„Шорткат“ во Планетариумот на МКЦ – проекција на чисто ноќно небо без светлосно загадување

Во новото издание на емисијата „Шорткат“ ве запознаваме со Планетариумот во МКЦ, кој претставува место за сите оние што сакаат да научат нешто повеќе за ѕвездите и планетите. По двегодишна пауза, Планетариумот почна со работа минатиот месец, а најголем интерес за посета и запознавање со ѕвездите има од страна на најмладите. За начинот на кој се одвиваат проекциите, но и за тоа каде во Македонија може најдобро да се види чисто ноќно небо без светлосно загадување, ни кажуваат предавачите Моника и Радан.

Ве информираме и за барањата на Сојузот на средношколците да бидат вклучени во изнаоѓањето решенија за надоместување на пропуштениот материјал поради штрајкот на наставниците, но и за дигитализацијата на високото образование за која се зборуваше на тркалезната маса организирана од Младинскиот образовен форум (МОФ).

Ја пренесуваме и веста дека од 1 мај повторно се враќат бесплатните билети за патување со воз за студентите, средношколците и сите млади лица.

Новото издание на нашите вести за млади ќе биде објавено вечерва во 19:00 часот.