Ново издание на емисијата „Шорткат“ – како е да се живее со дијабетес?

Во новото издание на вестите за млади „Шорткат“, ја носиме веста дека два дена по објавата на нашето интервју со Миа Чичкариќ, девојка која боледува од дијабетес тип 1, државата ја започна набавката на сензори за безболно мерење гликемија. 16-годишната Миа во интервјуто како нејзина најголема желба го истакна токму тоа – сите дечиња кои боледуваат од дијабетес да добијат вакви сензори, за да не ги болат прстињата од мерачите кои сега се користат кај нас.

Светските лидери пред нов предизвик – да се согласат за намалување на глобалните емисии на стакленички гасови. Еден од најважните светски настани- Конференцијата за климатски промени (COP 26) започнува во недела во Глазгов, Шкотска.

Погледнете како помина првиот концерт на инклузивниот хор на лица со Даунов синдром кој изминатиов викенд им ги разнежни срцата на скопјани.

Пораките со сексуално вознемирување кои младите девојки од Тетово и Гостивар ги добиваат секојдневно, беа изложени пред граѓаните на овие градови.

Ве потсетуваме дека имате уште време да ни испраќате кратки хорор раскази на конкурсот кој го распишавме заедно со Издавачката куќа „Култура“.

За овие и другите содржини и настани, можете да се информирате во најновата епизода на „Шорткат“.