среда, 20 мај, 2026
Meta.mk

Ознака: троска | 22 резултати

(ИНТЕРВЈУ) Шукова: Срамно е што немаме ниту една депонија по европски стандарди

септември 11, 2023

Министерката за животна средина и просторно планирање Каја Шукова во интервју за Мета.мк зборува за некои од најважните прашања за животната средина во земјата, а тоа се третманот на отпадот и отпадните води, процесите на воспоставување на основна инфраструктура по европски стандарди и за текот на изградбата на регионалните депонии и скопската пречистителна станица, како […]

Мирува расчистувањето на депониите во ОХИС и велешка топилница

март 18, 2023

Расчистувањето на малата депонија со линдан во ОХИС и депонијата со згура на велешката топилница во моментов е во мирување. Двете најжешки еколошки точки во земјава се најголемите опасности за жителите и за животната средина на Скопје и Велес. Канцерогениот линдан е потврдено дека го има и во воздухот во главниот град и во водите […]

Згурата од Топилница ќе се продава на берза, нема фирма што ќе ја откупи целата

септември 16, 2022

Нема фирма која ќе ја откупи сета количина од металите од згурата од велешката Топилница, па техногената минерална суровина ќе се продава дел по дел на берза. Од концесионерот „Кепс монт груп“ велат дека работите мора да се придвижат и суровината да почне да се извезува, а во меѓувреме да се бара и сериозен купувач. […]

Денеска почнува втората сезона на „Шорткат“ со репортажа за труењето на Велес од троската

август 18, 2022

Со освежен дизајн по двонеделната пауза, емитувањето на втората сезона од емисијата „Шорткат“ ќе продолжи денеска, во добро познатиот термин од 19 часот. Главната тема што ќе ја третираме во емисијата е депонијата со згура создадена од работењето на Велешката топилница, која што со децении ги труе жителите на овој град. Со дрон снимки од […]

Депонијата со згура од Топилница и понатаму го демне Велес [фото]

август 18, 2022

Депонијата со згура на Топилница сѐ уште го демне Велес. Три години откако беше доделена концесија за нејзин извоз како техногена минерална суровина, само мали количини заминаа од градот. Црниот рид, во кој се проценува дека има над 1,8 милиони тони отпад, сѐ уште стои, а на локацијата веќе неколку месеци нема никаква активност. Таму […]

Во новата епизода на „Шорткат“ главната тема ни се идеите за справување со контаминираните подрачја

мај 5, 2022

Чистењето на линданот во ОХИС, арсенот во Лојане и Табановце, шестовалентниот хром во Јегуновце, троската во велешката топилница и другите жешки еколошки точки може да биде и побрзо и поефикасно доколку се искористи енергетската трансформација на земјава во справувањето со контаминираните подрачја. Ова е нашата главна тема во најновата епизода на „Шорткат“. Во емисијата за […]

Чистењето на жешките еколошки точки чини десетици милиони евра, мора да се најде економски одржлив модел

мај 5, 2022

Десетици милиони евра ќе мора да се изнајдат за чистење и повторно доведување во природна состојба на жешките еколошки точки во земјава. Арсенот во Лојане и Табановце, шестовалентниот хром во Јегуновце, троската во велешката топилница, линданот во ОХИС, депонијата за гипс во ХИВ-Велес, јаловиштата во дел од рудниците се само некои од жешките еколошки точки, […]

Животната средина и во 2021 година на маргините: Mногу одлуки на хартија, слаба имплементација

јануари 4, 2022

Шар Планина стана национален парк, четвртиот во земјава и прв прогласен по осамостојувањето на земјата. Една од најголемите жешки точки во земјата, ОХИС се исчисти од многу хемикалии, а се решава и линданот од малата депонија. Состојбата со Охридското езеро и водите е толку алармантна, што Бернската конвенција отвори случај против земјата за заканите врз […]

Згурата од велешка Топилница се извезува во Турција, а наскоро и во Албанија

октомври 19, 2021

Згурата од Топилницата во Велес се извезува во Турција, а до крајот на годината ќе почне да се носи и во Албанија. Концесионерот „Кепс Монт груп“ во моментов преговара со компанијата од Турција, да откупува поголеми количини од минералната техногена суровина и да се интензивира извозот. Од таму велат дека секојдневно се сепарираат и товараат […]

Десет камиони со згура од топилницата во Велес заминаа за Србија и Косово

ноември 20, 2020

Десет камиони со згура од почетокот на неделава од велешката топилница заминаа за Србија и Косово. Процесот на извезување на техногената минерална суровина веќе започна, а првите 300.000 тони ќе се преработуваат во соседството. Градоначалникот на Велес Аце Коцевски на прес конференција информираше дека заради актуелната состојба со аерозагадувањето, меѓу општината и операторот е договорено […]

Од следната недела конечно почнува отстранувањето на црната депонија кај велешка „Топилницата“, најави концесионерот

ноември 13, 2020

Конечно ќе почне да се чисти црниот рид со троска покрај велешка „Топилница“, кој со децении го труе Велес. Околу 300.000 тони згура од идната недела ќе започне да се извезуваат во Србија и во Косово, информираат од компанијата која пред две години ја доби концесијата за остранување на згурата, „Кепс Монт Гроуп“ ДООО Скопје. […]

Казахстан е нова дестинација за згурата од Топилница

август 15, 2020

Компанија од Турција е заинтересирана да ја купи згурата од Топилница, а суровините кои можат да се искористат би се преработувале во Казахстан. Претставници на фирмата веќе го посетија Велес и земаа примероци од троската, а идната недела се очекува повторно да дојдат во земјата и со концесионерот „Кепс монт груп“ да ги започнат административните […]

Компанија заинтересирана за згурата од Топилница ќе го посети Велес

јули 26, 2020

Нова компанија, заинтересирана да ја купи техногената минерална суровина од Топилница, на крајот од месецов треба да го посети Велес, а до средината на август ќе се знае кога ќе почне редовниот транспорт на згурата. Откако Малезија стана неизвесна дестинација за извоз на троската, бидејќи на почетокот на годината земјата забрани увоз на опасен отпад, […]

Загадувањето на воздухот ќе се мери на четири места околу депонијата со згура од Топилница

јули 17, 2020

Општина Велес ќе го контролира загадувањето околу депонијата со троска на некогашната Топилница, додека траат градежните работи за ископување и транспорт на минералната суровина. Емисиите на прашина ќе мора да се мерат на четири мерни точки, а загадувањето не смее да го надминува законски максималниот утврден лимит од 50 микрограми на кубен метар прашина. Според […]

Троската од велешката топилница се анализира за радиоактивност и токсичност во Грција

јули 10, 2020

Примероци од црниот рид со згура од Топилницата во Велес се испратени на анализа во Грција заради обезбедување на последната дозвола пред да започне транспортот на суровината. Грчките власти ќе испитуваат радиоактивност и токсичност на троската пред да обезбедат МСДС (Material Safety Data Sheet), документ за квалитет на стоката при меѓународен превоз. Троската, до крајните […]

Малезија си даде уште три месеци да одлучува дали ќе го земе отпадот од Топилница

јуни 10, 2020

Дали згурата од велешката Топилница ќе замине за Малезија ќе се знае за околу три месеци. Рокот од шест месеци за малезиската влада да даде зелено светло или целосно да забрани увоз на отпад, истече на почетокот на месецов. Одлука не беше донесена заради актуелните состојби околку пандемијата со ковид-19. Сите активности за мониторинг на […]

Отровниот рид во Велес чека струја од ЕВН за да почне да се чисти

јули 22, 2019

Бавноста на македонската администрација и незаинтересираноста на институциите за брзо решавање на еколошките проблеми се главните причини што отровниот рид остатоци од работењето на топилницата за олово и цинк се уште ги труе граѓаните на Велес. Иако Владата на 86. седница одржана во септември минатата година дозволи компанијата „Кепс монт груп“ да ја презеде концесијата […]

Никако да почне чистењето на отровниот рид во Велес

јули 18, 2019

На бандерите во Велес секојдневно можат да се забележат жални вести за починати и млади и средовечни лица кои прерано си заминуваат бидејќи заболуваат од рак и други болести предизвикани од долгогодишното труење од топилницата за олово и цинк. Иако овој индустриски капацитет не функционира веќе петнаесетина години отровните остатоци од неговото работење сè уште […]

Страна 1 од 1