Како ќе се полага државната матура погледнете во новата епизода на „Шорткат“

За државна матура, која е услов за упис на факултет, годинава се пријавиле безмалку 16.000 ученици. На испитите што претстојат нема да бидат опфатени материјалите што не им беа предадени на учениците поради штрајкот на наставниците. За тоа што ги очекува учениците во завршна година во новата епизода на „Шорткат“ зборува Елизабета Наумовска, директорка на Државниот испитен центар.

Во 38-то издание на вестите за млади информираме и дека по нашата објава за 13-годишниот математички гениј Или Морина од Скопје, министерот за образование и наука се сретна со него и со 7-годишниот Македон.

Известуваме дека во Полошкиот регион нема ниту едно засолниште за згрижување на жените- жртви на насилство, а ќе видиме и како помина тридневната Меѓународна конференција за отворени податоци што се одржа во организација на Фондацијата Метаморфозис, но и одбележувањето на седумте децении постоење на Економскиот институт.

Новата епизода на „Шорткат“ ќе биде објавена вечерва на нашите канали на социјалните мрежи со почеток во 19:00 часот.