Нова епизода на „Шорткат“: Репортажа од Чешка за тоа како може да се зачува индустриското наследство

Во емисијата „Шорткат“ неделава ја објавуваме репортажата од локалитетот Долњи Витковице, кој претставува заштитено индустриско наследство во чешкиот град Острава. Овој некогашен комплекс не е напуштен и заборавен како фабриките „Треска“, „Купром“ и Стакларницата во Скопје, туку е претворен во креативен центар што го посетуваат над 1,3 милиони лица од целиот свет.

Во денешната епизода информираме и за големиот пожар што минатата недела се случи во напуштената фабрика за мебел „Треска“ во Скопје, а го третираме и прашањето за штрајкот на СОНК во училиштата и градинките низ земјава. Во емисијата има прилог и за чистењето на линданот од малата депонија во ОХИС, ќе можете одблиску да се запознаете и со две француски девојки кои волонтираат во тетовското село Теарце, но и ќе дознаете за тоа колкав период им треба да се разградат гумите за џвакање коишто низ земјава се расфрлани на секое ќоше.

Новото издание на „Шорткат“ ќе биде објавено вечерва во 19:00 часот на нашите канали на Инстаграм, Фејсбук и Јутјуб.