петок, 12 јуни, 2026
Meta.mk

Ознака: Шорткат | 127 резултати

Апликацијата Challenger во „Шорткат“: Поени за секој изминат километар пешки или на велосипед

јуни 15, 2023

Во новата епизода на „Шорткат“ ве запознаваме со апликацијата Challenger, која е вистински мотиватор за пешачење и користење на велосипед. Колку повеќе километри ќе изминете пешки или на велосипед, толку повеќе поени ќе добиете и потоа ќе можете да ги искористите за попусти во одредени продавници. За тоа како функционира оваа мобилна апликација, дознаваме во […]

Шорткат: Кои се најчестите митови и дезинформации за лицата со попреченост?

јуни 8, 2023

Во новата епизода на емисијата „Шорткат“ што ќе се емитува вечерва претставуваме некои од најраспространетите митови и дезинформации за лицата со попреченост. Митовите ги коментираат и објаснуваат Беира Салифоска – дипломиран специјален едукатор и рехабилитатор и лице со оштетен вид, Елена Кочовска од ПОЛИО ПЛУС – Движењето против хендикеп и Томица Стојановски од Националниот сојуз […]

Шорткат: Како да се заштитиме од онлајн измами?

јуни 1, 2023

На онлајн купување лани сме потрошиле над 550 милиони евра, што е рекордна сума за македонските граѓани. Растат трансакциите, но расте и бројот на онлајн измами – незадоволни купувачи, неиздадена фискална сметка, испразнети банкарски картички. Како да се заштитиме при купувањето на интернет, дознајте во новата епизода на емисијата „Шорткат“. Во новите вести за млади […]

Државната матура во фокус на новата епизода на емисијата за млади „Шорткат“

мај 25, 2023

Навременото полагање на државната матура е особено значајно за да можат матурантите со резултатите од испитот да аплицираат на факултет. За важноста на самата државна матура, како и за тоа на кој начин таа би требало во иднина да се организира, дознаваме од разговорот со Лука Павиќевиќ, претседателот на Сојузот на средношколци, во новата епизода […]

Идејата на Coffee Mates за очила направени од талог од кафе, вечерва во „Шорткат“

мај 18, 2023

Петар Стефаноски и Никола Вучков не „стискаат прст“ во филџанот кафе за да ја предвидат иднината. Тие веќе имаат своја научно базирана визиија и се дел од тимот Coffеe Мates – изработуваат очила од талог од кафе. Повеќе за нивната работа дознајте вечерва во новата епизода на вестите за млади „Шорткат“. Информираме и за новиот […]

Шорткат: Треба ли да се забрани ТикТок во земјава?

мај 11, 2023

Немилите настани во Србија повторно го вклучија алармот за начинот на кој младите ги користат социјалните мрежи. Во Македонија беше предложена дури и забрана или ограничување на социјалната мрежа ТикТок, а конкретни одлуки засега нема. Што мислат за овој предлог младинските организации во земјава, дознајте во новата епизода на Шорткат. Во новите вести за млади […]

Денеска стартува новата сезона на емисијата за млади „Шорткат“

мај 4, 2023

По кратка пауза, денеска стартува новата сезона на емисијата за млади „Шорткат“. Времето на емитување останува исто, секој четврток со почеток од 19 часот, а емисијата ќе можете да ја гледате на сите канали на Мета.мк и рубриката Цтрл-З на социјалните мрежи, и тоа на: ТикТок, Инстаграм и Фејсбук. Како и досега, покрај на македонски […]

Последна епизода на „Шорткат“ за оваа сезона: Селекција на отпад во Скопје и Тетово

април 6, 2023

Од почетокот на годинава, граѓаните на Скопје и Тетово имаат можност да селектираат отпад во нови вендинг машини што се поставени низ маркетите во овие градови. Лименки и пластични шишиња може да се селектираат во машините на „Пакомак“, а за возврат граѓаните добиваат зелени поени кои можат да ги искористат за пазарување во маркетите. Како […]

„Шорткат“: Зошто младите лекари си заминуваат од Македонија?

март 30, 2023

Зошто младите лекари својата иднина ја гледаат надвор од границите на земјава и како да ги задржиме тука? Ова се главните прашања на кои ќе се обидеме да дадеме одговор во новата епизода на „Шорткат“. На оваа важна тема разговараме со доктор Божидар Кочоски, претседател на Асоцијацијата за специјализанти и млади лекари. Во неделните вести […]

Идејата на Марија Тодоровска за чистење на линданот во новата епизода на „Шорткат“

март 23, 2023

Во разговорот со младата научничка Марија Тодоровска за нејзината мотивација да почне да ги испитува микроорганизмите и нивната улога во природата, дознаваме повеќе за нејзината генијална идеја за чистење на опасниот линдан од ОХИС. Покрај ова како главна тема, во новата епизода на „Шорткат“ информираме за кратењето на материјалот за државна матура, како и за […]

„Шорткат“ ја носи приказната за тројца млади што ја изработија апликацијата „Најди Аптека“

март 16, 2023

Во вечерашната епизода на „Шорткат“ ја третираме приказната за тројца млади таленти што ја изработија веб-апликацијата „Најди Аптека“, која на граѓаните може да им заштеди време и пари при пребарувањето лекови во аптеките. Во 77-тото издание на вестите за млади информираме за барањето на Организацијата за дијалог и афирмација на средношколците (ОДАС) да се намали […]

Вечерва во „Шорткат“: Студент во инвалидска количка досега немаше пристап до мензата во „Стив Наумов“

март 9, 2023

Главна тема во новата епизода на „Шорткат“ е приказната на студентот Дарко Стојановски сместен во студентскиот дом „Стив Наумов“ во Скопје, кој е корисник на инвалидска количка. До пред неколку денови, тој не можеше да пристапи до мензата во домот, поради непостоењето на пристапна рампа, што укажува на извршена дискриминација. Во „Шорткат“ информираме и за […]

Во новата епизода на „Шорткат“: Приказната на украинската дизајнерка Матјушенко

март 2, 2023

Елизавета Матјушенко е една од украинските бегалци кои спасот од руските гранати го нашла во Македонија. Младата дизајнерка денес, со дел од своето семејство, живее и работи во Скопје. Повеќе за нејзината приказна дознајте во новата епизода на „Шорткат“. Во неделните вести за млади информираме и за новоотворената просторија за дружење во студентскиот дом „Пелагонија“, […]

Во новата епизода на „Шорткат“ ги разоткриваме дезинформациите околу војната во Украина

февруари 23, 2023

Најраспространетите митови и дезинформации што изминатава година ја следеа руската агресија врз Украина се главна тема во новата епизода од „Зошто (не) е така“, а од која дел ќе емитуваме во вечерашното, 74-то по ред издание на вестите за млади „Шорткат“. За митовите и дезинформациите за војната во Украина зборуваат новинарки и познавачи на темата. […]

Дивата депонија со линдан кај Пеленица во фокус на новата епизода на „Шорткат“

февруари 16, 2023

Опасноста која демне од третата дива депонија со линдан од ОХИС, лоцирана на местото Пеленица во близина на скопската населба Драчево е главната тема која ја третираме во 73-тата епизода на емисијата „Шорткат“. Ја пренесуваме сликата од оваа депонија каде се складирани огромни количини токсичен отпад без никаква заштита. Во новите вести за млади информираме […]

Вредните средношколци и идни угостители од „Лазар Танев“ во новата епизода на „Шорткат“

февруари 9, 2023

Екипата на „Шорткат“ беше во посета на скопското угостителско училиште „Лазар Танев“, каде ги затекнавме вредните средношколци како подготвуваат храна во кујните, „печејќи“ ги тестото и занаетот што го одбрале. Повеќе за нивната професија погледнете во 72-та епизода на нашите вести за млади. И неделава носиме многу нови информации – меѓу нив, за герила акцијата […]

Во „Шорткат“ известуваме за новиот простор за студентите на Машински факултет – „Фабрика за учење“

февруари 2, 2023

„Фабрика за учење“ е новото место на Машинскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, во кое студентите можат да креираат производи со користење на работна смарт машина, 2Д камера и робот. Во вечерашната епизода на „Шорткат“ ќе можете да дознаете нешто повеќе за иновативната технологија, која им овозможува на студентите од овој факултет да […]

Дигитализацијата на картотеките од Институтот за македонски јазик во фокус на новата епизода на „Шорткат“

јануари 26, 2023

Милиони листови хартија со стари македонски зборови, дијалекти и изрази сега се достапни во дигитална форма. За сложениот процес на дигитализација на картотеките на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ погледнете во новата епизода на „Шорткат“. Во новите вести за млади информираме за протестот пред Младинскиот културен центар (МКЦ) за заштита на оваа културна институција […]

Во „Шорткат“ го третираме негативното влијание на климатските промени врз ски-центрите

јануари 19, 2023

Недостигот на снежни врнежи и невообичаеното топло време до средината на јануари ги испразнија македонските скијачки центри, кои трпат финансиски штети сезонава. Во најновата емисија на „Шорткат“ како главна тема го третираме негативното влијание на климатските промени врз ски-центрите. Во денешната епизода информираме и за резултатите од испитувањето на мострите земени од храната и кујната […]

Иницијативата „Донирај компјутер“ во новата епизода на Шорткат

јануари 12, 2023

Над 2.200 компјутери се донирани низ целата држава во последните шест години преку хуманитарната иницијатива „Донирај компјутер“. Повеќе за хуманитарната работа, идејата и целта на Борче Стаменов од Кавадарци, погледнете во новата епизода на Шорткат. Во новите вести за млади јавуваме за спорниот учебник по Историја и општество во кој се забележани повеќе грешки, за […]

Страна 3 од 7