fbpx
Таг: ДИЖС

таг: ДИЖС

ДИЖС поднесе кривична пријава до ОЈО за палење трски и насипување шут во Охридското Езеро во струшко

Државниот инспекторат за животна средина (ДИЖС) во соработка со Одделението за внатрешни работи (ОВР) Струга поднесе кривична пријава до надлежното Јавно обвинителство за лице што ангажирало градежна механизација за насипување и рамнење на дел од крајбрежјето со шут и земја во Охридското езеро во Струшко. „На локацијата исто така беа забележани и траги од опожарена трска. Овие активности резултираат со...

ДИЖС: Забрана за работа на асфалтна база во Куманово заради прекумерно загадување на воздухот

Државниот инспекторат за животна средина на 5 март извршил вонреден надзор на асфалтната база Кооп инженеринг ДОО во Куманово, информираат од таму. Граѓаните од населбите Железничка станица, Бедиње и Черкези доставиле видео-запис на кој можел да се види емисија на густ чад, поради што во текот на ненајавениот надзор се извршија мерења на отпадни гасови и прашина од страна...

ДИЖС: Казни за горење трска и насипување земја на струшкото крајбрежје

Инспектор од Државниот инспекторат за животна средина, по дојава на Министерството за внатрешни работи, на 5 март направи контрола на запалена трска на струшкото крајбрежје на потегот кон с. Калишта, информираат од таму. „Оваа нелегална активност на палење трски, со цел формирање плажи или платформи на крајбрежјето, е честа во март и април. Со цел да се спречи оштетување на...

ДИЖС ќе врши надзор на санацијата на депонија Русино која ќе започне во март

Од следниот месец ќе започне санација на депонијата Русино, а интервентните мерки за контрола на исцедните води од депонијата и организациските подобрувања на приемот и отстранувањето на отпадот ќе се следат од Државниот инспекторат за животна средина. Ова е договорено на координативната средба иницирана од Инспекторатот за животна средина со Центарот за развој на Полошкиот плански регион, општината и...

Инспекторат за животна средина: Природниот гас е единственото гориво што го користи БЕГ

Државниот инспекторат за животна средина (ДИЖС) препорачува дека се неопходни измени во Законот за енергетика со кои, наместо задолжување за набавка на мазут, како алтернатива на гасот, ќе се бара воведување на енергија од обновливи извори или од други еколошки енергенси. Бидејќи, доколку дојде до прекин на снабдување со гас во текот на грејната сезона во 2021 година, со...

Вардар повторно со боја на рѓа, Државниот инспекторат вели сѐ е во ред

Екипи на Државниот инспекторат за животна средина во текот на вчерашниот ден направиле увид во кругот на некогашна Железарница откако на социјалните мрежи се појавија снимки на кои се гледа дека од еден од канализационите испусти на реката Вардар на излез од Скопје излегува црвеникаво-кафеава валкана вода, но не утврди од каде доаѓа загадувањето. Денес, ДИЖС излезе со соопштение...

Загадувачите во Скопје работат турбо, а инспекторите до 16.30 часот поради короната

Инспекциите немаат сознанија што е причината на високото загадување на воздухот во Скопје измерено синоќа во текот на ноќните часови. Од Државниот инспекторат за животна средина, во чија надлежност се контролите над големите индустриски капацитети во градот, со А интегрирани дозволи, велат дека вршат редовни контроли според планот за месец март, иако имаат скратено работно време поради епидемијата со...

Државниот инспекторат не нашол неправилности во погонот за отпад на „Еко клуб 95“

Ги видов снимките оти ги имаше насекаде по социјалните мрежи и по медиумите, беше одговорот на Хусни Тачи, државниот инспектор за животна средина на прашањето дали ги видел снимките направени од страна на градскиот инспектор, Мирослав Богдановски во погонот на „Еко клуб 95“ на кои се гледаат расфрлани крвави завои, шприцеви и друг вид медицински отпад, како и животни...

Од големите загадувачи, инспекторите утврдиле проблеми и ја казниле само „Дрисла“

Инцинераторот, односно направата во која гори медицински отпад во скопската депонија „Дрисла“ е единствениот од 15-те големи капацитети контролирани од Државниот инспекторат за животна средина (ДИЖС), за кој во последниов период се изречена казнени мерки. „Дрисла“ доби казна од 8.500 евра и обврска до средината на февруари да вгради соодветни филтри. Директорот на инспекторатот, Мирослав Богдановски денеска, презентирајќи ги програмата за...

ЕУ воведе санкции кон Русија поради смртта на Навални

Вчера Европската Унија одговори на смртта на рускиот опозиционер Алексеј Навални со нови санкции, јавува ДПА повикувајќи се на дипломатски извори. Санкциите претходно ги најави шефицата на германската дипломатија Аналена...