може да се информирате и […]

Статус кво со изградбата на регионалната депонија во Свети Николе, постојните депонии се палат

11 јули 2022

Наместо меѓународен тендер за избор на компанија што ќе ја гради модерната регионална депонија кај овчеполското село Мечкуевци, источниот дел на Македонија се соочува со палење на постојните депонии и енормно загадување на воздухот во летните месеци. Откако Општина Свети Николе на почетокот од годинава се изјасни дека е против изградбата на регионалната депонија на […]

Огромни 85,8 отсто од отпадните индустриски води се испуштаат непрочистени во природата [инфографик]

13 јуни 2022

Испуштените води од индустријата во земјава во огромно мнозинство се вливаат како непречистени во македонските реки, езера и акумулации. Овој алармантен податок го објави Државниот завод за статистика и за 2021 година. Од вкупно испуштените води од индустријата, само 14,2 отсто лани биле пречистени. Преостанатите 85,8 отсто од индустриските води биле испуштени како непречистени во […]

Криминалистичката полиција ефикасно да ги открива случаите на еколошки криминал

4 јуни 2022

Загадување на воздухот, водата, почвата, деградација на дивиот свет, намалување на биодиверзитетот и нарушување на еколошката рамнотежа. Секојдневно живееме многу аспекти на еколошкиот криминал. Експертите посочуваат дека ќе има вистинска борба со еколошкиот криминал, само ако криминалистичката полиција ефикасно ги открива делата и собира доволно докази, за да може на основа на тоа да поднесе […]

Kонтролите на инспекторите за животна средина што ги прават кај загадувачите ќе бидат јавни преку нова дигитална платформа

11 април 2022

Државниот инспекторат за животна средина (ДИЖС) денеска го промовираше Дигиталниот регистар за субјекти на инспекциски надзор и инспекциски извештаи, во кој се содржани сите податоци за компаниите кои имаат А и Б-интегрирани дозволи и елаборати и инспекциските надзори кои се извршени кај нив. Регистарот, кој е изработен во соработка со Институтот за комуникациски студии (ИКС) […]

ДИЖС лани бил во Јегуновце, неправилности со прочистување на шестовалентниот хром не утврдил

29 март 2022

Пред една година, Државниот инспекторат за животна средина (ДИЖС) за последен пат бил во инспекциски надзор на пречистителната станица за отпадни води во фабриката „Југохром“ во Јегуновце. На барање на Мета.мк, од ДИЖС добивме информација дека на 24 март 2021 година бил извршен редовен инспекциски надзор, при што не биле утврдени неправилности во работењето при […]

Во „Дрисла“ не се селектира и рециклира отпад, иако Скопскиот регион создава најмногу ѓубре

15 март 2022

Скопската депонија „Дрисла“ е најголема локација каде што се одлага отпадот на национално ниво, но која што до денешен ден не поседува секундарен центар за селекција на отпад и постројки за рециклирање на отпадот. Пред три недели беше пуштен во употреба модерен стерилизатор за третман на медицинскиот отпад (автоклав), но другите видови на отпад се […]

„Разбистри сè“ реагира на изјавата на Морачанин, тврдат дека соработката со Петровска и ДИЖС била на високо ниво

5 август 2021

Алијансата „Разбистри сè“, во која членуваат 29 граѓански организации, денеска реагираше на образложението на претседателката на партијата ДОМ, Маја Морачанин околу причините за разрешувањето на директорката на Државниот инспекторат за животна средина Ана Петровска. Од Разбистри сè“, во соопштение до јавноста посочуваат дека Морачанин ги злоупотребува наодите на Алијансата за работата на Државниот инспекторат за […]

ДИЖС: 3.000 евра казна за запалена депонија во Велес

30 јули 2021

На 29 јули, државен инспектор за животна средина изврши надзор на запалена депонија во Велес, од која беше загаден и воздухот во градот, информираат од Државен инспекторат за животна средина. „По надзорот, изречена е казна од 3.000 евра во денарска противвредност и издадена е наредба за примена на законски пропишани технички услови (дневно прекривање со […]

ДИЖС со 20.000 евра казна за компанија што испуштила мазут во Вардар

30 јули 2021

По пријава од граѓани за излеана темна дамка во реката Вардар кај Градско, државен инспектор за животна средина темелно ги истражи можните извори и утврди дека излевањето потекнува од оранжериите Вардар АД од Градско. Според информациите, мазутот не се користел и истекувањето се случило од небрежност и неодржување на складиштето со преостанатите резерви. „За правното […]

ДИЖС по проверките за загадената вода во канали за наводнување во Кочанско нема да ја затвори „Пејпер Мил“

4 јуни 2021

Државниот инспекторат за животна средина (ДИЖС) информира дека, по пријавување за загадување на водите во Кочанско, спроведен е надзор на посочени локации на западниот и на источниот дел на градот. Во западната зона немало основа за постапување на инспектор, бидејќи белата течност што била забележана покрај патот потекнува од излевање на шахта на колекторот поради […]

ДИЖС: „Пејпар Мил“ мора да го контролира испуштањето на отпадните води согласно наредбата на инспекторот

28 април 2021

По рестартирањето на „Пејпар Мил“, обоени отпадни води се испуштаат во отворен канал што потоа се влива во Оризарска Река, а водата од реката, заедно со водите од хидроакумулациите Калиманци и Градче, се користи за наводнување на оризовите полиња, информираат од Државниот инспекторат за животна средина (ДИЖС). „Државен инспектор за животна средина на 26 април […]

ДИЖС најави кривична пријава за палењето трски во Струшко

28 април 2021

По извршениот надзор од страна на Државниот инспекторат за животна средина и инспектори од Одделението за внатрешни работи од Струга на опожареното земјиште на потегот од плажите Версус, Аквариус и ресторанот Аполонија, во насока кон селото Калишта, Струшко, ќе биде спроведена истрага за откривање на сторителот, против кого ќе се поднесе кривична пријава, информираат од […]

ДИЖС и амбасадата на САД го одбележаа Светскиот ден на планетата Земја со посета на жариштето ОХИС

22 април 2021

Оваа година Светскиот ден на планетата Земја (22 април) се одбележува под мотото „Да ја обновиме Земјата”, а една од темите што глобално се обработуваат е „Чистење и многу повеќе”. По тој повод, директорката на Државниот инспекторат за животна средина (ДИЖС), Ана Петровска, заедно со претставници на амбасадата на САД, Ендру Мофат и Розита Мреноски, […]

ДИЖС поднесе кривична пријава до ОЈО за палење трски и насипување шут во Охридското Езеро во струшко

9 април 2021

Државниот инспекторат за животна средина (ДИЖС) во соработка со Одделението за внатрешни работи (ОВР) Струга поднесе кривична пријава до надлежното Јавно обвинителство за лице што ангажирало градежна механизација за насипување и рамнење на дел од крајбрежјето со шут и земја во Охридското езеро во Струшко. „На локацијата исто така беа забележани и траги од опожарена […]

ДИЖС: Забрана за работа на асфалтна база во Куманово заради прекумерно загадување на воздухот

16 март 2021

Државниот инспекторат за животна средина на 5 март извршил вонреден надзор на асфалтната база Кооп инженеринг ДОО во Куманово, информираат од таму. Граѓаните од населбите Железничка станица, Бедиње и Черкези доставиле видео-запис на кој можел да се види емисија на густ чад, поради што во текот на ненајавениот надзор се извршија мерења на отпадни гасови […]

ДИЖС: Казни за горење трска и насипување земја на струшкото крајбрежје

13 март 2021

Инспектор од Државниот инспекторат за животна средина, по дојава на Министерството за внатрешни работи, на 5 март направи контрола на запалена трска на струшкото крајбрежје на потегот кон с. Калишта, информираат од таму. „Оваа нелегална активност на палење трски, со цел формирање плажи или платформи на крајбрежјето, е честа во март и април. Со цел […]

ДИЖС ќе врши надзор на санацијата на депонија Русино која ќе започне во март

19 февруари 2021

Од следниот месец ќе започне санација на депонијата Русино, а интервентните мерки за контрола на исцедните води од депонијата и организациските подобрувања на приемот и отстранувањето на отпадот ќе се следат од Државниот инспекторат за животна средина. Ова е договорено на координативната средба иницирана од Инспекторатот за животна средина со Центарот за развој на Полошкиот […]

Страна 1 од 2