fbpx
Таг: фабрика Треска

таг: фабрика Треска

Руинираните објекти во фабрика „Треска“ тргнати, ќе надживеат дрвјата или зградите?

Од некогашната фабрика за мебел „Треска“ не е останато речиси ништо по неколкумесечното чистење на руинираните индустриски објекти на оваа локација во скопската населба Буњаковец. Мета.мк обезбеди фотографии од внатрешноста на „Треска“, од кои може да се увиди дека инвеститорот целата локација ја има исчистено и претворено во своевидна аеродромска писта, пред да продолжи со изградбата на преостанатите станбени...

Архитектите се бунат, на терен се рушат последните објекти во „Треска“ [видео]

Рушењето на објектите во кругот на некогашната фабрика за мебел „Треска“ продолжува со несмалено темпо, наспроти реакциите на архитектите дека центарот на Скопје ја губи последната локација која ќе се претопи во густи згради без никаков јавен простор за граѓаните. Откако најпрво беа срушени некогашните објекти од фабриката „Треска“ кои гравитираа кон булеварот „Митрополит Теодосиј Гологанов“, неделава почнаа да се...

На местото на „Треска“ почна изградбата на згради, кавги во Општина Центар

Инвеститорот „Голден Арт“ со спонзорирани текстови ја промовира изградбата на станбениот комплекс „Треска“, која започна на 20 септември да се изведува на местото на поранешната фабрика за мебел. И додека на терен се гради првата станбена зграда, во Општина Центар течат меѓусебни караници помеѓу градоначалникот Горан Герасимовски и советниците од иницијативата „Шанса за Центар“. „Шанса за Центар“ на Фејсбук објави...

Уставен суд оформи предмет за ДУП Буњаковец каде е лоцирана и фабриката „Треска“

Уставниот суд оформи предмет по иницијативата на адвокатката Сузана Јошевска и граѓанската иницијатива „Шанса за Центар“, со која се оспорува Деталниот урбанистички план (ДУП) за локалитетот Буњаковец во кој спаѓа и подрачјето на поранешната фабрика „Треска“. „Овие предмети се предадени на работа кај тимови од советници и судии и се во почетна фаза од работењето, односно во претходна постапка. Уставниот...

Се рушат објектите од некогашната фабрика „Треска“ [фото]

Во кругот на некогашната фабрика „Треска“, деновиве интензивно се работи на рушење на поранешните фабрички погони и се подготвува простор за во иднина да се градат нови згради. Изминатава недела најпрво работници ги отстрануваа крововите на фабричките погони, по што дел од објектите беа срушени, а со багери градежниот шут се товари во камиони и се изнесува надвор од...

Шанса за Центар и општина Центар во костец за земјиштето кај фабриката Треска

Од граѓанската иницијатива „Шанса за Центар“ денеска укажаа дека градоначалникот на Центар, Горан Герасимовски ги крши одлуките и прописите и работи спротивно од сопствените предизборни ветувања во однос на комплексот Треска во центарот на Скопје. Од општината реагираа дека станува збор за лаги и манипулации. Од „Шанса за Центар“ изјавија дека не добиле информација на Совет на општина Центар кој...

Се расчистува просторот во „Треска“, следува ли бетонизацијата и на овој дел од градот?

Сопствениците на земјиште во кругот на некогашната фабрика „Треска“ започнаа со расчистување на старите објекти. Според градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски до општината пристигнале 36 барања за издавање решенија за отстранување од кои одобрени се 13. Чистењето на просторот ќе го вршат самите сопственици и ќе се одвива во неколку фази. Герасимовски вели дека по пожарот пред пет месеци...

Резервоарот за нафта во фабриката „Треска“, која неодамна гореше, е празен, констатирала инспекцијата за животна средина

Резервоарот за нафта во поранешната фабрика за мебел Треска, во која неодамна се случија два пожари едноподруго, е празен, констатирал Државниот инспекторат за животна средина. Во третиот инспекциски увид во последните денови, инспектори на ДИЖС и на Општината Центар го посетиле местото каде се наоѓа резервоарот за нафтени деривати и утврдиле дека е изграден согласно тогашните постоечки стандарди и...

Нова епизода на „Шорткат“: Репортажа од Чешка за тоа како може да се зачува индустриското наследство

Во емисијата „Шорткат“ неделава ја објавуваме репортажата од локалитетот Долњи Витковице, кој претставува заштитено индустриско наследство во чешкиот град Острава. Овој некогашен комплекс не е напуштен и заборавен како фабриките „Треска“, „Купром“ и Стакларницата во Скопје, туку е претворен во креативен центар што го посетуваат над 1,3 милиони лица од целиот свет. Во денешната епизода информираме и за големиот пожар...

„Шанса за Центар“ бара да се утврди дали пожарот во „Треска“ е подметнат и какви материи се чуваат во фабриката

Од граѓанската иницијатива „Шанса за Центар“ реагираа по пожарите што вчера и денеска ја зафатија поранешната фабрика за мебел „Треска“ во центарот на Скопје. Тие бараат да се утврди дали пожарот во „Треска“ е подметнат и какви материи се чуваат на оваа локација. „Старите хали повторно горат кога е во ек јавна дискусија за тоа што ќе се случува понатаму...

Нов пожар во фабриката „Треска“, брзо е изгаснат, но пожарникарите ќе имаат дежурен тим на терен

Утрово во кругот на поранешната фабрика „Треска“ се појавил нов пожар, во којшто бил запален простор од магацините откако вчера гореше огромна хала. Покрај противпожарните екипи кои се на терен и го гаснеа огнот, Мета.мк забележа дека се затворени улиците Рузвелтова и Владимир Полежиноски, за да им се овозможи на пожарникарите непречено да работат и да имаат дотур на...

Пожарот во фабриката „Треска“ изгаснат, нема повредени лица

Пожарот што избувна во поранешната фабрика за мебел „Треска“ е изгаснат и нема повредени лица. Командирот на Скопската противпожарна бригада изјави дека пожарникарите работат на расчистување на теренот и отстранување на можни остатоци за да не се обнови огнот. „Не можам да кажам дали е подметнат пожарот, тоа ќе го утврдат надлежните органи. Важно е дека спречивме ширење на пожарот....

Втор пожар во фабриката „Треска“ за седум месеци, периодот помеѓу преполн со обвинувања и закани за тужби

Денешниот пожар во халите од поранешната фабрика за мебел „Треска“ е втор во низа по минатогодишниот пожар што се случи кон крајот на септември. Скопските пожарникари на 25 септември вечерта интервенираа во кругот на фабричката хала, откако граѓаните од околните згради пријавиле за густ чад што се ширел од фабричката хала. Од септември лани до денес, серија на обвинувања и...

Општина Центар го објави Конкурсот за идејно решение за локалитетот кај фабриката Треска

Општина Центар денеска го објави Конкурсот за изработка на идејно архитектонско-урбанистичко решение за локалитетот фабрика Треска на Електронскиот систем за јавни набавки и на официјалната веб-страница на Општина Центар, информираат општинските власти. За оваа атрактивна локација во центарот на Скопје е создадена програмска задача од стручна Комисија ангажирана за изготвување на задачата, за која од Општината велат дека имала за...

Општина Центар: Се врши најгруб притисок врз советниците за локацијата кај поранешна „Треска“

Општина Центар соопшти дека на вчерашната седница на Советот, во прилог на допис доставен од Агенцијата за планирање на просторот, било изнесено и известување од инвеститорите и сопствениците на земјиштето кај „Треска“ со закана за кривични пријави против советниците и градоначалникот ако ја продолжат постапката за тендер и ако ги суспендираат постојните урбанистички планови. Како што објаснуваат од општината, дописот...

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...