Шорткат: 13-годишниот Или Морина како идниот Илон Маск?

Математичкиот гениј Или Морина има само 13 години и речиси секој момент го поминува во решавање задачи по математика и физика, а помош од него бараат студенти од земјава и од странство. Тој своето знаење го споделува и на неговиот Јутјуб канал, а оние што го познаваат очекуваат да стане славен како Илон Маск. Погледнете ја неговата приказна во новата епизода на „Шорткат“.

Во најновите вести за млади ги промовираме победниците на видео конкурсот за климатски промени „Светло, камера, климатска акција“ во организација на Фондација Метаморфозис. Информираме за најавата на МОН дека ќе ги дигитализира учебниците од прво, второ, четврто и петто одделение, како и за проблемот со (не)селектирање на отпадот. Ќе погледнеме како помина првото издание на Tech@FEIT, но и како беше одбележан Денот на Европа.

Предлагаме неколку демо верзии видео-игри, а потсетуваме и на вечерашниот настап на македонската претставничка на Евровизија.

Вестите за млади ќе бидат објавени вечерва во 19:00 часот на нашите канали на социјалните мрежи: Инстаграм, Фејсбук, Јутјуб и ТикТок.