недела, 19 април, 2026
Meta.mk

Ознака: загуби на вода | 39 резултати

Апсурд: Најголем дел од водата за пиење се губи пред да стигне до граѓаните [инфографик]

јуни 25, 2023

Наместо да ја користат граѓаните или компаниите, најголемото количество од водата за пиење во Македонија се губи во водоводните системи на јавните претпријатија. Загубите на вода за пиење во услови на непредвидливите климатски промени со кои се соочува земјава не се сфаќаат сериозно, што пак може во иднина да доведе до сериозни проблеми со водоснабдувањето […]

Скопското „Водовод и канализација“ до крај на 2021 должи на државата околу 3 милиона евра

мај 23, 2023

Скопското Јавно претпријатие (ЈП) „Водовод и канализација Скопје“ на државата ѝ должи околу три милиона евра неплатени надоместоци за користење и испуштање одводни води за период од повеќе години, гласи еден од главните заклучоци на конечниот ревизорски извештај на „ЈП Водовод и канализација Скопје“ за 2021 година, изготвен од Државниот завод за ревизија (ДЗР). Конечниот […]

Наместо да се намалува, расфрлањето со вода за пиење во Македонија расте [инфографик]

мај 20, 2023

Македонските општини минатата година не воделе грижа за намалувањето на загубите на вода за пиење во водоводните системи, со кои управуваат нивните јавни комунални претпријатија. По период од четири години во кој континуирано се намалуваше процентот на неприходувана вода, лани за првпат е забележан негативен тренд на пораст на загубите на вода за пиење. Дури […]

Молк од скопски „Водовод“ за загубите на вода за пиење кои достигнуваат 60 отсто

април 20, 2023

Нетранспарентен однос од скопското јавно претпријатие „Водовод и канализација“, кое повеќе од еден месец не сака да одговори на прашањата на Мета.мк во однос на тоа што преземаат за да се намали постојниот процент на загуби на вода за пиење во скопскиот водоводен систем. Процентот на неприходувана вода за пиење за 2022 година во Скопје […]

Огромни разлики во загубите на вода кај општините, заемот од ЕИБ треба да се искористи паметно [инфографик]

јануари 8, 2023

Во Македонија има драстични разлики кај процентот на неприходувана вода за пиење во водоводните системи, така што претстојниот заем од 50 милиони евра од Европската инвестициска банка (ЕИБ) треба да се искористи паметно. Податоците на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕВУ) покажуваат дека загубите на вода за пиење кај јавните комунални претпријатија се […]

Инвестициите во животна средина на 62,7 отсто реализација, загадувачот не секогаш плаќа за хаваријата

декември 13, 2022

Државната програма за инвестирање во животната средина за периодот 2019-2021 година има реализација од 62,7 отсто, а средствата од буџетот на Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖССП) не се доволни за финансирање на активностите во областа воздух и заштита на природата. Само 37 отсто од општините имаат приходи по основ на надоместоци за […]

Со 50 милиони евра, ќе се подобрува водоснабдувањето во сите општини низ земјава

ноември 23, 2022

Високиот процент на загуби на вода за пиење, изведбата на водоснабдителни системи за одредени населени места, реконструкцијата на постојните водоводи и други проблеми со водоводната инфраструктура во земјава ќе можат да се решат со најновиот заем во висина од 50 милиони евра, за којшто земјава денеска го потпиша договорот со Европската инвестициска банка (ЕИБ). Средствата […]

Политиките за животна средина и клима високо целат, но малку се имплементираат

ноември 17, 2022

Европските директиви кои ги засегнуваат прашањата од животната средина и климатските промени се генерално имплементирани во домашното законодавство, но и понатаму недостасува ефикасна имплементација. Сè уште не е донесен Законот за климатска акција, најголемите енергетски капацитети работат без А-интегрирани дозволи, амбициозните климатски политики не се во согласност со актуелните активности, принципот загадувачот плаќа не се […]

Во вечерашната епизода на „Шорткат“ третираме нова жешка еко-точка: Отпадниот гипс кај Велес

јули 7, 2022

Огромни количества на отпаден гипс од некогашното работење на Хемиската индустрија Велес се складирани во ридиштата кај селото Згрополци, помеѓу автопатот и стариот пат меѓу Велес и Градско. Станува збор за една од жешките еколошки точки во земјава која што не е санирана, и покрај тоа што постои стравување дека отпадниот гипс е радиоактивен. Екипата […]

Рушиме рекорди, во летниот период потрошувачката на вода за пиење се зголемува за 15 отсто [инфографик]

јули 4, 2022

Општата хидролошка состојба во државата не е поволна, а тоа се одразува и на издашноста на изворот „Рашче“ од каде Скопје се снабдува со вода за пиење. Во моментов, двете каптажи на изворот „Рашче“ даваат околу 3.600 литри во секунда, информираат за Мета.мк од скопското јавно претпријатие „Водовод и канализација“. И покрај намалената издашност поради […]

Загубите на вода за пиење во Скопје лани достигнале над 60 отсто [инфографик]

март 22, 2022

На 22 март се одбележува Светскиот ден на водите, на којшто меѓу другото, секое општество покажува колку ја вреднува и цени водата за пиење која како ограничен ресурс ја користи. Во Скопје, со години наназад процентот на неприходувана вода во водоводниот систем се движи околу 60 проценти, што е исклучително негативен процент во однос на […]

Граѓаните бараат казни за загадувачите и чиста вода за пиење во домовите

декември 27, 2021

Почест мониторинг на квалитетот на водата за пиење, населението директно да се информира за резултатите од мерењата и да се обезбеди еднаков пристап до вода за пиење за сите граѓани во државата преку инвестиции во нова и одржување на постојната инфраструктура. За поефективна контрола и санкционирање на загадувачите потребен е редовен инспекциски надзор, како и […]

Европската Комисија бара да се вложи поголем напор за намалување на загубите на вода за пиење во земјава

октомври 21, 2021

Огромните загуби на водата за пиење во водоводните системи во земјава и годинава се најдоа во Извештајот за реформскиот напредок на земјава за 2021 година изработен од Европската Комисија (ЕК). Во Извештајот од македонските власти се бара да вложат дополнителен напор во намалување на процентот на неприходувана вода на национално ниво, а ваквата констатација на […]

Рестрикции на вода за пиење во некои општини, рушиме европски рекорди во загуби на вода [инфографик]

јули 9, 2021

Рестрикции на вода за пиење во траење од неколку часа во цели населени места и незадоволство од граѓаните, како и апели од јавните комунални претпријатија за рационално користење на водата за пиење. Ова е сликата во делот на водоснабдувањето низ дел од македонските општини во изминативе недели на високи температури и сушно време. Клучната причина […]

Лани сме ја зголемиле потрошувачката на вода за пиење колку што вкупно користи Североистокот на земјава годишно [инфографик]

јуни 22, 2021

Во Македонија расте потрошувачката на вода за пиење низ годините, при што минатата година од водоводните системи биле зафатени и преземени рекордни количества на питка вода од природата. Според податоците на Државниот завод за статитистика, во 2020 година од јавните водоводи во земјава биле произведени вкупно 313.031.000 метри кубни питка вода, односно за речиси 10 […]

Во завршна фаза проект за надминување на загуби на вода во ЈП Водовод и канализација – Скопје

јуни 11, 2021

ЈП Водовод и канализација – Скопје, во насока на унапредување и подобрување на услугите за граѓаните, работните процеси како и системот во целост, во соработка со Водовод Будимпешта, и со грант од инструментот Western Balkans Green Center (WBGC), основан во Унгарија за поддршка на зелената транзиција во земјите од Западен Балкан, спроведе проект за намалување […]

Загубите на вода за пиење во водоводните системи низ земјава лани биле намалени за 2,7 отсто [инфографик]

мај 3, 2021

Процентот на неприходувана вода во водоводните системи низ земјава лани бил намален за 2,7 отсто. Расте свесноста на јавните комунални претпријатија низ земјава за важноста да се намалат загубите на вода за пиење, кои во 2018 година изнесуваа 67,55 отсто, додека во 2020 година се намалени на 61,94 отсто, покажуваат податоците на Регулаторната комисија за […]

Загубите на вода за пиење во скопскиот водоводен систем лани изнесувале 60,46 отсто [инфографик]

април 28, 2021

Процентот на неприходувана вода за пиење во главниот град останува горлив проблем, кој не бил надминат лани. Во 2020 година била евидентирана загуба на вода во скопскиот водоводен систем од 60,46 отсто, што претставува минимално намалување во споредба со 2019 година, покажуваат податоците на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги. „Согласно податоците на ЈП […]

На водата како јавно добро во Македонија помислуваат само оние кои немаат пристап до неа

март 23, 2021

Светскиот ден на водата – 22 март вчера беше симболично одбележан во нашата земја од страна на властите, а активностите за подигање на свеста за важноста на водата како природен ресурс повторно натежнаа кон невладините организации. Општ заклучок е дека свеста кај мнозинството граѓани за важноста на водата како јавно добро е на ниско ниво, […]

Загуби на вода за пиење – дел од општините молчат, дел се свесни за огромните загуби што се прават во системите

март 9, 2021

Општините со најголеми загуби на вода за пиење во водоводните системи во Северна Македонија не се премногу расположени да зборуваат за огромниот проблем што го имаат во нивната инфраструктурна мрежа. Од седумте општини за кои Државниот завод за ревизија објави дека во 2019 година имале најголем процент на загуби на питка вода, „Мета.мк“ во два […]

Страна 1 од 2