„Шорткат“: На Шар Планина се случува екоцид

Новата епизода на „Шорткат“ ќе биде објавена вечерва во 19 часот

Прогласувањето на Шар Планина за национален парк не ги запре несовесните граѓани да фрлаат отпад насекаде во природата. Повеќе за овој екоцид информираме во новата епизода на „Шорткат“.

Во вестите за млади неделава носиме информации и за студентите – во тек е конкурсот за стипендии за редовните студенти, а формиран е и новиот состав на Универзитетското студентско собрание на УКИМ.

Дознајте и за новиот повик за обуки за млади новинари и за можноста за посета на САД!

Новата епизода на „Шорткат“ ќе биде објавена вечерва во 19 часот на нашите канали на социјалните мрежи.