fbpx

Малезија си даде уште три месеци да одлучува дали ќе го земе отпадот од Топилница

-

Дали згурата од велешката Топилница ќе замине за Малезија ќе се знае за околу три месеци. Рокот од шест месеци за малезиската влада да даде зелено светло или целосно да забрани увоз на отпад, истече на почетокот на месецов. Одлука не беше донесена заради актуелните состојби околку пандемијата со ковид-19. Сите активности за мониторинг на договорите за увоз на отпад во земјата се пролонгирани за уште три месеци, бидејќи институциите повеќе од 70 дена не функционираа, велат во компанијата „Кепс Монт груп“, која треба да ја извезе технолената суровина.

Оттаму велат дека се постојано во контакт со партнерската фирма од Малезија и дека очекуваат веднаш штом бидат објавени одлуките на владата да започнат со извоз.

„Очекуваме дека ќе биде испочитуван договорот со Малезија бидејќи е направен пред воведувањето на мерките за забрана за увоз од почетокот на годинава. Одложувањето на мониторингот е очекувано, со оглед на тоа дека институциите не функционираа подолго време заради актуелната пандемија. Тоа нам не ни оди во прилог, но тоа се објективни причини за кои не можеме ништо да преземеме“, велат во „Кепс Монт груп“.

Забраната за увоз, Малезија ја воведе од јануари годинава. Земјата требаше да биде крајна дестинација на 1,8 милиони тони отпад кој неколку децении стои во Велес. Се работи за историска жешка точка, последица од работата на некогашната Топилница, која е голема опасност за здравјето на жителите на градот и за животната околина. Во згурата има тешки метали, околу 10 проценти цинк, еден процент олово како и други опасни метали како кадмиум, бакар, арсен, индиум, талиум, кои сè уште имаат вредност и можат да се искористат како суровини. Заради тоа, информираат од „Кепс Монт груп“, во меѓувреме паралелено преговараат и со други компании, а потенцијални дестинации за техногената суровина се и други земји од Азија и Африка.

„Штом ќе добиеме согласност од било која страна во истиот момент започнуваме со извоз на суровината од Велес. Не постои опцијата да се откажеме бидејќи во овој проект сме вложиле многу време и средства“, нагласуваат од компанијата.

Според нивните планови, со планираната редовна динамика за транспорт на минералната техногена суровина од по два камиона на час или педесетина камиони во текот на 24 часа, црниот рид во Велес, висок од 200 до 250 метри и длабок 22 метри, би требало да го снема за околу четири години. Ќе се превезува со специјални камиони со кади покриени со церади, преку Грција и солунското пристаниште. Досега, само стотина тони од црниот рид згура, како пробни количини, беа транспортирани во Малезија, на почетокот на годината, откако компанијата доби Б интегрирана дозвола за работа од Општината Велес.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Борел и Вархеји: Изборите беа демократски спроведени

Во заедничка изјава, потпретседателот на Европската комисија и висок претставник на Европска Унија за надворешни работи и безбедносна политика Жозеп Борел и еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји го поздравуваат...