понеделник, 20 април, 2026
Meta.mk

Ознака: линдан | 105 резултати

Поправена е пукнатата цевка кај ОХИС, нема веќе закана вода да влезе во депонијата со линдан

август 25, 2025

Пукнатата водоводна цевка во близина на ОХИС е санирана, а поплавата во дворот на фабриката е повлечена. Екипите на „Водовод и канализација“, по пишувањето на Мета.мк, излегоа на терен и изминатиот викенд го решија проблемот што настанал пред речиси два месеци. Езерцето што го предизвика истекувањето на водата се закануваше да влезе во малата депонија, […]

Водата од пукната цевка кај ОХИС и денеска тече, „Водовод“ најави дека утре ќе се санира дефектот

август 21, 2025

„Водовод и канализација“ знае за проблемот со пукната цевка од која тече вода во дворот на фабриката ОХИС. Од јавното претпријатие денеска потврдија дека излегле на терен и дека е направен план нивните екипи утре да работат на санација на проблемот. Водата се заканува да ја поплави депонијата на ОХИС во која има илјадници тони […]

Пукната водоводна цевка направи езеро во дворот на ОХИС, жителите стравуваат дека ќе ја поплави депонијата со линдан

август 20, 2025

Чиста вода тече повеќе од два месеци покрај булеварот „Борис Трајковски“ заради пукната водоводна цевка во близина на поранешната фабрика ОХИС. Заради дефектот, што сè уште не е саниран, во дворот на фабриката веќе е направено езерце, што се гледа и надвор од оградата. Жители од околината, кои до редакцијата на Мета.мк испратија снимка, алармираат […]

Во малата депонија во Охис има жива и повеќе линдан од очекуваното, чистењето ќе чини до 20 милиони евра

јули 15, 2025

Во малата депонија во Охис има 50 отсто повеќе линдан од првичните пресметки, покажуваат анализите на холандската компанија ТАУ што завршија во мај годинава. Во неа има и 70 тони жива, која исто така ќе треба да се извади и уништи на безбеден начин. Резултатите од анализата ќе влијаат и на временскиот рок и на […]

Идниот месец ќе се знае колку линдан остана во ОХИС и колку ќе чини чистењето

мај 20, 2025

Колку точно линдан останува во малата депонија во ОХИС и колку време и пари ќе бидат потребни за нејзиното целосно расчистување ќе се знае во текот на јуни. Испитувањата на мострите се завршени, а тимот на УНОПС заедно со домашни и меѓународни експерти подготвува извештај што ќе му биде презентиран на министерот за животна средина, […]

Чистењето на малата депонија со линдан продолжува од април, дотогаш ќе се испитува колку пари требаат за да се заврши

март 3, 2025

Министерството за животна средина и просторно планирање во текот на месец март ќе го направи планираното испитување уште колку линдан содржи малата депонија во ОХИС. Во овој период ќе се изврши таргетираното земање примероци од преостанатите два базена на депонијата и просторот меѓу нив. Целта е да се обезбедат податоци за проценка уште колку пари […]

Од еден до 85 милиони евра би чинеле решенијата за линданот во Пеленица

јануари 23, 2025

Од еден до 85 милиони евра би чинело решавањето на проблемот со токсичниот линдан во Пеленица, покрај Драчево. Единствената депонија со овој пестицид, која е лоцирана надвор од дворот на ОХИС, може да се третира на три различни начини, од кои само најскапиот би значел целосно ископување и уништување на линданот, по примерот на чистењето […]

Малата депонија со линдан во ОХИС има повеќе отпад од очекуваното, чистењето ќе продолжи догодина

ноември 9, 2024

Концентрацијата на отпад во малата депонија со линдан во ОХИС е за 25 отсто повисока од иницијално проценетите количини, покажале досегашните ископувања на овој опасен отпад. Заради тоа месецов ќе започнат тестирања на почвата во делот што остана да се исчисти, за да може да се направи вистинска проценка уште колку време и пари ќе […]

Чистењето на линданот во ОХИС чека пари од буџетот

октомври 8, 2024

Ископувањето на линдан од малата депонија во ОХИС ќе продолжи штом се префрлат парите кои за оваа намена се предвидени со последниот ребаланс на буџетот. Во Мултипартнерскиот фонд за чистење на оваа жешка точка во моментов има околу 150.000 евра со кои ќе треба да се чисти петтиот лот од депонијата, кој требаше да биде […]

Се исчисти и четвртиот дел од малата депонија со линдан во ОХИС, останува уште еден

јуни 30, 2024

Заврши чистењето на четвртиот лот од малата депонија со линдан во ОХИС. Во периодот од март до јуни ископани се 450 тони на HCH отпад и 250 тони земја контаминирана со линдан. Целата количина е спакувана во специјализирани буриња во кои ќе се транспортира на конечно уништување. Од Министерството за животна средина информираат дека 240 […]

Продолжува чистењето на линданот во ОХИС, но нема пари да се доврши малата депонија

април 9, 2024

Чистењето на малата депонија со линдан во ОХИС ќе започне деновиве, по пауза од седум месеци. Ќе треба да се ископаат нови 450 тони на HCH отпад и 250 тони на HCH контаминирана земја од четвртиот лот на депонијата, а работите на терен се очекува да бидат завршени до крајот на јуни. Опасниот отпад, како […]

Чистењето на линданот во ОХИС паузира веќе шест месеци, малата депонија нема да се заврши ниту годинава

февруари 17, 2024

Чистењето на токсичниот линдан во ОХИС паузира веќе шест месеци. Во август лани заврши ископувањето на третиот дел од малата депонија и од тогаш работите се во мирување. Министерството за животна средина минатата година најави дека чистењето на четвртиот дел од малата депонија ќе продолжи од овој месец, но сега и тој термин се поместува […]

Обезбедени се 2,5 милиони евра за дочистување на малата депонија со линдан во ОХИС

јануари 8, 2024

Обезбедени се нови 2,5 милиони евра за довршување на чистењето на малата депонија со линдан во ОХИС. Министерката за животна средина Каја Шукова информираше дека дел од парите се обезбедени од домашниот буџет, а дел се од донатор, со што се затвора финансиската конструкција за завршување со чистањето на оваа жешка точка. Сите средства кои […]

Нема пари, чистењето на линданот од малата депонија во ОХИС се пролонгира

ноември 22, 2023

Расчистувањето на четвртиот дел, од вкупно пет кои треба да се исчистат од малата депонија со линдан во историското жариште ОХИС во Скопје, ќе започне дури во февруари идната година. Иако третиот лот е исчистен уште летово, а и поголемиот дел од отпадот што се ископа е веќе извезен и уништен, сепак процедурата за конечно […]

(ИНТЕРВЈУ) Шукова: Срамно е што немаме ниту една депонија по европски стандарди

септември 11, 2023

Министерката за животна средина и просторно планирање Каја Шукова во интервју за Мета.мк зборува за некои од најважните прашања за животната средина во земјата, а тоа се третманот на отпадот и отпадните води, процесите на воспоставување на основна инфраструктура по европски стандарди и за текот на изградбата на регионалните депонии и скопската пречистителна станица, како […]

Расчистувањето на малата депонија со линдан во ОХИС не влијае на квалитетот на воздухот

август 17, 2023

Нема испарувања и зголемени концентрации на линдан во населените места околу ОХИС. Мерењата на параметрите во воздухот на четири локации, од кои две се во населбите околу кругот на фабриката, покажуваат дека ископувањата на опасниот отпад од малата депонија нема влијанија врз животната средина и здравјето на луѓето. Според податоците од Државниот инспекторат за животна […]

Околу 80 тони линдан ископани од малата депонија во ОХИС извезени во Франција

јули 6, 2023

Околу 80 тони линдан ископани од малата депонија во ОХИС вчера беа извезени на уништување во Франција. Третиот дел од депонијата започна со расчистување минатиот месец и досега се ископани и спакувани 231 тон на HCH отпад кои ќе бидат транспортирани на уништување во текот на следниот период. Како што информираат од Министерството за животна […]

По повеќе од шест месеци пауза продолжи чистењето на линданот во ОХИС

јуни 24, 2023

Продолжи чистењето на линданот од малата депонија на ОХИС. По повеќе од шест месеци прекин во работите на терен, месецов конечно беше финализиран Планот за ремедијација подготвен од компанијата Полиеко и ископувањето на опасниот отпад продолжи во третиот лот од депонијата. Како што информираат од Министерството за животна средина и просторно планирање, во овој дел […]

Четири месеци не се работи во ОХИС, крајниот рок за расчистување на линдaнот од малата депонија ќе се пролонгира

април 26, 2023

По четири месеци пауза, неделава се очекува да продолжи чистењето на малата депонија со линдан во ОХИС. Застојот во расчистувањето на опасниот отпад бил заради спроведување на тендер за избор на компанијата која ќе ги изведува работите на терен, на кој повторно е избрана грчката Полиеко, што ги исчисти и претходните два дела од депонијата. […]

Микроорганизми што го јадат линданот може да нè спасат од огромното загадување од ОХИС

март 23, 2023

Разложување на опасниот токсин линдан со помош на микроорганизми е истражувањето кое го спроведе младата научничка Марија Тодоровска Ивковиќ со својот тим, во рамките на Програмата за поддршка на млади еколози „Д-р Љупчо Меловски“ на Македонското еколошко друштво (МЕД). Ослободувањето од отровниот пестицид, кој со децении го загрозува здравјето на жителите на Скопје и ги […]

Страна 1 од 6