Денеска почнува втората сезона на „Шорткат“ со репортажа за труењето на Велес од троската

Со освежен дизајн по двонеделната пауза, емитувањето на втората сезона од емисијата „Шорткат“ ќе продолжи денеска, во добро познатиот термин од 19 часот. Главната тема што ќе ја третираме во емисијата е депонијата со згура создадена од работењето на Велешката топилница, која што со децении ги труе жителите на овој град. Со дрон снимки од лице место, ќе може да ја погледнете една од жешките еколошки точки во земјава, која што е итна за решавање.

Во „Шорткат“ информираме и за добитниците на наградата за младинско учество кои беа доделени по повод Меѓународниот ден на младите, како и за годинешното рангирање на македонските универзитети на Шангајската листа. Во емисијата одвоивме простор и за уништувањето на паметниот споменик на Виртуелен Прличев кој е поставен во Охрид, но и за одржувањето на фестивалот на креативен документарен филм „МакеДокс“. Ексклузивно во „Шорткат“, објавуваме и за двополовото прасе што се роди на фарма во скопското село Кадино.

Новата епизода на „Шорткат“ ќе биде објавена вечерва во 19:00 часот на нашите канали на ИнстаграмФејсбук и Јутјуб.