Во новата епизода на „Шорткат“ разбиваме митови за вештачката интелигенција

Во новата, 50-та епизода на „Шорткат“ што ќе се емитува вечерва, разбиваме некои од најпознатите митови и дезинформации околу развојот на вештачката интелигенција. Во четвртиот дел од рубриката „Зошто (не) е така“ во кој тема е токму вештачката интелигенција, зборуваат професорите Тамара Димитрова и Ѓорѓи Маџаров, како и извршниот директор на Фондацијата Метаморфозис, Бардил Јашари.

Го одбележуваме и стартот на новата учебна година која започна денеска, а информираме и за најновите информации во однос на изедначувањето на ученичките и студентските стипендии за сите стипендисти.

Во најновите вести за млади го отвораме и прашањето дали и кога македонските градови конечно ќе добијат комунална полиција. Информираме за отворањето на меѓународниот филмски фестивал „TIFF ODA“, како и за одложувањето на лансирањето на ракетата на НАСА што требаше да се придвижи кон Месечината.

Новата епизода на „Шорткат“ ќе биде достапна за гледање вечерва во 19 часот на нашите канали на социјалните мрежи.