Нова епизода на „Шорткат“, во фокус зелените проекти предложени од младите за идните градоначалници

Во седмата епизода на емисијата „Шорткат“ се обработуваат две главни теми кои се актуелни периодов. Во пресрет на првиот круг од локалните избори што ќе се одржат на 17 октомври, со еколошкото здружение „Гоу Грин“ и младински активисти говоревме за идеите и проектите предложени од младите за зелени општини, коишто беа доставени до кандидатите и кандидатките за идни градоначалници.

Исто така, по повод Меѓународниот ден на менталното здравје, 10 октомври ја обработивме темата за ментално здравје кај младите, на која зборуваше Софија Стојановска од Здружението „Младите можат“.

Во емисијата носиме вести и за почетокот на кампањата на Министерството за внатрешни работи (МВР) „Кажи НЕ!“ за зголемување на свеста кај младите од споделувањето на фотки и видеа на интернет, како и за изборот на лондонскиот весник „Гардијан“ на младиот фудбалер Дашмир Елези за еден од 60-те најталентирани фудбалери во светот за 2021 година.

Не пропуштајте ги најновите вести за млади!