петок, 14 ноември, 2025
Meta.mk

Ознака: репортажа | 37 резултати

Автобуско метро во Римини – побрз јавен превоз налик на она што му треба на Скопје [галерија]

1 септември 2023

Приморскиот град Римини е единствен во Италија којшто има воведено брз автобуски систем (автобуско метро) и е проект сличен на оној што повеќе од две години го кочи со реализација скопската градоначалничка Данела Арсовска во македонскиот главен град. Мета.мк направи репортажа за функционирањето на БРТ системот во Римини, град со околу 150.000 жители, којшто во […]

ВИДЕО-СТОРИЈА: Кучињата „инспектори“ од Царина – преку ден трагачи на дрога и пари, навечер членови на семејството

11 август 2023

Марихуана, кокаин, хероин, екстази, амфитамини, евра, долари, фунти, оружје се само дел од работите кои петте ангажирани кучиња во К9 единицата при Царинската управа можат да ги „намирисаат“ при нелегален влез во државата. Во сторијата на Мета.мк направена во соработка со „А1он“, царинските службеници кои се грижат за овие кучиња, објаснуваат и демонстрираат како тече […]

Требичино – селото со двајца жители чија тишина сведочи за масовната миграција

29 јули 2023

Додека сонцето изгреваше над живописните предели, тргнаваме на патување до селото Требичино, сместено во ридско-планинските предели во струмичкиот регион. Порано препознатливото село по својата убавина и прекрасен пејзаж, денеска е само суров доказ за масовната емиграција што ги зафати населените места во овој регион, но и во целата држава. Тишината го исполнува воздухот додека се […]

[РЕПОРТАЖА] Студентскиот дом „Кочо Рацин“ во Битола – пример за добра соработка меѓу студентите и раководството

23 април 2023

Пет соби со сместувачки капацитет од 15 легла, кујна и мултимедијална училница, адаптиран пристап до сите простории и тоалети – вака изгледа објектот наменет за сместување на студенти кои се лица со попреченост во студентскиот дом „Кочо Рацин“ во Битола. Со овој сместувачки центар пуштен во употреба во април 2021 година, битолскиот студентски дом стана […]

Орев стар 150 години до станицата во Демир Капија го следи развојот на Македонските железници

2 април 2023

Штом се симнеш од возот на железничката станица во Демир Капија, не можеш а да не ги забележиш високите крошни дрвја лоцирани пред самиот влез во станичниот објект, веднаш до неодамна изграденото детско игралиште. Дрвјата засадени пред железничката зграда одамна ја надминале нејзината висина, но малкумина знаат дека токму тие се стари исто колку што […]

Мисијата на Дионис ја преземаат синовите: Музејот на олдтајмери во Неготино ја сонува иднината за нов објект

5 февруари 2023

Љубовта кон колекционерството и страста кон олдтајмерите на Дионис Пашлаков ретко кој во Македонија не ја осозна во документарниот филм „Avec l’amour“ („Со љубов“), во режија на Илија Цветковски. Овој документарец беше прикажан пред повеќе од пет години во земјава, преку кој македонските граѓани можеа да се запознаат со Музејот на олдтајмери во Неготино. Пред […]

Шорткат: Репортажа од првиот ранч со програма за хипотерапија

6 октомври 2022

Главна тема во најновата епизода на „Шорткат“ е ранчот „Контрисајд“, кој е прв во земјава што работи со програма за хипотерапија за лицата со посебни потреби. Од ранчот во општина Ранковце направивме репортажа, која што ќе можете да ја погледнете вечерва со почеток од 19 часот. Во „Шорткат“ информираме и за тоа како помина првиот […]

„Шорткат“ денеска со репортажа од Португалија, бевме во најстарата банка за храна

25 август 2022

Екипата на „Шорткат“ летово беше во посета на Португалија, од каде што за најновата епизода што ќе се емитува денеска носиме репортажа за најстарата банка за храна во оваа земја, која што се бори против фрлањето на храна во отпад и за спречување на гладта меѓу луѓето. Во „Шорткат“ ќе може да се информирате и […]

РЕПОРТАЖА: Банките за храна во Португалија можат да прехранат до 4 отсто од целокупното население [фото]

25 август 2022

Португалија има над 10 милиони жители и дури 21 банка за храна (food-banks), кои можат да прехранат до 4 отсто од целокупната популација на оваа земја-членка на ЕУ. Нивната главна цел е да се борат против фрлањето на разните видови на храна како отпад, а обезбедените вишоци од разни оператори на храна да ги насочат […]

РЕПОРТАЖА: Лисабон – град на шармантните стари трамваи и модерно метро [галерија]

31 јули 2022

Лисабон со право е една од најпосакуваните туристички дестинации во Европа поради богатото културно-историско наследство и неодоливата гостопримливост на неговите жители, збогатена со фактот дека градот е лоциран на брегот на Атланскиот океан. Сепак, едно парче од мозаикот што го прави Лисабон незаборавно место за патување е високоефикасниот и разновиден јавен превоз, кој е неизоставен […]

Светски ден на пчелите: Подарете ѝ љубов и внимание, пчелата ќе ви возврати многу повеќе

20 мај 2022

„Не плашете се, сега се разиграни поради топлото време и нема да ви направат ништо сѐ додека не се почувствуваат вознемирено, а се разбира имате и посебен шешир кој ве штити од убоди“, со овие зборови, во пријатна атмосфера, под топлото мајско сонце, од кое бевме заштитени преку специјализиараните шешири за одгледувачи на пчели, го […]

Да се биде велосипедист во Скопје значи да си учесник во сообраќајот од втор ред

15 мај 2022

Исечени столпчиња за заштита на велосипедските патеки, паркирани автомобили на просторот каде што треба да се движат велосипедистите, необележани или несоодветно обележани велосипедски патеки, неискастрени гранки од дрва што висат над патеките, контејнери за отпад на патеките и бројни шајки, стакло, песок и други опасни материи за гумите на велосипедите. Ова е грдата слика од […]

По возови и железнички станици, украинските бегалци во очај бараат безбедност во земјите од Средна Европа

25 март 2022

Преморени, очајни, дел во плач, а дел збунети. Ова е генералната слика за украинските бегалци коишто изминативе недели ги преплавија земјите од Средна Европа. Откако Русија ја започна воената агресија врз Украина, над 3,5 милиони лица се одлучија да ги напуштат своите домови и да заминат во странство. Со гранатирањата, Русија уште во првите денови […]

Нова епизода на „Шорткат“, во фокус зелените проекти предложени од младите за идните градоначалници

14 октомври 2021

Во седмата епизода на емисијата „Шорткат“ се обработуваат две главни теми кои се актуелни периодов. Во пресрет на првиот круг од локалните избори што ќе се одржат на 17 октомври, со еколошкото здружение „Гоу Грин“ и младински активисти говоревме за идеите и проектите предложени од младите за зелени општини, коишто беа доставени до кандидатите и […]

Шеста епизода на „Шорткат“, во фокус темата за условите за возење велосипед низ Скопје

7 октомври 2021

Емисијата за млади „Шорткат“ и овој четврток ги издвојува најважните вести и настани од изминатата недела. Во најновата епизода известуваме за почетокот на новата академска година, која, исто како и минатата, започна во пандемиски услови. Ги потсетуваме студентите да аплицираат за субвенциониран оброк и за државни стипендии. И покрај ветувањата на властите дека годинава ќе […]

РЕПОРТАЖА: Не секоја скопска населба нуди нормални услови за возење велосипед [фото]

17 јули 2021

Скопје за првпат во својата историја годинава ја надмина должината од 100 километри велосипедски патеки на својата територија, а градските власти се гордеат со податокот дека секоја година успеваат да изградат над 10 километри нови велосипедски патеки во главниот град. Градот Скопје пред две години за прв пат го доби и Планот за унапредување на […]

Некогаш царска, Софија сега живее и „се вози“ во 21. век (репортажа)

21 јуни 2021

Според многумина „главната“ софиска улица „Витоша“, односно како што многу почесто ќе чуете од софијанци „Витошка“, во вечерта на денот кога официјално беше соопштено дека во Бугарија пристигнал особено опасниот „индиски“ сој на корона вирусот не оддаваше впечаток дека се случува нешто невоообичаено, а не пак дека во земјата стасала нова опасна закана. Во четвртокот […]

РЕПОРТАЖА: Црно ѝ се пишува на пругата Велес-Кочани по завршувањето на новите патишта на Истокот

18 октомври 2020

Од Скопје до Штип со автомобил се стасува за 45 минути по новиот автопат којшто лани беше пуштен во употреба. Наредната година ќе биде отворен целосно за сообраќај и експресниот пат Штип-Кочани, по кој меѓу главниот град и Кочани ќе може да се стигнува за помалку еден и пол час. Источниот дел од Македонија како […]

Пештерата „Убавица“во Гостиварско: Величествена пештера, која е толку блиску, а сепак далеку

14 септември 2020

Примамени од понудата на една од членките на СТЕП – Спелеоклуб „Кораби“, решивме да го прифатиме понудениот предизвик, и од Тетово да отпатуваме за Гостивар, заедно со членовите на СТЕП од Тетово, Хајрулах, сопственик на хотел „Скардус“ и Садик, лидер на брендот „Пеактрип“, од здружението „Просивик“, не знаејќи што всушност нè чека. Сè што имавме […]

„Мета.мк“ помеѓу граѓаните кога стигна веста за првиот ковид-19 пациент во Македонска Каменица

25 јули 2020

Марија Мицевска има 77 години. Вели дека е особено внимателна, што беше и забележително, затоа што иако се движеше сама по улицата во Македонска Каменица, на носот и устата ја имаше ставено заштитната маска. Кога побаравме да ја фотографираме, ја симна за да ѝ се види лицето. „Послушни сме, внимаваме колку можеме. Младите се послободни, […]

Страна 1 од 2