Во новата епизода на „Шорткат“ главната тема ни се идеите за справување со контаминираните подрачја

Чистењето на линданот во ОХИС, арсенот во Лојане и Табановце, шестовалентниот хром во Јегуновце, троската во велешката топилница и другите жешки еколошки точки може да биде и побрзо и поефикасно доколку се искористи енергетската трансформација на земјава во справувањето со контаминираните подрачја. Ова е нашата главна тема во најновата епизода на „Шорткат“.

Во емисијата за млади го третираме и рангирањето на УКИМ на листата на најдобри универзитети во светот, прашањето за тоа дали и како штрајкот на наставниците би можел да влијае врз матурските испити, критиките на студентите и учениците до Министерството за образование и наука во однос на стипендиите, како и отворањето на новиот младински центар на „МладиХаб“ во Битола. Во „Шорткат“ ќе можете да ја погледнете и атмосферата на отворањето на Етно клубот на Природно-математичкиот факултет во Скопје.

Новото издание на нашите вести за млади ќе биде објавено вечерва во 19:00 часот.