Во новата епизода на „Шорткат“ – интервју со Ева Цветковска, претседателка на студентското собрание на УКИМ

Во новата епизода на „Шорткат“ ќе емитуваме дел од интервјуто со Ева Цветковска, претседателка на Универзитетското студентско собрание на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (УСС УКИМ). Во интервјуто Цветковска зборува за државните мерки субвенциониран студентски оброк и студентски стипендии, а го најавува и отворањето на Студентскиот културен центар, прв од ваков вид во земјава.

Во 45-тата епизода на вестите за млади информираме и дека женскиот пол доминира во вкупниот број на студенти во Северна Македонија, како и за одлуката на Град Скопје средношколците да можат да го користат јавниот превоз бесплатно и во текот на летото.

Информираме и за законската рамка за абортус во земјава и за тоа како стоиме по ова прашање во однос на регионот и на Европа.

Ја претставуваме новата платформа на Фондација Метаморфозис, „Пиши Им“, со која граѓаните ќе можат да комуницираат со општинските советници, а ќе го проследиме и успехот на македонската Кантерстрајк репрезентација на Европското првенство во играта CS:GO.

Најновото издание на „Шорткат“ ќе биде објавено вечерва во 19:00 часот на нашите канали на социјалните мрежи.