fbpx
Таг: загуби на вода

таг: загуби на вода

Државните ревизори ги објавија општините со најголем процент на загуби на вода за пиење [инфографик]

Јавните претпријатија низ македонските општини преземаат недоволни мерки и активности за намалување на загубите на вода за пиење, заклучи Државниот завод за ревизија во Конечниот извештај за извршена ревизија на следење на препораките во Конечниот извештај на овластениот државен ревизор на тема „Ефективност на политиките, мерките и активностите при доделувањето на водното право“, со цел да се оцени степенот...

ЕСМ инвестира 3 милиони евра во реконструкција на хидроелектраната „Вруток“

есм хец вруток
Во хидроелектраната „Вруток“ што е во рамки на ХЕС „Маврово“, заврши главниот дел од реконструкцијата за санирање на водостанските шахти, за што беа инвестирани околу 3 милиони евра. Како што соопштуваат од Електрани на Северна Македонија, ЕСМ, со овој проект ќе овозможи драстично намалување на загубите на вода, зголемување на производството, заштита од ерозија на околниот реон, како и...

Вчерашниот дефект во скопскиот водовод доаѓа неколку дена по критиките од ЕУ за загубите на вода во земјава

Вчерашниот дефект на затворачот на водоводна цевка со дијаметар ф500мм на булеварот Кочо Рацин во центарот на Скопје повторно го отвори прашањето за тоа во каква состојба се наоѓа водоводната мрежа во нашите градови. Дотраените цевки стари по неколку децении, дивата потрошувачка на вода од несовесните граѓани, отсуството на прецизно мерење на потрошувачката на вода и користењето на питката...

ЈП Водовод и канализација – Скопје и Водовод Будимпешта ќе соработуваат за намалување на загубите на вода

Со грант од околу 122.000 евра добиен од Western Balkans Green Center (WBGC), ЈП Водовод и канализација – Скопје, во соработка со Водовод Будимпешта ќе го реализира проектот за „Намалување на ефектите од климатските промени, зголемување на ефикасноста на водоснабдувањето, употребата на енергија, планирање на реконструкции и обезбедување на непрекинато водоснабдување во определени зони во Скопје, главниот град на...

Општини како Тетово и Неготино и во 2020 година со часови имаат рестрикции на вода за пиење (видео)

Процентот на неприходувана вода во водоводните системи во земјава лани изнесувал дури 64,64 отсто од вкупното количество произведена вода за пиење. Додека во некои општини, како што е случајот со Скопје, милиони кубни метри вода се губат во дотраените водоводни цевки и диви приклучоци, одредени општини во земјава имаат недостигна питка вода и рестрикции во водоснабдувањето на населението. Water4Changes како...

Водовод и канализација – Скопје започнува кампања за пријавување на дивите приклучоци на вода

ЈП Водовод и канализација – Скопје започнува кампања со цел подигнување на јавната свест за заштита на водоснабдителниот и канализацискиот систем под мотото „Биди одговорен, однесувај се совесно“. За да се заштити системот за водоснабдување во Скопје, граѓаните кои имаат информација за злоупотреба на водоводниот систем преку диви приклучоци, можат да пријават на телефонот 02 3073 010 во Дежурно...

Акција за исклучување диви приклучоци на вода во скопски Сарај, Глумово и Шишево

Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Скопје со цел заштита на системот за водоснабдување спроведе акции за исклучување на диви приклучоци во скопските села Глумово, Шишево и Сарај. Против сите иматели на див приклучок на вода, поднесени се прекршочни пријави. „Дивите приклучоци се забранети со Закон (Закон за водоснадбување, член 23) и истите се утврдуваат од страна на овластен комунален...

Загубите на вода во водоводните системи лани биле намалени, но далеку од потребното ниво (инфографик)

Водоводните претпријатија лани успеале да го намалат нивото на неприходувана вода на национално ниво за приближно 3 отсто, но тоа е далеку од прифатливите меѓународни стандарди за процентот на загуби на вода за пиење во водоводните системи. Од 271.262.710 метри кубни вода, колку што била произведена од водоводните системи во земјава лани, дури 175.349.029 метри кубни вода (64,64 отсто)...

Инвестирањето во намалување на загубите на води е до 40 пати поевтино од барањето нови извори (инфографик)

Македонија е една од земјите во кои најголем потрошувач на водата за пиење се самите системи за снабдување со вода на општинските јавни претпријатија. Со дотраените цевки од кои протекува вода, неконтролирањето на дивите потрошувачи на вода, непоставените мерачи за потрошена вода и неутврдениот начин на контрола на питката вода што се троши за полевање на јавните површини и...

Загубите на вода во скопскиот водоводен систем лани биле минимално намалени (инфографик)

Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ од Скопје лани успеало само минимално да го намали годишниот процент на неприходувана вода. За една година, нефактурираната вода во скопскиот водоводен систем опаднала за само 0,55 отсто, и тоа од 62,93 отсто на 62,38 отсто. Генерално земено, екипите на ова јавно претпријатие успеале да ги намалат физичките губитоци на водата за пиење во...

Дупките во цевките трошат најголем дел од водата за пиење во Македонија (инфографик)

Одредени делови од Македонија ќе се соочат со недостиг на вода за пиење, доколку во наредниот период не се одвојат позначителни средства за реконструкција и надградба на водоводните системи низ општините. Актуелните податоци покажуваат дека најголем потрошувач на вода за пиење во национално ниво е токму неприходуваната вода, во која што категорија спаѓаат физичките губитоци од дупките во водоводните...

Неопходни се сериозни инвестиции за да се намалат загубите на вода за пиење

Водоводните системи низ македонските општини се стари по неколку децении и во моментов им се неопходни сериозни инвестиции за да ги намалат загубите на вода за пиење. Податоците за 2018 година на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) покажуваат дека процентот на неприходувана вода изнесувал помеѓу 32 и 78 отсто на годишно ниво кај давателите на водни...

Низ старите цевки и со дивите приклучоци губиме една третина од водата за пиење во Скопје (инфографик)

Околу една третина од вкупните количества вода за пиење што во 2018 година влегле во цевките од скопскиот водоводен систем се фактурирани како губитоци на вода, покажува Годишниот извештај од работењето на ЈП „Водовод и канализација“ - Скопје. Во водоводниот систем на главниот град исчезнале 34.158.252 метри кубни вода, што е повеќе од вкупните количества вода што на годишно...

Младите иноватори од ООУ „Лазо Ангеловски“ создадоа рециклирачки систем

Учениците од ООУ „Лазо Ангеловски“ создале аквапоничен рециклирачки систем, финансиран од Фондот за иновации и технолошки развој преку програмата „Предизвик за млади истражувачи“, информираат од Општина Аеродром. „Учениците и нивните наставници ги презентираа сите составни делови на системот што се наоѓа во училиштето, како и нивната функција и намена. Имено, со овој систем се заштитува животната средина, се штеди водата...

Спинови околу цената на водата: Од дрвјата не се гледа шумата

Еднa од поактуелните теми е зголемувањето на цената на водата во целата држава, како последица на законското решение. Преку примерот за расправите за цената на водата за Скопје, можат да се идентификуваат спиновите околу ова прашање, кои не дозволуваат да се согледаат вистинските прашања: Спин 1: Граѓаните не смеат да плаќаат за расипништвото и неспособноста на владејачката СДСМ. Покачувањето на...

„Донбас. Вчера, денес, утре“ – документарец во најдобрата пропагандна традиција на Кремљ

Руската амбасада деновиве го сподели на Фејсбук документарецот „Донбас. Вчера, денес, утре“ (2021), во кој се користи една честа манипулација, а тоа е правење збрка во редоследот на настаните, за...