Во вечерашната епизода на „Шорткат“ третираме нова жешка еко-точка: Отпадниот гипс кај Велес

Огромни количества на отпаден гипс од некогашното работење на Хемиската индустрија Велес се складирани во ридиштата кај селото Згрополци, помеѓу автопатот и стариот пат меѓу Велес и Градско. Станува збор за една од жешките еколошки точки во земјава која што не е санирана, и покрај тоа што постои стравување дека отпадниот гипс е радиоактивен. Екипата на „Шорткат“ беше на локацијата и во најновата епизода ќе може да погледнете прилог од самата локација.

Во најновиот „Шорткат“ што ќе се емитува вечерва информираме и за прелиминарните резултати од државната матура што се одржа годинава, но и за огромниот интерес што владее меѓу учениците за запишување во средно стручно образование. Во „Шорткат“ информираме и за целосната стипендија што ја доби 13-годишниот математички гениј Или Морина, кој има можност да го продолжи средното образование во Maarif International School.

„Шорткат“ вечерва ќе предупреди и на зголемената потрошувачка на вода за пиење во летните месеци во Скопје, кога всушност треба и најмногу да ја штедиме. Бевме и на Д Фестивалот во Дојран, од каде што пренесуваме импресии за тоа како помина музичкиот настан.

Новата епизода на „Шорткат“ ќе биде објавена вечерва во 19:00 часот на нашите канали на ИнстаграмФејсбук и Јутјуб.