среда, 14 јануари, 2026
Meta.mk

Ознака: Кепс монт груп | 31 резултати

Мирува расчистувањето на депониите во ОХИС и велешка топилница

18 март 2023

Расчистувањето на малата депонија со линдан во ОХИС и депонијата со згура на велешката топилница во моментов е во мирување. Двете најжешки еколошки точки во земјава се најголемите опасности за жителите и за животната средина на Скопје и Велес. Канцерогениот линдан е потврдено дека го има и во воздухот во главниот град и во водите […]

Згурата од Топилницата во Велес прво ќе се дроби и меле, па ќе се извезува

1 февруари 2023

Згурата од Топилницата во Велес прво ќе се дроби и меле, па потоа ќе се извезува. Концесионерот Кепс Монт Груп вели оти набавува нова технологија за дополнителна подготовка на техногената суровина, пред да се продаде. Во моментов во тек е монтирањето на постројката, која е набавена од Кина и има капацитет од 30.000 тони месечно, […]

Згурата од Топилница ќе се продава на берза, нема фирма што ќе ја откупи целата

16 септември 2022

Нема фирма која ќе ја откупи сета количина од металите од згурата од велешката Топилница, па техногената минерална суровина ќе се продава дел по дел на берза. Од концесионерот „Кепс монт груп“ велат дека работите мора да се придвижат и суровината да почне да се извезува, а во меѓувреме да се бара и сериозен купувач. […]

Депонијата со згура од Топилница и понатаму го демне Велес [фото]

18 август 2022

Депонијата со згура на Топилница сѐ уште го демне Велес. Три години откако беше доделена концесија за нејзин извоз како техногена минерална суровина, само мали количини заминаа од градот. Црниот рид, во кој се проценува дека има над 1,8 милиони тони отпад, сѐ уште стои, а на локацијата веќе неколку месеци нема никаква активност. Таму […]

Чистењето и извозот на згурата од Топилницата во Велес чека проширување на Б-интегрираната дозвола  

12 април 2022

Концесионерот „Кепс Монт груп“ има рок до јуни да ја комплетира документацијата за поставување на нова линија за дробење на техногената минерална суровина од ридот со згура на некогашната Топилница во Велес. Компанијата од Општина Велес побарала можност за проширување на Б-интегрираната дозвола за поставување на нова инсталација до депонијата со троска, која треба да […]

Компанија од Украина ќе ја чисти згурата од Топилницата во Велес

1 февруари 2022

Компанија од Украина ќе ја купи целата згура од велешката Топилница. Новиот купувач и концесионерот „Кепс монт груп“ веќе потпишале договор, а во моментот се средува дополнителната документација. Работите на терен се очекува да започнат за два месеци, кога ќе треба да се монтира нова поголема сепарација. Извозот на суровините, кои можат да се извлечат […]

Згурата од велешка Топилница се извезува во Турција, а наскоро и во Албанија

19 октомври 2021

Згурата од Топилницата во Велес се извезува во Турција, а до крајот на годината ќе почне да се носи и во Албанија. Концесионерот „Кепс Монт груп“ во моментов преговара со компанијата од Турција, да откупува поголеми количини од минералната техногена суровина и да се интензивира извозот. Од таму велат дека секојдневно се сепарираат и товараат […]

Концесионерот што копа згура од Топилница бара измена на дозволата, Општината вели му фали техничка документација

15 септември 2021

Извозот на згура од велешката Топилница последните два месеци се заплетка во процедури низ локалните и државните институции. Од компанијата „Кепс монт груп“ за Мета велат дека побарале измена на Б- интегрираната еколошка дозвола за да можат да инсталираат сепарација од затворен тип, но Општината Велес го одбила барањето. Случајот во моментов се разгледува Второстепената […]

Згурата од Топилница ќе се сепарира во затворен систем за да не се крева прашина

10 мај 2021

Нова, модерна сепарација за минералната техногена суровина, ќе се монтира покрај отпадот на депонијата на некогашната Топилница во Велес. Се работи за најнова опрема која функционира како затворен систем со што се избегнуваат сите можности за загадување на воздухот и кревање прашина при процесот на одвојување на суровините. Расејувањето на прашината богата со тешки метали […]

Згурата од велешката топилница ќе се сепарира на струја и од март забрзано ќе се извезува

27 февруари 2021

Сепарирањето на минералната техногена суровина од отпадот на депонијата на некогашната Топилница во Велес ќе се работи на струја. Инвестицијата на концесионерот, компанијата „Кепс Монт груп“, во довод за електрична енергија со должина од 1.200 метри е завршена, а деновиве се очекува ЕВН да го изврши и поврзувањето со мрежата. Ова беше еден од условите […]

Нов довод за струја ќе го забрза чистењето на депонијата на Топилницата во Велес

5 јануари 2021

Изградбата на довод за електрична енергија до депонијата на велешката Топилница е неопходна за да се забрза ископувањето на суровината и извозот на троската. Сепарирањето на материјалот насобран во црниот рид досега се правеше со помош на генератори, но количините на суровината и потребата да се транспортираат поголем број камиони наложуваат да се обезбеди нов […]

Извезени стотина камиони згура од депонијата на велешката Топилница, од март ќе се копа во три смени

18 декември 2020

Згурата од велешката Топилница од март идната година ќе се прочистува во три смени, за да се забрза процесот на извоз на техногената суровина. Досега, околу стотина камиони со троска заминаа за Србија и Косово, а извозот со ова темпо ќе продолжи и во следните месеци. Во овие две земји треба да се преработат околу […]

Десет камиони со згура од топилницата во Велес заминаа за Србија и Косово

20 ноември 2020

Десет камиони со згура од почетокот на неделава од велешката топилница заминаа за Србија и Косово. Процесот на извезување на техногената минерална суровина веќе започна, а првите 300.000 тони ќе се преработуваат во соседството. Градоначалникот на Велес Аце Коцевски на прес конференција информираше дека заради актуелната состојба со аерозагадувањето, меѓу општината и операторот е договорено […]

Од следната недела конечно почнува отстранувањето на црната депонија кај велешка „Топилницата“, најави концесионерот

13 ноември 2020

Конечно ќе почне да се чисти црниот рид со троска покрај велешка „Топилница“, кој со децении го труе Велес. Околу 300.000 тони згура од идната недела ќе започне да се извезуваат во Србија и во Косово, информираат од компанијата која пред две години ја доби концесијата за остранување на згурата, „Кепс Монт Гроуп“ ДООО Скопје. […]

Во Солунското пристаниште блокиран извозот на згурата од Топилница поради наводно присуство на силициум диоксид

5 октомври 2020

Извозот на згурата од велешката Топилница се проблематизира од пристаништето во Солун, каде бараат суровината доколку дојде кај нив, да не се истовара, туку од камион веднаш да се пренесе на бродовите за транспорт. Заради тоа троската сè уште чека во Велес, а најавено беше дека компанија од Турција ќе ја носи во Казахстан. Причината […]

Казахстан е нова дестинација за згурата од Топилница

15 август 2020

Компанија од Турција е заинтересирана да ја купи згурата од Топилница, а суровините кои можат да се искористат би се преработувале во Казахстан. Претставници на фирмата веќе го посетија Велес и земаа примероци од троската, а идната недела се очекува повторно да дојдат во земјата и со концесионерот „Кепс монт груп“ да ги започнат административните […]

Компанија заинтересирана за згурата од Топилница ќе го посети Велес

26 јули 2020

Нова компанија, заинтересирана да ја купи техногената минерална суровина од Топилница, на крајот од месецов треба да го посети Велес, а до средината на август ќе се знае кога ќе почне редовниот транспорт на згурата. Откако Малезија стана неизвесна дестинација за извоз на троската, бидејќи на почетокот на годината земјата забрани увоз на опасен отпад, […]

Загадувањето на воздухот ќе се мери на четири места околу депонијата со згура од Топилница

17 јули 2020

Општина Велес ќе го контролира загадувањето околу депонијата со троска на некогашната Топилница, додека траат градежните работи за ископување и транспорт на минералната суровина. Емисиите на прашина ќе мора да се мерат на четири мерни точки, а загадувањето не смее да го надминува законски максималниот утврден лимит од 50 микрограми на кубен метар прашина. Според […]

Троската од велешката топилница се анализира за радиоактивност и токсичност во Грција

10 јули 2020

Примероци од црниот рид со згура од Топилницата во Велес се испратени на анализа во Грција заради обезбедување на последната дозвола пред да започне транспортот на суровината. Грчките власти ќе испитуваат радиоактивност и токсичност на троската пред да обезбедат МСДС (Material Safety Data Sheet), документ за квалитет на стоката при меѓународен превоз. Троската, до крајните […]

Почвата под згурата во Велес ќе се промени со нова во длабина од еден метар

22 јуни 2020

Промената на земјата во Велес, на местото каде што се наоѓа историскиот отпад од работата на Топилницата и прочистувањето на почвата од децениските загадувања со тешки метали, ќе биде направено веднаш штом се извезат и последните количини од техногената минерална суровина. Компанијата „Кепс монт груп“, која има концесија да ја извезе троската, последица од долгогодишната […]

Страна 1 од 2